Oхриѓани на дело со својата добрина

Собраните пари кои ќе се приберат од хуманитарната акција „За посреќно детство“, која традиционално се организира од општинската организација  на Црвен крст, овој пат ќе бидат наменети за помош на најмладите од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.

 |  Валентина Нелоска  | 
za posrekno detstvo
за посреќно детство

za posrekno detstvo-akcijaСобраните пари кои ќе се приберат од хуманитарната акција „За посреќно детство“, која традиционално се организира од општинската организација  на Црвен крст, овој пат ќе бидат наменети за помош на најмладите од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Во продажба веќе се пуштени учеснички  талони со броеви, со  кои хуманите луѓе преку разни спортски активности, можат да се вклучат и  да ја помогнат оваа акција, истакнува Мимоза Ставреска, активист на Црвениот крст.

За да се стимулираат граѓаните со вклучување на хуманитарно-спортска акција обезбедени се и бројни награди. Волонтерот на Црвен крст Охрид, Анета Јованоска вели се надевам дека кај граѓаните сепак  ќе преовладее хуманиот дух за вклучување во акацијата, а не интересот за наградната игра која ќе се организира по завршувањето на акцијата.

Минатата година средствата собрани од ваквата хуманитарно-спортска акција беа донирани за опремување на  детското одделение при Општата болница Охрид. Беа набавени детски креветчиња и уметнички слики со кои болничката атмосфера стана потопла и попријатна за престој на малите пациенти.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top