Ѓурѓовден, празникот кој ги обединува етникумите во Македонија

Православните христијани го слават свети великомаченик Ѓеорѓиј Победоносец, додека ромите муслимани го слават Херделези.

 |  Мишел Наумоски  | 
sv.Georgij
св.Ѓеоргиј

Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството.

crkva Sveta GjorgijaСвети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството.

„Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се собираме во овој храм кој му е посветен на свети Ѓорѓи. Од сабајле имавме архиерејска божествена литургија. По чинот на литургисувањето, имавме осветување на водата и прекршување на славскиот колач и остануваме да празнуваме преку целиот ден.“-вели отец Диме од црквата „Свети Ѓеорѓиј“.

На овој ден, православните христијани, му принесуваат дарови на свети Ѓорѓи, ги мијат очите како духовно би прогледале и лицето како би биле чисти пред Бога.

baklava А Ѓурѓовден го слави и заедницата на ромите, и од муслиманска и од православна вероисповест. Познат како Херделези, Ѓурѓовден е еден од најзначајните празници со кој припадниците на ромската заедница го слават доаѓањето на пролетта, будењето на земјата, плодноста. Инаку Херделези, ромите го слават како народен, а не како верски празник, но секако со многу интересни и бројни обичаи.

„Херделези се прославува насекаде исто. На 5ти Мај се дочекува, со тоа што се оди во природа, се берат млади цвеќиња, посебно јорговани, се прават венчиња за младите девојки. Се оди во природа, се прават пикници, но со тоа се укажува и се радува. Младите роми се радуваат на будењето на природата, на зеленилото, на цвеќињата.“-рече Емина Шемо.

jorgovanЗа Ѓурѓовден подготвуваат и богат ручек кој неизбежно содржи младо јагне, и традиционалната баклава. А од денес па се до Митровден, се јадат најразлични зелени салати, и се прават свадби за младите момци и девојки. Според етнолозите, Ѓурѓовден како празник има обединувачка моќ бидеќи е тоа повеќе народен, отколку верски празник, со многу обичаи и обреди.

„Сите тие обреди што започнуваат, имаат заштитна функција за луѓето, за добитокот и вегетацијата. Овој празник е многу поврзан со природата. На овој ден луѓето одат по планините и собираат билки наречени „потки“, кои ги ставале на праговите од куќите. На овој ден се нишаат децата, се бара јако дрво, дрен или орев и се нишаат децата, а симболиката е дека децата ќе бидат јаки како дрвото.“-вели проф.д-р Рубин Земон, етнолог.

Инаку на Ѓурѓовден, во минатото сточарите се качувале по пасиштата и оделе на бачило, земјоделците се пазареле со своите аргати како да ја работат површината. Добитокот се крмел, а луѓето пак се тркалале во првата роса за која верувале дека доаѓа од вселената за на тој начин да добијат космичка сила.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top