Ознака: нејзината

Cortan

Зошто бараа од водителката Чортан да каже WarWho Youngman?

Post Views: 7 Многумина на Фејсбук изразија желба убавата водителка Чортан, едноставно позната како New Now, да каже во нејзината емисија дека е уапсен долгобараниот генерал. Српската водителка Андриана Чортан преку ноќ стана ѕвезда на просториве од поранешна Југославија кога во емисија буквално го преведе српскиот град Нови Сад како New Now. После тој (не)намерен лапсус, со најновиве вести деновиве дека е уапсен Ратко Младиќ, многумина на Фејсбук изразија желба убавата водителка да каже во нејзината емисија дека е уапсен WarWho Youngman!{loadposition content9}

Continue reading

zena so zmija

Талентираните мисици од Свитвотер

Post Views: 7 На традиционалниот фестивал на змии-звечарки во Свитвотер (Sweetwater) новата мисица ја презема тијарата (дијадемата) дури откако ќе покаже дека знае да ја пресече главата и да ја одере кожата на змија-звечарка.И оваа година, мисицата Лени Валас мораше да ја одработи традиционалната задача. Нејзе, за разлика од поголем број читатели на текстов, тоа и претставуваше голема возбуда. -Утре ќе ја отсечам главата и ќе ја одерам кожата на змијата. Многу сум возбудена заради тоа, изјави Валас пред „денот Д“. И нејзината прва придружничка ќе има работа во овој невообичаен ритуал....

Continue reading

Стареете ?!

Post Views: 5 Сите старееме, но некои од нас стареат грациозно и со стил. Еве неколку совети како да стареете со помалку брчки. Спијте на грбАмериканската академија за дерматологија предупредува дека спиењето во одреденa положбa секоја ноќ по подолг период води кон создавање на длабоки брчки кои ќе престанат да исчезнуваат како обично по будењето. Спиењето на страна гo зголемува појавувањето на брчки на образите и брадата, додека спиењето со главата нурната во перница придонесува за појава на брчки на кожата над веѓите. Затоа, за да го намалите создавањето на брчки на лицето спијте...

Continue reading

Најчудни жалби на туристи

Post Views: 3 Британската туристичка агенција Opodo објавила некои од најбизарните жалби на своите клиенти. Нивниот кол центар прма окол 500 повици во денот, а некои од нив навистина се чудни. -Еден клиент се пожалил на песокот во Мексико тврдејќи дека во него има премногу камчиња од кои едно го оштетил нејзиниот лак на ноктите -Патник во авион побарал нејзината мачка да добие прва класа, а не место во багажникот, бидејќи не можела да поднесе да биде раздвоена од љубимчето. -Еден човек сакал да знае дали му е потребен пасош за неговиот љубимец питон. Тој рекол дека сака змијата да...

Continue reading

zeleznicka

Се распаѓаат жардињерите на Железничка

Post Views: 2 Попуштаат жардињерите на „Железничка“. Кај некои од нив дури се гледа и металната конструкција. Ова е уште еден во низата проблеми кои ја следат оваа сообраќајница од нејзиното проширување па до денес. Главниот изведувач, „Алпина“ од Австрија, пред година дена ги направи жардињерите вдолж улица „Железничка“, но очигледно не издржаа долго, за кратко време истите се распаѓаат. Жителите  се обиделе уште минатата година кога истите се поставувале, тоа да му го укажат на главниот изведувач, но попусто.  Тие додаваат дека денес излегува на виделина лошо изведената работа...

Continue reading

senada

Апел до Тодоров

Post Views: 10 Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај. „Нашата намера...

Continue reading

simona

Мона продолжува со лекување

Post Views: 1 Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на  училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња  и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема  љубов за своето...

Continue reading

fontana

Градската фонтана позелене

Post Views: 9 Фонтаната кај Чинарот наместо да го краси го нагрдува Плоштадот, велат граѓаните. Тие додаваат дека уште со нејзината изградба во 2003-тата е направена голема грешка. Фонтаната со нејзиниот многуаголен облик  на граѓаните и туристите им наликува на НЛО објект. Но, не е само изгледот она што им пречи на минувачите. Тие реагираат и на нејзината чистота. Некои од нив велат дека фонтаната е вистински жабарник.Други додаваат дека за нејзината чистота треба да се грижат и граѓаните ,а не само надлежните. Од ЈП „Комуналец“ велат дека состојбата со фонтаната е ваква кава што...

Continue reading

Gemma Bertagnolli

Бертањоли и Де Жан вечер на „Охридско лето“

Post Views: 0 Празник за љубителите на соло пеењeто. Вечерва на програмата на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт на светски познатиот сопран Џема Бертањоли. Придружувана од еден од најинтересните камерни музичари на денешницата, пијанистот Франческо Де Жан, во просторот на Св. Софија, Бертањоли ќе се обиде да ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. За прв пат во Охрид, таа импресионирана од она што го  видела досега во целиот град. „Овој фестивал е полн со познати имиња и реномирани настани и многу сум среќна што сум дел од тоа“ вели Бертањоли. Џема Бертањоли...

Continue reading

glina

Глината обликувана како уметничко дело

Post Views: 2 200 експонати од керамика од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји се поставени пред очите на охридската јавност. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори. Tоме Tрајкоски, посетител на изложбата вели дека е воодушевен од тоа што го гледа и им препорача на граѓаните да дојдат да ја видат поставката. Ова е една од побогатите изложби која годинава се организира во центарот, а која се должи на контактите на организаторот Славко Упевче со Центарот Ладица од Хрватска и Г-динот Ханибал Салваро член на Меѓународната...

Continue reading

Jasmina Borizova

Хуманоста на тест

Post Views: 8 Лековите и здравствената подршка се луксуз за 35 годишната Јасмина Борисова од Охрид. Таа пред три години преживеала мозочен удар а година по тоа и шлог. Борисова е самохрана мајка на две малолетни деца. Живее од социјална помош и во нејзиниот дом месечно влегуваат едвај 6 000 денари. Борисова вели дека тешко закрепнала од ударот и сеуште ги трпи последиците од него. Борисова наеднаш изгубила 20 килограми од својата тежина и сега има помалку од 40 килограми. Вели дека сите лекарства кои одат на негативна листа ги прекинала, бидејќи за истите нема средства да си ги купи....

Continue reading

Mona

Живот во мрак

Post Views: 3 Симона Јовеска од Охрид, сеуште ја нема видено светлината на денот. Четири годишната Мона е весело и мошне интелегентно девојче, која сеуште не прогледала, раскажува низ солзи нејзината мајка Гордана Сиљаноска. „Малата Мона е предвремено родена на 8 месеци…… неколку дена беше во инкубатор а потоа од породилното одделение е испишана со општа добра состојба. Уште на тримесечна возраст приметив дека нешто не е в ред со нејзиниот вид“, вели нејзината мајка. Од тогаш, до денес, стручните лица при медицинските институции во земјава немаат поставено дијагноза за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top