„Подвезица“ за мир во куќа

Ако досега подвезицата ви беше асоцијација за секси долна облека или моментот кога младоженецот и ја вади на невестата со заби, отсега таа има друго значење – верност.

 |  Маја Савиќ  | 
podvezica
подвезица

podvezicaАко досега подвезицата ви беше асоцијација за секси долна облека или моментот кога младоженецот и ја вади на невестата со заби, отсега таа има друго значење – верност. Со изумот на еден британски пар, подвезицата ќе праќа сигнал секогаш кога жената ќе се одлучи да биде неверна.

Оваа “револуционерна” подвезица е изум на Едвард и Лусинда Хејл, а функционира преку чипот кој секогаш кога жената сексуално ќе се возбуди, испраќа СМС порака до партнерот, пишува DailyMail. Чипот го забележува забрзувањето на пулсот и промената во влажноста на кожата. Ако си помисливте дека лесно ќе ја симнете, сте се зезнале. Жената ќе мора да чека повратна порака за да се “отклучи” подвезицата.

Подвезиците, кои можат да се најдат во две варијанти – од чипка и од свила, се продаваат на веб страната на Едвард – GorgeousGarters.com., по цена од 60 и 75 фунти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top