Охрид ќе добие панорамски автобус

Наместо за програмата за поставување на урбана опрема, советниците расправаа за панорамски автобус.

 |  Маленкова Татјана  | 
sednica sovet Ohrid
седница совет Охрид

Динамична трета седница на градскиот совет. Предложена точка по која советниците требаше да расправаат денеска ,предлог одлука за донесување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 год,  уште на почетокот повлечена од страна на предлагачот, градоначалникот Никола Бакрачески.
На местото на ова точка градоначалникот предложи нова и тоа: Предлог одлука за прием  на движна ствар  ниско двокатен автобус од отворен тип,  затоа што како што кажа во градов се пристигнати многу туристи  и се наближува официјлниот почеток на туристичката сезона. „Планираме овој автобус  да го ставиме на располагање на туристите и граѓаните со цел да имаме поадекватна туристичка понуда“, рече Бакрачески.
По оваа измена на дневниот ред советнкот од СДСМ Томислав Тунтев побара пет минути пауза, зашто како што кажа матријалите им биле дадени по електронски пат, а  денеска немало ни состаноци на комисиите каде требало да се дискутира за новата  точка за дневниот ред.

„Мислам дека сите сме сведоци дека ја изгласавме. Доколку е минути порано интервениравте ќе ги добиевте тие две минути“, рече Гордана Коњаноска, претседател на советот.

Но, сепак по подолго натегање, советниците од коалицијата „Сојуз за иднината“ ги добија петте минути кои им беа потребни за да се координираат, по што гласањето по барање на опозицијата продолжи со поединечно изјаснување.
И покрај тоа што 23 советници ја подржаа оваа точка за дневниот ред сепак ова беше само почеток на sednica sovet Ohridмаратонско натегање помеѓу позицијата и опозицијата.
Секретарот на локалната самоуправа  Димитар Спасески  образложи зошто согласно член 36 од Законот за локална соуправа  во дел од своите надлежности советот одлучува за располагање со предмети кои се во сопственот на општината.

„Со оглед на фактото дека овој двокатен автобус треба да премине од мин. за транспорт и врски, потребно е дзволата да биде донесена од страна на советот на општина Охрид“, рече Димитар Спасески, секретарот на општина Охрид.

„Единствената дилема кај опозицијата е зошто советот носи одлука за примање поклон од Влада кога одлуката на владата на Р Македонија објавена во Службен весник гласи дека владата донела одлука да даде поклон и дека предавањето на автобусот ќе биде регулирано помеѓу градоначалникот и министерството за транспорт. Никаде не е споменат советот“, вели советникот од СДСМ,Томислав Тунтев.

И советничката Верица Хајба  истакна дека предлогот на градоначалникот пред да биде ставен на седница на совет требало да помине  преку комисијата за јавни и комунални дејности.

„Овде имаме нарушување на една постапка. Оваа требаше да оди преку комисијата за јавни и комунални дејности  што ние тоа не го направивме и мислам дека треба да го направиме“, истакна советничката од НСДП,Верица Хајба.

Реагираше и советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Пановски. Тој рече не можам да го гледам ова лицемерие, затоа што  на минатиот совет од оваа говорница беше ветено дека нема потреба од никави одлуки, дека тоа градоначалникот ќе го среди и автобусот ќе го имаме за неколку дена, но до тоа не дојде.  

„Немате морален кредибилитет сега да ги поставувате прашањата за кои вие грешевте, како што ги поставувате сега. Виновни сте не само за автобусот што не е донесен, виновни сте и за урбаната опрема и за проблемот со нерешен режим на сообраќај, проблематичен. Виновно сте што ветивте и не донесовте студија која лично ја договаравте за режим на сообраќајот“, вели Дејан Пановски,советникот од ВМРО ДПМНЕ.

„Барав од вас да кажете кој го има приматот за носење на оваа одлука. Член 36 или член 50.дали е во надлежност на советот, ако вие тврдите ДА, но вие овде одговарате за законитоста“, истакна Јован Стојаноски, советник од СДСМ.

„Секретаре, автобусот неможе да биде основно средство во локалната заради тоа што не е тоа основната дејност со која се занимава локалната“, рече Дејан Блажески советник  од ЛДП.

Не само еден туку најверојатно општина Охрид ќе добие уште два  вакви панорамски автобуси, откри пред новинарите градоачалникот Бакрачески. Нашата цел е да работиме на збогатување на туристичката понуда на Охрид, категоричен е градоначалникот.

„Вчара попладне лиценциран управувач со моторно возило кое го поседува општината имаше од страна  на стручни служби едукации во поголед на користње на електорнските модалитети на ова современо возило.Според мене намаше никава потреба односно оваа седница требаше да биде свечен чин на примање на поклон на современо возило со кое ќе ја збогатиме туристичката понуда во овој град“, исткна градоначалникот Никола Бакрачески.

Сепак и покрај расправиите предлог одлуката за  прием  на движна ствар  ниско двокатен автобус од отворен тип, помина кај градските избраници. За тоа  кој ќе стопанисува со возилото и по која траса ќе се движи истото градоначалникот вети дека стручните служби ќе образложат на следната седница на совет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top