Нема аир од унифицираните новогодишни тезги

Се помалку места каде да се купи честитка, лампион или некој украс. Новогодишните тезги во се помал број. Тезгаџиите се жалат на слабиот промет и лошите услови за работа. За оваа Нова година беа промовирани и новите, типизирани тезги, меѓутоа се чини и тоа не е доволно.

 |  Мишел Наумоски  | 
tezgi
tezgi

tezgiПредновогодишната еуфорија како да го заобиколува Охрид. На само една недела до големиот ден, малку работи асоцираат на празнична атмосфера. Дури и бројот на новогодишни тезги е преполовен. Закупувачите на тезги не сакаа да излезат пред камера, но зад камерата велат дека секоја година се се помалку задоволни од условите под кои ги закупуваат тезгите. За оваа Нова година конечно беа обезбедени и долго најавуваните типизирани новогодишни тезги.

Тезгаџиите се жалат на се помал промет од новогодишните тезги. Нема аир ниту од новите, типизирани. Велат: Не можеме да собереме пари да ги покриеме трошоците, а камоли да имаме добивка.

tezgiНишто не се случи ниту со планираните куќарки кои покрај естетскиот изглед, требаше да ги заштитат и продавачите од ветрот и студот. Тезгаџиите велат: Работиме во тешки услови, тезгиве се пластични и најмал ветер може да ги преврти, а за студот да не зборуваме. Моравме да го побараме и овој син најлон за да ги покриеме, инаку ќе измрзневме. Нивното незадоволство е уште поголемо и поради висината на надоместокот кој го плаќаат. Велат даваме по 5000 денари за 15 дена, а никој не ни ги покрива трошоците за електрична енергија, тоа сами мора да си го обезбедиме. И додека целта која требаше да ја постигнат типизираните тезги беше унифициран и современ изглед, сега, на само една недела пред Новата година, прашање е колку е таа постигната. Тезгите можат да се избројат на прсти, а богами освен сината боја и пластиката од која се направени, типизацијата тешко да се забележи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top