Обука за човекови права

 

Во тек е четиридневната обука на тема „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“. Претставниот на Советот на Европа, Борис Лазов рече дека на овој настан има 20 учесници, од кои 15 се судии и јавни обвинители а 5 мина се адвокати.

„Целта на оваа обука за обучувачи е да произведе кадри кои што ќе можат понатаму да спроведуваат дополнителни обуки за членовите на нивните институции и организации значи за следните кои ќе слушаат обуки од адвокатската комора на Македонија и од Академијата за судии и јавни обвинители, а кои што ќе бидат едуцирани по прашања од членот 10 од Европската конвенција за човекови права, односно слободата за изразување“.

Лазов појаснува која ќе биде клучната улога на новите обучувачи за слобода на изразување и која е потребата и во нашата земја да се имплементира тоа.

„Советот на Европа како меѓународна организација која што меѓу другото има мандат и да мониторира има увидено дека во Македонија постои потреба да се подигне нивото на почитување на слободата на изразување и токму за таа намена се спроведува оваа обука за да има се помогне на домашните институции да можат да ги постигнат во својата работа овие стандарди кои што се пропишани, а Македонија како членка мора да ги почитува“.

Настанот е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Советот на Европа. Во понатамошните обуки ќе бидат вклучени судии од сите судови во Р Македонија, јавни обвинители и адвокати кои ќе имаат за цел во судовите да ги застапуваат своите клиенти при слободата на изразување.

обука, права, човекови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top