Ознака: овој

fekalii

Фекалии во атарот на Центарот за едрење

Post Views: 10 Корења, гранки и фекалии ја заматија водата пред Центарот за едрење од Охрид. Проблемот со атмосферската канализација во овој дел, години наназад тапка во место и никако да се надмине, велат од центарот. Стефан Ставрев, од едриличарскиот клуб „Бофор“, во брифинг разговор кажа дека сите надлежни институции, МЈП „Проаква“, „Нискоградба“, Хидробиолошкиот институт и еколошките друштва од општинава, во неколку наврати се известени, но се тоа бадијала бидејќи досега ништо не било превземено од нивна страна. Ставрев додава дека проблемот со атмосферската канализација во овој...

Continue reading

saat kula

Градскиот саат отчукувал и ала турка и ала франка

Post Views: 5 Охридската Саат кула со својата едноставност и скромност, вгнезден во зеленилото на Бајрот,  пркоси низ врмето. Со  висина од 12 метра гордо стои  и на охриѓани и неговите посетители им го покажува точното време.  Поставен на камена кула сатот опстојува и не се предава пред времето. Саат кулата според податоците е  изградена во 1726 година. Сместена е  во источниот дел на Самоиловата тврдина, во месноста Дебој, Месокастро. Во внатрешниот дел на кулата има напис со кој е забележано  името на нејзиниот донатор. Саат кулатa ја изградил Чавуш Дере Сулејман Ага. За изградбата...

Continue reading

temeli za spomenik

Споменикот на Св.Наум ќе го оформи светиот триаголник на плоштадот

Post Views: 3 Светиот триаголник конечно ќе се оформи. Споменикот на Свети Наум кој треба да го комплетира посакуваниот изглед на плоштадот денес ги доби своите темели. Градоначалникот Петрески и градските советници засукаа ракави и учествуваа во поставувањето на темелите на овој грандиозен споменик. Вредноста на споменикот изнесува 160 000 евра-вели градоначалникот Петрески. Свети Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Свети Наум. Ова се трите споменици кои го формираат таканаречениот „свет триаголник.“ За да се комплетира оваа замисла единствено недостигаше споменикот на Свети...

Continue reading

komarec

Охрид, рај за комарци

Post Views: 8 Прскањето против комарци на големо доцни. И годинава епизодно се повторува истото сценарио. Локалната чија што надлежност е да го спроведе прскањето против комарци, сеуште преговара како и кој ќе го изведува тоа. Центарот за јавно здравје, установата која е стручна за тоа, не е ниту консултирана, ниту има било какви индиции за соработка, иако се работи за јавно добро на Охрид, а пред се на охриѓани и туристите, вели директорот на оваа установа Атанаско Михаилов. Тој додава, се создава впечаток дека Охрид нема интерес за тоа и оти градоначалникот и Локалната самоуправа...

Continue reading

sudenje brod

„Илинден“ во завршна фаза

Post Views: 2 Судскиот процес, за најголемата  пловна несреќа во Македонија, влегува во својата завршна фаза. Породолжение на доказната постапка, за пловната несреќа на бродот „Илинден“. Денес во Основниот суд во Охрид, се одржа главниот претрес за оваа несреќа, каде пред судот, на увид беа дадени писмените докази побарани од Охридската капетанија, како и надополнувањето на експертизата за пловната несреќа, извршена од страна на вештите лица на Машинскиот факултет од Скопје. На претходното рочиште, адвокатите на првообвинетиот, побараа да бидат доставени од Охридската капетанија,...

Continue reading

Охрид

(видео)Гласавме како Финци а славевме како Либијци

Post Views: 1 Вчерашните избори во Охрид поминаа во најдобар ред, мирно и без инциденти, за да утрово, околу 7 часот, жителите од стариот дел на градот, ги разбудат околу 50тина истрели од огнено оружје, велат тие.  Жителите од овој дел на градот веднаш пријавиле во СВР Охрид. Тие, видно вознемирени се јавија и во нашата редакција и ни доставија снимка од настанот, која е снимена со мобилен телефон и посочија дека истрелите доаѓале од комплексот Летница. На снимката се гледа дека екипи на СВР Охрид, излегле на местото на настанот, меѓутоа, непримерниот граѓанин, очигледно не бил...

