Ознака: овој

Започна едриличарската регата „Охрид 2017“

Post Views: 6 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Утрово започна едриличарската регата „Охрид 2017“ во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид. Ова е прва регата која ја организира овој клуб и на неа учествуваат петнаесет екипажи од Македонија и Србија кои ќе се натпреваруваат во три категории. За прв пат ние организираме ваква едриличарска регата за големи едрилици (минитонци, микротонци и крузери). Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален во Охрид и ќе има повеќе вакви регати, а не само една во текот на летниот период. Временските...

Continue reading

muzej struga

Спомен соба за Незлобински

Post Views: 18 Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола...

Continue reading

spomenik

Негрижа за спомениците

Post Views: 4 Пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Малку остана од она што значи спомен и почит кон паднатите борци од НОБ. Надлежните ова место го запоставиле и малку водат грижа за да се зачува вредното, велат стружани. Додаваат дека секој ќош во општината има свое значење. „Треба да се води повеќе грижа за историските споменици. Во Струга се е од голема важност и треба тоа да се негува“ Денес тука пред споменикот на револуцијата може да се забележи дека човечката рака само го доуништува она што забот на времето веќе одамна го прави. Искршени скалила, откорнати столови,...

Continue reading

sonce

Денес уживајте во најтоплиот ден во месец февруари

Post Views: 0 Овој вторник е на добар пат да биде најтопол ден од овогодинешниот месец февруари. Времето ќе биде сончево и генерално потопло во однос на понеделник. Дневниот максимум ќе достигне вредност помеѓу 17°С и 20°С во низините, но и на повисоките места во источниот крај. Максимални 22°С се очекуваат во Гевгелискот регион. Повисоките места во западниот крај очекуваат исто така висока дневна температура, со максимум околу 15°С. Во Скопје се очекува сончево време со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе има вредност околу 19°С. {loadposition content9}

Continue reading

DPMNE Struga

ВМРО-ДПМНЕ-Струга: СДСМ протестира против своите одлуки!

Post Views: 2 Заедничка цел но со различни методи. Студено НЕ од ВМРО-ДПМНЕ Струга на повикот на СДСМ за подршка на протестите против контроверзниот ДУП за струшкото крајбрежје. Од ДПМНЕ велат: „Замислете СДСМ протестираат против своите одлуки.“ Претседателот на струшката ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски со прашање за советничката од СДСМ, Наташа Пинтоска-Беќароска, зошто таа не гласала против предлог ДУП, туку била воздржана. „Гласајки воздржано таа покажува дека и е сеедно што со овој нацрт детален урбанистички план  се уништува фудбалскиот стадион,  сеедно и е што ќе го снема расадникот...

Continue reading

ramiz merko

Погубен нацрт план

Post Views: 2 Напната атмосфера во Струга. Причина, носењето на нацрт урбанистичкиот план од страна на Советот на општината, за измена на струшкото крајбрежје. Новиот координатор на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски ја отпочна својата прва задача и во име на партијата ја побара поддршката на сите стружани, во одбрана на граѓанските интереси. „Силно го осудуваме актот за уништување и разнебитување на струшкото крајбрежје, осмислен од страна на општинската администрација, поддржан од советниците на СДСМ“, рече Петкоски. „ОК на ВМРО- ДПМНЕ Струга заедно со граѓаните на Струга ќе се спротистави...

Continue reading

mosti

Литија со моштите на Св. Георги во Струга

Post Views: 0  По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден. За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата...

Continue reading

Александар Попоски

Сменет Александар Попоски, претседателот на O.O. на СДСМ – Струга

Post Views: 46 Неодамна изгласаниот Нацрт детален урбанистички план за дел од струшкото крајбрежје, Александар Попоски го чинеше партиска фотеља. Иако денес од Општинската организација на СДСМ од Струга кажаа дека гласањето на двајцата советници на СДСМ за овој нацрт план, бил нивен личен став,а не став на партијата, сепак овој огранок на СДСМ, остана без својот претседател. „Досегашниот координатор на советничката група Александар Попоски не е повеќе ниту претседател на О.О. На експресното барање на централата од Скопје и на инсистирањето на членовите од локалната партиска организација...

Continue reading

kamenolom

Ризични каменоломи

Post Views: 2 Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот. „Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе...

Continue reading

logo

Наставниците се жалат на проблеми со е-дневникот

Post Views: 1 Електронскиот дневник кочи и брише оценки, реагираат наставниците што мора да го користат овој софтвер за да ги информираат родителите за состојбата на оценките на нивните деца, пишува „инфо+“ порталот. Еден од проблемите со кои се соочуваат е и тоа некогаш системот да им ги избрише веќе внесените оценки, па да мора од почеток да ја работат работата. Наставници што сакаат да останат анонимни, велат дека впишуваат оценки и во слободно време, чекајќи системот да се активира. – Ги навиваме будилниците во три ноќе. Системот кочи, не работи, брише сè што си напишал...

Continue reading

stojalishte

Автобус во Струга се чека под отворено

Post Views: 5 И да врне и да вее и сонце да пече, стружани на одредени места автобус си чекаат на отворено. Крајно неаздоволни се од состојбата во која се наоѓаат автобуските постојки во градот и околните струшки села. „Не, порано имаше постојки да се сокриеш од дождот, сега и тие ги откорнаа, не е во ред, треба да бидат подобри. Ние граѓаните сме виновни ние ги кршиме“, револтирани се граѓаните. Доколку сакаме некаде да ја лоцираме вината, не треба далеку да бараме. Самите ние сме виновни за ваквата состојба, потврдуваат граѓаните. Не често овој вид на урбана опрема е мета на крадците...

Continue reading

izbiracki spisok

Од 16-ти февруари граѓаните ќе може да си проверат дали ги има во избирачкиот список

Post Views: 4 Во врска претстојните претседателски избори, граѓаните имаат рок од 20. дена за јавен увид во избирачкиот список, односно од 16-ти овој месец па се до 7-ми март. Кандидатите коишто сакаат да учествуваат во изборната трка за претседател на државата својата кандидатура треба да ја достават најдоцна до 13-ти март. Изборната кампања за избор на шеф на државата ќе започне на 24 март, а ќе заврши на 11 април. Независните кандидати кои сакаат да учествуваат во изборната трка ќе треба да соберат 10.000 потписи од граѓани или да имаат поддршка од 30 пратеници. Рокот за собирање...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top