Ознака: новите

fakulteti

Добредојде и со среќа на новите студенти-почна академската година

Post Views: 0 Започна новата академска година. Двете високообразовни институции во градов, Универзитетот за информатички науки и технологии-„Свети Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство „Свети Климент Охридски“ им посакаа добредојде на новите студенти. Со емотивен и мотивирачки говор, пред бруцошите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. „Вистинска чест е можноста да ве поздравам на првиот академски час за академската 2012/2013 година. Искрено ме радува тоа што толку многу млади луѓе одлучиле да се едуцираат...

Continue reading

pozarna

Противпожарната единица засега останува на старата локација

Post Views: 14 Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира. Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. Како една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и  касарната.  Од...

Continue reading

fontance

Тропските горештини и во Охрид

Post Views: 1 И во Охрид деновиве како под сач. Охриѓани како знаат и умеат се справуваат со горештините. Некои се придржуваат до советите на лекарите, некои пак не му се плашат на сонцето.  Од Одделението на Итната медицинска помош велат дека туристичката сезона е во тек, па така и нивната работа добива на интензитет. Д-р Ацо Стојаноски Раководителот на одделението за Итна медицинска помош и домашно лекување  вели дека нормално е со појавата на вакви горештини да се зголеми и бројот на повиците. „Бројот на повиците секој ден е различен. Но од десет до дваесет повици имаме на ден...

Continue reading

baner

„Макпетрол“ им помага на граѓните

Post Views: 0 Кога девојката му се пожалила на своето момче дека одамна не ја одвел на некое скапо место, тој и рекол дека ќе ја одведе, на бензинска пумпа. Ова е само една од големиот број шеги кои од мака си ги кажуваа возачите поради зачестените зголемувања на цените на бензините. Затоа, „Макпетрол“од неодамна започна со кампања со која сака да им помогне на своите потрошувачи. Тие денеска на возачите им делеа совети како да постигнат енергетска ефикасност и да го амортизираат трошокот за гориво од нивниот домашен буџет. Некои од граѓаните, помалку се придржуваат кон овие наизглед...

Continue reading

sostanok smetkovoditeli

Нема продолжување на рокот за поднесување на годишните сметки

Post Views: 4 Сметководителите пред свршен чин поради измените во поднесувањето на годишните сметки. Рокот е одамна познат. 29-ти Февруари е датумот до кој годишните сметки мора да бидат поднесени во Централниот регистар, но и даночните биланси во Управата за јавни приходи. Ако сметководителите не го испочитуваат овој рок, може да се соочат со ригорозни санкции. Нови билансни шеми и обрасци при поднесувањето на годишната сметка. Поради последните измени, сметководителите ќе се соочат со зголемен обем на работа. Освен податоците од тековната година, во новите обрасци ќе се бараат податоци...

Continue reading

lekovi

Поефтинуваат околу 900 лекови

Post Views: 10 Од денес поефтини лекови. Станува збор за листа од околу 900 лекови кои пациентите од денес официјално ќе можат да ги набавуваат по пониски цени. Охриѓани добро информирани за оваа тематика, сепак со резерва ја прифаќаат веста за новите цени. „Слушнав преку медиумите за ова намалување, јас поретко користам, повеќе сопругата ги користи, но сега дали навистина ќе се намалат или не ќе видиме, тоа сеуште не е конечно.“ „Разбрав за ова намалување, меѓутоа еве сега само што купив лек и беше сеуште по старата цена.“-велат дел од Охриѓани. Славе Крстаноски, раководителот на...

Continue reading

tezgi

Нема аир од унифицираните новогодишни тезги

Post Views: 0 Предновогодишната еуфорија како да го заобиколува Охрид. На само една недела до големиот ден, малку работи асоцираат на празнична атмосфера. Дури и бројот на новогодишни тезги е преполовен. Закупувачите на тезги не сакаа да излезат пред камера, но зад камерата велат дека секоја година се се помалку задоволни од условите под кои ги закупуваат тезгите. За оваа Нова година конечно беа обезбедени и долго најавуваните типизирани новогодишни тезги. Тезгаџиите се жалат на се помал промет од новогодишните тезги. Нема аир ниту од новите, типизирани. Велат: Не можеме да собереме...

Continue reading

bankari

Клириншките куќи од Европа, на конференција во Охрид

Post Views: 0 Исклучително значајна конференција на клириншките куќи  од Централна и Источна Европа во Македонија. Теми за кои најмногу ќе се дискутира на конференцијата се влијанието на новите технологии кои водат кон подобрување на постојните и воведување на новите производи во платните системи, од локално па се до глобално ниво, значењето на платните системи и нивната ефикасноста за монетарната политика и финансиската стабилност на земјата и друго. Во врска со влијанието на новите технологии во банкарството и нивната употреба, првиот човек на НБРМ Димитар Богов истакна дека нашите...

Continue reading

urbana oprema

Нема викенд за инспекторите

Post Views: 2 Градежната инспекција на помош. Таа добива ингеренции во справување со проблемот со прекршителите на законот за поставување урбана опрема. Општинскиот инспекторат најавува ригорозни мерки и високи казни во делот на несоодветно поставување на урбана опрема на угостителските објекти. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека годинава делуваат на сосема поинаков начин согласно новите измени на законот за градба донесени од бившата постава на Владата. Танасоски со новите надлежности и формирање на прекршочната комисија од страна на Локалната самоуправа,...

Continue reading

soblekuvalni

Нови соблекувални за спортската сала на Гимназијата

Post Views: 1 Модерна сала и модерни соблекувални по европски терк ќе добие охридската гимназија. Проектот за реновирање и изградба на соблекувалните долго време се очекуваше. Досега учениците од гимназијата „Свети Климент Охридски“ за потребите на часот по физичко образование ја користеа малата дотраена соблекувална која сега веќе е разурната. Со изградбата на новите соблекувални, тие ќе добијат европски услови за физичко образование. „Конкретно значи од вчера се започна со тие активности значи во делот на спортската сала во Гимназијата. Комплетно значи ќе бидат направени нови соблекувални...

Continue reading

konferencija

Mеѓународна конференција за борба против трговија со дрога

Post Views: 4 Охрид домаќин на Меѓународна конференција посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога – намалување на снабдувањето со дрога“. Конференцијата е во организација на Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. „Ваквите конференции се од исклучителна важност не само заради темата која се обработува, туку несомнено претставува еден од најсложените проблеми и еден од најкомлексните облици на криминал, туку и заради можноста експертите на соодветно ниво да се започнаат меѓу себе и да...

Continue reading

proekt za rekonstrukcija

Охридската болница прераснува во регионален центар

Post Views: 3 Акредитацијата е веќе добиена, па во периодот кој следи оваа установа ќе може да се пофали дека е само на чекор до тоа да стане клиника, вели портпаролот Д-р. Сашо Василески. Од раководството на болницата додаваат  дека, паралелено со нејзината реконструкцијата и опремувањето со најсовремена апаратура, интензивно се работи и решавање на кадровските проблеми и пречки. „Јас морам да констатирам дека минатиот период не е водена никаква аналитика во однос на старосната граница на нашите лекари. Охрид во моментов има највисока старосна граница на лекари. Многу од нив заминуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top