Ознака: обид

tabla

Уште еден обид да се реши проблемот во „Нико Нестор“

Post Views: 4 Централната и локалната власт денес по кој знае кој пат  ќе се обидат уште еднаш да најдат заердничко решение со цел да се надминат тензиите во средношколскиот центар во Струга. Попладнево, како што беше најавено  синоќа, државниот врв заедно со локалната самоуправа ќе се состане со директорите на училиштата, претставници на родителите како и професорите. Додека надлежните бараат решение да се надминат тензиите, во „Нико Нестор“ и денес училниците се празни,  нема настава.  Речиси иста е состојбата и во гимназијата „Ибрахим Темо“ која индиректно е инволвирана со проблемот...

Continue reading

poribuvanje

Се пориби езерото со пастрмка

Post Views: 5   25000 единки, подмладок од охридска пастрмка денес беа фрлени во водите на езерото.  Ова порибување согласно договорот помеѓу Хидробиолошкиот завод и концесионерот „Пастрмка 2012“. Можноста малите пастрмчиња да преживеат во езерото е дури 95%, вели Д-р Сузана Патчева, директорката на Хидробиолошки завод. Ова е уште еден обид да се зголеми рибниот фонд во езерото кој поради неконтролираното ловење се доведе до минимум. Концесионерот на езерото, Ристе Танасоски објаснува дека сега се она што се лови е во согласност и корелација со овој научен институт. Но, потенцира...

Continue reading

Lupco Neckovski

Ново јавно наддавање за охридските плажи

Post Views: 24 Дел од концесионерите кои во изминатиот период стопанисуваа со плажите на источното крајбрежје на Охридското Езеро, по негодувањето со министерството за транспорт и врски, одлучија да учествуваат во повтореното јавно наддавање кое треба да се оддржи на 18 овој месец. Тоа е последица на одредените отстапки што биле договорени на разговорите со надлежните во ресорното Министерство за транспорт и  врски. „Па да конкурирав плажите и условите не се идеални. Ако на почетокот седневме сите заедно ќе постигневме многу повеќе и плажите веќе ќе беа доделени и уредени, но што...

Continue reading

pres

ВМРО-ДПМНЕ : „Да се избришат одлуките за поскапување на комуналиите“

Post Views: 1 Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања упатени кон градоначалникот Петрески за она што според нив е: обид за манипулација за продажба на МЈП Проаква. „Петрески вчера призна една од многуте свои грешки“-велат од ВМРО-ДПМНЕ. Воедно најавија дека нивната политичка партија и натаму ќе се залага за бришење на одлуките за поскапување на комуналните услуги. Тема на денешната прес конференција беше стопирањето на давањето под концесија на МЈП Проаква, но и поскапувањето на комуналните услуги. Од ДПМНЕ велат: Овој пораз на Петрески е само уште еден во низата на...

Continue reading

ezero

Никако да научиме

Post Views: 1 Проблем пред кој не смееме да замижиме. Вознемирувачки фотографии од  дното на езерото кои зборуваат за нови, големи количества цврст отпад на неколку локации на дното на езерото. Милутин Секулоски од Н.Ц „Амфора“ открива дека последните нивни нуркања зборуваат за нови мини депонии на езерското дно и тоа на локации чије загадување би можело да ја загрози егистенцијата на ендемските видови. „Би спомнал дека на местото каде се мрести Охридската пастрмка, најчистиод дел, веќе кон крајот на август се фрлени десет вреќи со градежен материјал и секојдневно гледаме дека на...

Continue reading

охрид

Законот за Охрид, конечно во собраниска процедура

Post Views: 2 Иако најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури, нити една од нив досега не го направила овој чекор. Конечно ќе се донесе нормативната рамка со која ќе се направи обид да се заштити старото охридско градско јадро. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за ТВМ изјави дека веќе изработениот закон влегува во собраниска процедура. По влегувањето во Собраниска процедура се очекува да бидат одржани јавни расправи на кои своите ставови и мислења ќе можат да ги искажат и заинтересираните субјекти, експерти, здруженија на граѓани...

Continue reading

Gorica

Трета среќа за луксузен хотел во Горица

Post Views: 11 За изградба на хотел од висока категорија на овој туристички локалитет, Министерството за транспорт и врски со секој несупешен обид за продажба ги менуваше и условите нагласува Петрески. Продажбата првично стартуваше со услови за купувачот да има ланец од 200 хотели и на охридското крајбрежје да изгради хотел од висока категорија, а земјиштето се нудеше по  50 евра од метар квадратен. По неуспешниот обид повторно се намалија критериумите. Купувачот овој пат требаше  да има ланец на хотели со светски бренд, а за земјиштето можеше да се  наддава по цена од 100 евра. Сега,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top