Ознака: обука

Започна обука на лични асистенти за лицата со инвалидитет од Охрид

Post Views: 4 8 лица со инвалидитет од Охрид ќе добијат по еден личен асистент. Помошниците ќе им помагаат и ќе им го направат секојдневниот живот полесен. Меѓу овие лица кои ќе користат личен асистент е и охриѓанката Нада Јонеческа. „ Многу сум среќна што можам да добијам ваква услуга. Со оваа асистенција ќе ми биде многу подобро. Очекувам дека животот ќе ми е исполнет и повесел. Нема да бидам сама и тажна“, вели Јонческа. Помошниците на лицата со инвалидитет ќе треба да ги одменат членовите на нивните семејства кои се постојано покрај нив. Асистентите ќе бидат платени од државата,...

Continue reading

Обука за човекови права

Post Views: 1   Во тек е четиридневната обука на тема „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“. Претставниот на Советот на Европа, Борис Лазов рече дека на овој настан има 20 учесници, од кои 15 се судии и јавни обвинители а 5 мина се адвокати. „Целта на оваа обука за обучувачи е да произведе кадри кои што ќе можат понатаму да спроведуваат дополнителни обуки за членовите на нивните институции и организации значи за следните кои ќе слушаат обуки од адвокатската комора на Македонија и од Академијата за судии и јавни обвинители,...

Continue reading

Марина ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција

Post Views: 6 Од 2018-2020 година ќе се реализира проектот за изградба на марина во Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Д-р Љубен Арнаудов. Марината според првичните проекции ќе  чини 2 милиони евра, а целта со нејзината изградба е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро. Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување...

Continue reading

Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп

Post Views: 4 Граѓаните се едуцираат како да ги плаќаат даноците кон државата оствaрени  од кирии. Издавачите на станови,  деловни простори, дуќани, земја, опрема или превозни средства  кои  оствариле  приходи треба да пријават  данок аконтативно и со годишни даночни  пријави.  Даночното одделение на УЈП Охрид одржа едукативна обука  наменета за сите  субјекти за поголемо доброволно пријавување и плаќање на данок, информираат од УЈП. Има субјекти кои редовно плаќаат данок, но има и такви кои ја избегнуваат таа обврска но се во помал број, посочува шефот на подрачната единица на УЈП...

Continue reading

vrabotuvanje

Одлична можност за невработените жени од Струга

Post Views: 3 Денес претставници од „Синергија плус“, агенцијата за финансиска писменост учесничките ги запознаваа со начините, како подобро да се менаџира со финансиите.Односно како откако ќе ја пронајдат работата, да се менаџираат приходите кои ќе се стекнат, зошто денес не е доволно само да имаш приходи треба да се знае што да се прави со нив, вели Коста Мицкоски – генерален менаџер на. „Синергија плус“. „Сето тоа би требало да претставува еден коктел на корисна практична применлива обука која посетителките ќе можат да ја искористат лично за себе и со истото да си ја надградат,...

Continue reading

Паркингот наспроти Центарот за обука на вода повторно бесплатен

Post Views: 2 Граѓаните реагираат на условите на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“. Тие велат дека немаат проблем со тоа да платат за користењето на истиот доколку ги задоволува стандардите. Последниот обилен дожд само ја влоши состојбата на овој паркинг претворајќи го во езерце. Во периодот меѓу двете туристички сезони, просторот беше тампониран, беше фрлен чакал и обележан од страната на пешачката патека. Откако временските прилики, создадоа проблеми од јавното претпријатие...

Continue reading

Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата

Post Views: 5 Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата, распишан од страна на локалната самоуправа. Граѓаните кои се заинтересирани да конкурираат и кои ги исполнуваат условите, ќе можат да се пријават до 10 јуни. Локалната самоуправа во соработка со работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ ги спроведува обуките, а тие се прават врз основа на претходни истражувања и анализи на побарувањата на пазарот на труд. Со истражувањето биле опфатени 30 фирми од Охрид, а резултатите покажале дека најбарани профили се од електро и машинската струка, вели...

Continue reading

Ќе се уредува паркингот наспроти Центарот за обука на вода

Post Views: 9   Достапноста со возила до атрактивните плажи Кубалибре, Кадмо и Бела Виста, од годинава ќе биде со обезбеден паркиниг. Станува збор за сеуште неуредениот простор наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, покрај патеката која води до плажите. Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев за годинава има планови во врска со овој простор, бидејќи е во нивно владение. „Ние сеуште немаме започнато со стопанисување, односно со наплаќање за паркинг услуги, прво ќе следи уредување на тој дел, веднаш потоа во летниот период ќе стопанисуваме, односно ќе вршиме наплата за...

Continue reading

Центарот за обука на пилоти бара нови регрути за потребите на АРМ

Post Views: 2 Центарот за обука на пилоти бара нови регрути. Можеби нечија детска желба да се лета во височините многу лесно би можела да стане реалност. Слично како што се случило за пилотот Весна Петреска. Таа вели дека адреналинот и погледот од височина кој е уникатен и биле одсекогаш предизвик и неостварена желба. Кога се пријавила на огласот не верувала дека може да стигне до таму каде што се наоѓа сега, но вели дека со упорност и желба се се може. Петреска вели дека обуката доста бара од кандидатите, но дека нема некакви стереотипи дека женско не може да биде пилот, додава дека...

Continue reading

logo

Денес, презентација на Центарот за обука на пилоти на УИНТ

Post Views: 1 Центарот за обука на пилоти ќе имапрезентација на *Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во 12.00 часот. Центарот за обука на пилоти е наменет за селекција и обука на пилоти за потребите на АРМ, и е концепиран по примерот и стандардите навоздухопловната академија на Израелското воено воздухопловство. Селекцијата на кандидати за пилоти се состои од низа на тестирања ипроверки кои кандидатите треба да ги поминат пред да отпочнат со летачките активности. Првенствено се врши проверка на здравствената и физичката подготвеност по што...

Continue reading

logo

Обука за охридските сметководители

Post Views: 0 Охридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Поднесување на даночна пријава во согласност со Законот за ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи на 10-ти март 2016 година, во Даночното одделение во Охрид. На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат разгледани и теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот...

Continue reading

proekt

Меѓурелигискиот дијалог предизвик или визија?

Post Views: 3 Младите се зафатија за работа и седнаа на маса на меѓурелигиска комуникација. Од денес па во наредните 7 дена во Хотел „Дрим“, 30 учесници од 29 земји од Европа и надвор од неа ќе бидат на обука во Струга. Тема на обуката е да се овозможи простор за споделување и создавање на нови концепти на меѓурелигискиот дијалог адресиран на младински работници кои што работат во различни културни и религиски опкружувања. Претставникот од центарот за меѓурелигиски дијалог Линдита Реџепи од Куманово, рече дека време е да се види дали младите можат да се соберат и да разговараат на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top