Нови соблекувални за спортската сала на Гимназијата

Спортската сала на гимназијата „Св.Климент Охридски“ ќе добие нови соблекувални. Ова е проектот кој започна со својата реализација во понеделникот, а треба да биде завршен до почетокот на новата учебна година. Реновирањето и изградбата на овие соблекувални долго се очекуваше, а за финансирањето на овој проект се погрижи локалната самоуправа.

 |  Мишел Наумоски  | 
soblekuvalni
соблекувални

Модерна сала и модерни соблекувални по европски терк ќе добие охридската гимназија. Проектот за реновирање и изградба на соблекувалните долго време се очекуваше. Досега учениците од гимназијата „Свети Климент Охридски“ за потребите на часот по физичко образование ја користеа малата дотраена соблекувална која сега веќе е разурната. Со изградбата на новите соблекувални, тие ќе добијат европски услови за физичко образование.

„Конкретно значи од вчера се започна со тие активности значи во делот на спортската сала во Гимназијата. Комплетно значи ќе бидат направени нови соблекувални по бројност на класовите на децата, по големина, помодерни секако, кабинет за активот по спорт и да кажам помодерни, досега ги немавме, сега не само што ќе ги имаме туку и помодерни туш кабини и ВЦ-а. Нормално тоа е во интерес на учениците. Потребно ни беше тоа да се направи во спортската сала во гимназија.“-рече Директорот на гимназијата-Наум Рилкоски

Имено овој проект се реализира со финансиски средства обезбедени од локалната самоуправа. „Изградбата на новите соблекувални е направена во договор со градоначалникот Петрески и советникот за образование Митре Велјаноски, а претходно поминато на совет.“-вели Директорот Рилкоски.

„Тоа е најпрво во интерес на колегите од активот по спор, на учениците, меѓутоа и во интерес на оние екипи или рекреативци кои ја изнајмуваат салата па и за нив условите да бидат подобрени. Значи се отпочна уште понеделникот со тој проект и најкасно до 1ви Септември сето тоа ќе биде завршено. Е сега дали ќе е една недела, две недели порано или подоцна, важно се отпочна и дека со почетокот на наредната учебна година мислам дека сето тоа ќе биде завршено.“-додава директорот Рилкоски.

Рилкоски ја искажа и својата благодарност за градоначалникот и советниците кои го одобриле овој исклучително важен проект за образовниот процес во охридската гимназија. Новите соблекувални ќе бидат изградени на местото на сега веќе разрушените стари соблекувални, но ќе бидат далеку поголеми со уште додатни тринаесетина метри.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top