Ознака: облека

Karl lagerfiled

Не комплицирајте

Post Views: 9 Колку пати сте слушнале „помалку е повеќе“? Ова, секако, се однесува на стилот во облекувањето. Што повеќе натрупувате на себе толку изгледате полошо и конфузно. Карл Лагерфелд има совет: Не комплицирајте. Светски познатиот дизајнер Карл Лагерфелд им препорача на дамите кои што сакаат да изгледаат убаво секогаш да избираат облека која е соодветна на формата на нивното тело. Дизајнерот на Шанел верува дека најголемата модна грешка која што ја прават луѓето е купување на облека која не им одговара на телесната градба. -Купете го само она што му одговара на вашето тело...

Continue reading

gradinka

Хуманитарна акција со најмладите охриѓанчиња

Post Views: 0 На 26.02.2014 (среда) во 9 и 30 часот во детската градинка – објект ,,Централна‘‘ заедно со Здружение за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани ГРАДИМЕ ИДНИНА ќе се спроведе Хуманитарната акција во прибирање на користена непотребна и порасната облека, играчки, обувки, бебешка опрема и др. Облеката, пред се ќе се користи за потребите на децата сместени во детските домови, домот за доенчиња и мали деца во Битола, интернатите во кои се згрижени деца со социјален ризик и згрижувачки семејства низ Репиблика Македонија, како и за социјално...

Continue reading

forum na zeni SDSM

Охридскиот форум на жени од СДСМ донираше топла облека и обувки во Црвениот крст

Post Views: 1 Жените од општинската организација на СДСМ даруваа топла облека и обувки во Црвениот крст од Охрид. Својата хуманост тие ја покажаа преку нивната веќе традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце“ која покрај во нашиот град, во исто време се случуваше и во повеќе градови во републиката. „Се прибира топла облека, се прибираат обувки и истите се донираат во Црвениот крст кој понатаму ги дистрибуира онаму каде што е најпотребно. Целта на оваа хуманитарна акција е ако не можеме многу да го смениме животот на нашите сограѓани, барем малку да внесеме топлина во нивните...

Continue reading

cipka

Чипка, вечен сојузник на жената

Post Views: 5 Порано била обележје за социјалниот статус, денес секоја жена може да ја има на себе и да изгледа отмено, но и секојдневно, во некоја лежерна комбинација. Чипката е трендовска ткаенина веќе неколку сезони, од блузи, здолништа и кошули, па дури и хеланки. Дизајнерите додаваат чипка на блузите и џемперите за да ги направат ултра женствени.Чипката дава малку женственост и шик на било кое парче облека. Овој тренд е одличен за вас ако го негувате поженствениот стил на облекување. Но со соодветна комбинација чипката може да се носи и во поопуштена варијанта за секој ден.Чипката...

Continue reading

podvezica

„Подвезица“ за мир во куќа

Post Views: 1 Ако досега подвезицата ви беше асоцијација за секси долна облека или моментот кога младоженецот и ја вади на невестата со заби, отсега таа има друго значење – верност. Со изумот на еден британски пар, подвезицата ќе праќа сигнал секогаш кога жената ќе се одлучи да биде неверна. Оваа “револуционерна” подвезица е изум на Едвард и Лусинда Хејл, а функционира преку чипот кој секогаш кога жената сексуално ќе се возбуди, испраќа СМС порака до партнерот, пишува DailyMail. Чипот го забележува забрзувањето на пулсот и промената во влажноста на кожата. Ако си...

Continue reading

droga

Брендирана облека и по некој грам кокаин

Post Views: 1 Многу познати фаци повеќе ќе нема од каде да купуваат јакни, свечени тоалети, екстравагантна и фенси гардероба. Полицијата ја уапси најпозната скопска продавачка на брендирана гардероба Персида Момировска. Повеќе од 15 години 39 годишната Персида, позната како Пепи на црно увезуваше и продаваше облека со знакот на познати дизајнери – Армани, Гучи, Долче и Габана, Луи Витон. А клиентела и беше кремот од политиката, естрадата, глумци, бизнисмени. Но, Момировска не е уапсена за шверц и препродажба на гардероба. Таа почнала да работи и како дилер на дрога. Персида...

Continue reading

жена

Жените се попривлечни во зима

Post Views: 6 Најновото истражување фрла ново светло на привлечноста меѓу половите. Откриено е дека на мажите, жените им се попривлечни и повозбудливи во текот на зимата. За време на истражувањето мажите оценувале фотографии од жени, а тоа го правеле во различни годишни времиња. Највисоки оценки им дале на жените во текот на есента и зимата. Научниците сега веруваат дека годишните времиња имаат влијание на машкиот избор на партнерки, како и на степенот на изневерување кој што очигледно е повисок во ладните денови. Не постои лесно објаснување зошто е тоа така, но се смета дека е...

Continue reading

moda

Патувачката дизајнерска продавница пристигна и во Охрид

Post Views: 0   Висока мода во Охрид. Охриѓанки, а и гостите ќе можат да си купат уникатно парче облека со потпис од познати македонски дизајнери по не така астрономски цени, вели еден од организаторите и моден креатор, Драган Христов. Ова е втора ваква распродажба летово организирана од Лудус и Капка. Првата била минатиот викенд во Битола, а во Скопје претходно биле организирани две. Зa сите имало огромна заинтересираност кажува Христов. Тој додава дека иако нашата модна сцена е сосема на почеток и овие парчиња кои се продаваат се малку поавангардни македонките добро знаат да ги...

Continue reading

ala turka

Изложбата на облека „Ала Турка“ не врати во минатото

Post Views: 1 Македонија е земја во која се вкрстувале безброј цивилизации, безброј религии и народи. Нема поголем доказ за тоа од секојдневниот говор, полн со примеси од некое друго време, од модата која пред многу години охриѓани ја терале, а која на Охрид му дала еден ориентален шмек.  Вчеравечер имавме можност да се запознаеме баш со ова одамна минато време, преку изложбата на градска облека „Ала Турка“ во реставрираниот Воска Амам. Воедно Воска амамот за прв пат ги отвори своите врати за посетителите откако беше извршена неговата реставрација. Црвената лента ја пресекоа министерката...

Continue reading

volonter

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Post Views: 4 Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата...

Continue reading

манекен

Ревија на облека и модни додатоци од најлон кеси

Post Views: 8 Шаренило од здолништа, корсети, шешири, вратоврски и торбички изработени од најлонски кеси беа прикажани на несекојдневна модна ревија во ОУ„Братство Единство“. Учениците од неколку шести и седми одделенија, по повод Денот на жената 8-ми март, пред своите другари и наставници покажаа што умеат да изработат со нивните вешти раце. Малите модни креатори беа и манекени и водители, возбудени и задоволни од модното случување во нивното училиште. Учениците својата креативност ја изразиле на часовите по изборниот предмет “Вештини за живеење“ од областа облека и мода. Идејата...

Continue reading

humanitarna pomos ums vmro-dpmne

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ги слушна апелите на Црвениот крст

Post Views: 1 Временските услови и натаму ризик број еден за социјалните семејства од Охрид, Струга и околните населени места. Во неколку наврати општинската организација на Црвениот крст од Охрид апелираше до јавноста со цел да им се помогне на овие семејства. Во последниот апел се бараше топла облека и ќебиња. Овој апел допре до Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа свој придонес во хуманитарната акција. Од општинската организација на Црвениот крст од Охрид задоволни од помошта.„Одзивот е навистина задоволителен посебно во делот на набавување на половен текстил и она што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top