Ознака: обука

Црвен крст Охрид започнува со организирање на обука за негуватели на стари и немоќни лица

Post Views: 1 Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид започнува со организирање на обука за негувател/ка на стари и немоќни лица. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник), пет дена во неделата, во период од 15-18 ч. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува...

Continue reading

УЧЕНИЦИ ОД ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ НА ОБУКА ВО ШПАНИЈА

Post Views: 2 Во рамките на Еразмус плус- програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наставници и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, три недели престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Campanile. Беа вклучени тројца професори и деветнаесет ученици од угостителско-туристичката струка. Учениците од различни образовни профили беа работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи и келнери. Нивните работни ангажмани беа поврзани со прием, сместување, испраќање гости и други услуги на рецепција, подготвување разни видови...

Continue reading

Во тек е обука на педесетина спасители на планина

Post Views: 0 Центарот за спасување на планина организира обука за спасители . Пријавени се педесетина алпинисти и планинари од Охрид, Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца. За едукација се задолжени инструктори од Алпинистичката Федерација на Македонија. По завршување на стручните обуки тие ќе бидат дел од логистички тим за интервенции во ризични ситуации на планина. Центарот за спасување кој во моментов брои петнаесет обучени алпинисти ќе се засили со нови членови. Се очекува Центарот во новиот објект да биде во функција до крајот на месец март. Во охридскиот алпинистички клуб има 20...

Continue reading

logo

„On-line“ Инспекциски надзор за заштита на личните податоци

Post Views: 0 Од денеска до 26 септември за вработените во  Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи експертска обука на тема „Воспоставување правен основ за спроведување на он-лајн инспекциски надзор“. Целта е изменување и дополнување на легислативата за заштита на личните податоци во насока на креирање правен основ за спроведување на он-лајн инспекции.  Ваква алатка досега е применета во Финска и Франција,  со што се обезбедени услови за спорведување на 200 он-лајн инспекции во 2014 година. – Експертската мисија треба да понуди и размена на искуства и практични...

Continue reading

LOGO

Во Охрид регионална конференција за полициската обука

Post Views: 0 Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид. На конференцијата ќе учествуваат повеќе претставници од центрите за полициска обука на Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција како и преставници на САД и ЦЕПОЛ. На средбата, претставници на полициите на земјите од регионот ќе презентираат и разменат искуства...

Continue reading

ОБУКА ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКА ХРАНА

Post Views: 3 Согласно  активностите на Г1 програмата за локален економски развој на Општина Охрид за 2018- та година, синоќа во големата сала на Општина Охрид се реализираа советувања и обука за процесот на сертификација на производство на органска храна. Обуките ги одржа  Горан Колев, овластен контролор на целокупниот опсег на сертрификација на органска храна од Про Церт. Пред присутните Колев ги презентираше потенцијалните можности и придобивки од сертификација на органското производство, а ги запозна и со мерките за поддршка на производителите на органска храна што се предвидени...

Continue reading

Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ за обука во Костал

Post Views: 4 Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ Св. Наум Охридски за реализирана обука во групацијата Костал. Со поддршка на Локалната Самоуправа и Швајцарската агенција за развој се овозможи обука „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обучените професори знаењето и искуството ќе го пренесат понатаму на нивните ученици. Со тоа ќе се заштеди време и средства, а учениците покрај добиеното теоретско знаење ќе се надградуваат и со практична обука, ќе се подготвуват за реалниот свет, кажа градоначалникот Кирил Пецаков, заблагодарувајќи се на сите учесници во реализација...

Continue reading

krivolak

„Македонски блесок – 10“

Post Views: 2 Од 5-12 април годинава на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ ќе се изведува теренската вежба „Македонски блесок – 10“. За вежбата денеска во Министерството за одбрана ќе информираат командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, директорот на вежбата, портпаролот на ГШ на АРМ, и дел од клучниот персонал од ГШ на АРМ и ЗОК, вклучен во процесот на планирање и подготовка. На „Македонски блесок – 10“ ќе се изврши завршното оценување на средната пешадиска баталјонска група и лесната маневарска...

Continue reading

Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство

Post Views: 1 Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство. Претставниците на македонските граѓански здруженија деновиве има можност да ја следат оваа обука во организација на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Станува збор за еден поголем регионален проект, мултинационална коалиција за борба против трговија со луѓе и родово базирано насилство, кој се спроведува со неколку партнерски граѓански организации од неколку соседни земји, појаснува Катерина Конеска проектниот координатор. Додава дека посебен акцент бил ставен на заштита на жените и децата, како најранливи жртви. „Ова...

Continue reading

milenice

Идните ветеринари ќе се обучуваат за идентификација на домашните миленичиња

Post Views: 1 На Факултетот за ветеринарна медицина денеска ќе се одржи обука за идентификација и регистрација на домашни миленичиња (микрочипирање). Обуката е наменета за студентите, а ќе се реализира во три часа, со теоретски и практичен дел, од проф. д-р Пламен Стројачанец. Ја организира Студентскиот парламент на Факултетот за ветеринарна медицина по иницијатива на Студентскиот парламент на УКИМ. Следните две недели сите студентски парламенти на сите факултети на УКИМ ќе спроведуваат обуки поврзани со практичниот дел од својата настава. Предавачи ќе бидат професори, но и практичари,...

Continue reading

Бесплатна обука за развој на претприемништвото

Post Views: 0 Во рамките на проектот за Подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, планирано е да се спроведе обука за развој на претприемништвото со цел постигнување на економски развој, самовработување и отварање на нови бизниси. За таа цел, ќе се одржи десетдневна обука која ќе се одржи во период од 15.07.2017 до 30.07.2017 во Охрид. Обуката е наменета за сите невработени лица, како и млади претприемачи и старт ап компании од Југозападниот регион. Учесниците треба да бидат...

Continue reading

Svetska Banka

24 милиони долари за поддршка на вештини и иновации

Post Views: 0 Македонија доби 24 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Проектот е одобрен вчера од Бордот директори на Светска банка. Како што информираат од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, целта на проектот е да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија. Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top