Ознака: обид

liderska

Нов обид за излез од кризата?

Post Views: 7 Меѓународните посредници за Договорот во Пржино в петок во Виена ќе се сретнат со четворицата партиски лидери, пренесува „Телма“. Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи добија покана од тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Ховит заедно со еврокомесарот Јоханес Хан да се состанат на 22 април за да разговараат на кој начин да ја решат кризата и како да се осигура имплементацијата на Договорот од Пржино и реформските пориоритети, се вели во соопштението од Брисел. “Еврокомесарот Хан сака  брзо да се сретне со лидерите .Тие мора да покажат волја да ја вратат...

Continue reading

avetomobil

Деветнаесет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Post Views: 2 На 3 октомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, инаку случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција...

Continue reading

Спречен обид за нелегално внесување 10 илјади евра на граничниот премин „Св. Наум“

Post Views: 1 Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид, спречен е обид за нелегално внесување на девизни средства во Република Македонија. На влез во државата, во 11:30 часот, се пријавил грчки државјанин со иницијали С.К. (60) како возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички. Поради сомнение од страна на царинскиот службеник била извршена контрола на возилото и личен преглед на патниците, при што биле пронајдени и запленети непријавени парични средства во износ од 9.388 евра – информираат од Царинската управа на Република...

Continue reading

владика

Апелација го одложи случајот за Вранишкоски

Post Views: 7 Апелација ја одложи јавната седница за случајот „Расколник“, во кој првообвинет е расчинетиот владика Вранишковски. Неговата одбрана тоа го коментира како неодговорност на судот.Ново рочиште е закажано за 18 јули, за случајот во кој Вранишковски е обвинет за проневера на 250.000 евра црковни пари и обид за нивно перење преку купување на имот и земјиште во Скопје и во Штип на име на ПОА и нејзините припадници. {loadposition content9}

Continue reading

Обид за убиство на јавен обвинител од OЈО Гостивар

Post Views: 0 Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Нападнат бил со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот, информираат од ОЈО.

Continue reading

Обид да се вратат во живот занаетите кои се во изумирање

Post Views: 1 Во Охрид подолго време нема занаетчија бочвар. Бочки за чување вино се набавуваат по нарачка во други градови. Од ковачкиот и  опинчарскито занает , пак по еден мајстор секој во својот занает  жилаво се бори за опстанок на дејнсота . Ова се само неколку примери од многуте занаети кој се во изумирање, а се прават напори да  опстанат. За таа цел во центрите за вработување тече оглас со кој се бараат занаетчии кои ќе ги пренесат тајните на занаетите на заинтересираните невработени лица. Сашо Богојески , претседател на регионалата занаетчиска комора, напоменува дека го поздравуваат...

Continue reading

Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион

Post Views: 5 Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион. Денес преставници од Министереството за животна средина и просторно планирање пред охриѓани и останатите присутни на јавната расправа ги презентираа предностите од изградба на една ваква регионална депонија и бенефитите ко ќе се добијат од истата. Целта на јавната расправа беше да се објасни дека оваа регионална депонија која е неопходно час поскоро да се изгради нема да ја загрози или загади животната средина. Со овој проект ќе бидат опфатени сите нестандардни депонии и ѓубришта кои се наоѓаат во регионот...

Continue reading

mediumi ; informacii; shpekulacii

За фактите и вистината

Post Views: 0 Во прилогот за настаните во Струга беа изнесени фактите и изјавите на релевантни лица дадени по повод актуелните настани во Струга и струшко. До ТВМ стигнаа уште голем број информации, шпекулации, ставови и најразлични мислења. Во дел од нив како причина е  наведена општата политичка состојба во земјава, поточно дека ова е обид, во моментов вниманието на јавноста да се дефокусира од тешката економски криза и лошата социјална состојба. Други пак сметаат дека револтот доаѓа после успехот на македонската ракометна реперзентација и наводните навредливи скандирања од страна...

Continue reading

Од втор обид изгласана предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти

Post Views: 1 Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, точка која предизвика најмногу дискусии на  педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид. Откога на минатата седница оваа точка не беше изгласана, денес по втор пат беше ставена на дневен ред со објаснување дека е од исклучително значење за граѓаните на Охрид кои имаат времени објекти. Опозицијата со низа забелешки потенцираше дека со донесувањето на оваа одлука Локалната за едни граѓани ќе биде мајка, а за други маќеа бидејќи во 2013та година на...

Continue reading

Уапсен Французин во Бугарија кој бил поврзан со браќата Kouachi

Post Views: 1 Французинот кој на 1 јануари бил приведен од бугарската полиција при обид да ја премине границата, за пат кон Сирија, е осомничен дека бил во врска со Cherif Kouachi, еден од извршителите на атентатот на неделникот Charlie Hebdo, објавило бугарското обвинителство, а пренесува AFP. Во францускиот налог за апсење против Fritz-Joly Joachin се споменува обвинение за учество во криманлна вооружена група со цел организирање терористички дела, рекла Дарина Славова, главен обвинител на градот Хасково. Пред патувањето во Турција на 30 декември, тој повеќе пати бил во контакт...

Continue reading

југ

Обид на дел од охридските советниците за спас на најстариот веслачки клуб Југ

Post Views: 7 За ВК Југ денеска беше одложено уште едно судско извршување за иселување од просториите и заплена на опремата по загубениот судски спор со МПЦ.  Додека веслачите ги очекуваа извршителите , во градскиот совет двајца советници, независниот Павел Попоски и Јоне Станкоски од Вмро НП, предложија одлука за исплата на финансискиот долг на ВК Југ за да се спречи негово згаснување  како најстар градски клуб. Но нивниот предлог Локалната да ги  подмири обврските од 450.000 денари не беше ставен на дневен ред за да се разгледува. Сосевтникто Станкоски кажуав дека за овој проблем...

Continue reading

Убиство и обид за убиство во Кичево

Post Views: 1 Четириесет и двегодишниот А.С. од кичевското село Другово, со нож го убил неговиот брат Арун С. (46), а потоа се обидел да ја убие и неговата сопруга. Осомничениот е приведен и како што информираат до СВР Охрид против него поднесена е кривична пријава за убиство на братот и за обид за убиство на снаата. „Тој вчера околу 16 часот на градскиот плоштад во Кичево го забележал неговиот повозрасен брат и неговата сопруга и им пришол од зад грб извадил нож  и на својот брат му задал повеќе убоди во пределот на вратот и лицето, додека неговата сопруга тешко ја повредил во пределот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top