Continue reading

za posrekno detstvo

Oхриѓани на дело со својата добрина

Post Views: 3 Собраните пари кои ќе се приберат од хуманитарната акција „За посреќно детство“, која традиционално се организира од општинската организација  на Црвен крст, овој пат ќе бидат наменети за помош на најмладите од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Во продажба веќе се пуштени учеснички  талони со броеви, со  кои хуманите луѓе преку разни спортски активности, можат да се вклучат и  да ја помогнат оваа акција, истакнува Мимоза Ставреска, активист на Црвениот крст. За да се стимулираат граѓаните со вклучување на хуманитарно-спортска акција обезбедени се и...

Continue reading

diplomi

Дипломите од ФТУ традиционално доделени на Плаошник

Post Views: 13 Традицијата продолжува и понатаму. Денес свечено беа доделени дипломите на студентите од Универзитетот Св.Климент Охридски-Битола односно нашиот Факултет за туризам и угостителство. Студенти од насоките туризам, осигурување, царина и шпедиција, хотелско-ресторантска, гастрономија, но и дисперзираната насока за безбедност и финансиска полиција денес ги добија своите долгоочекувани дипломи. Факултетот за туризам и угостителство оваа учебна година ќе го прослави и својот 40 годишен јубилеј неуморно продолжувајќи ја долгогодишната традиција. „Пред нас се години во кои...

Continue reading

spomenik

Чествување на словенските просветители, Кирил и Методиј

Post Views: 1 Македонија денес го слави денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Овој неработен ден Охриѓани го искористија за да го посетат споменикот на Кирил и Методиј, да се поклонат и да положат цвеќе пред светителите. Свечената програма започна во 11 часот пред споменикот за да продолжи на плоштадот со обраќање на градоначалникот Петрески. Тој даруваше околу шеесетина деца од основните училишта од Охрид кои изминатава година се закитиле со награди на многу државни и меѓународни натпревари. По повод овој голем национален празник беше организирана и културно-уметничка...

Continue reading

Носителот на листата на ЛДП во посета на Охрид и Плаошник

Post Views: 0 „За секој политичар и за секоја политичка партија во Р Македонија 5 јуни е ден на избори. Овој ден е значаен и за нас, но морам да потенцирам дека 5 јуни е значаен и поради тоа што е ден за заштита на човековата околина“, истакна носителот на листата во ИЕ5 на ЛДП, Андреј Жерновски на прес конференцијата која ја одржа на Плаошник. Потенцираше дека се одлучиле пресс конференцијата да ја одржат на оваа локација затоа што како што кажа  сакаме да реагираме на безмилосното сечење на боровата шума нешто за што Охриѓани и сите кои доаѓаат во Охрид се револтирани за она што...

Continue reading

Заеднички проект на Прокредит банка и Порше-Македонија

Post Views: 8 Порше-Македонија и Прокредит банка со здружени сили ќе го олеснуваат купувањето на автомобили. Тие го промовираа својот проект пред градската фонтана, каде граѓаните можеа подетално да се информираат за условите кои ги нуди овој проект. Возилата од Порше-Македонија кои беа паркирани пред чинарот дефинитивно го привлекуваа вниманието на случајните минувачи. Се работи за нови возила од добро познати брендови. Кампањата го носи мотото „Ние го движиме вашиот бизнис“. Оваа акција е насочена кон правните лица како дел од политиката на Порше-Македонија и Прокредит банка за...

Continue reading

Без излез

Post Views: 3 Стојан Лекоски неколку месеци бара излез од проблемите кои како што вели се предизвикани од соседната зграда. Нивото на патот кој поминува покрај неговиот стан е подигнато, па водата се слева и прави влага во неговиот стан кој е на приземје. Истото се случува и со  шахтите од канализацијата, од  кој како што вели Лекоски, се шири реа. Помош во решавањето на проблемот глувонемиот  Лекоски побарал од Здружението на глувонеми лица и лица со оштетен слух во кое е член  60 години.  .Секретарот на здружението за глуви и наглуви, Стефаноска појаснува дека пристапниот пат е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top