Апел до Тодоров

Малата Сенада Махмудоска од Охрид има многу ретка болест на очите. Нејзината состојба од ден на ден се влошува и од неодамна таа почна да го губи видот. Мајката на Сенада го повикува министерот за здравство, Тодоров да ја сослуша нивната мака.

 |  Николоска Биљана  | 
senada
сенада

senadaЌе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај.

„Нашата намера е да упатам апел министерството, до Тодоров, да се најде за мојата малолетна ќерка Сенада лек. Одиме во сиите институции ми велат дека нема лек за вашата ќерка“– апелира Махмудоска.

senadaДо каде што сме биле досега се е на наш товар, вели мајката на Сенада. Шест години одиме по доктори но лек досега не најдовме. Не бараме средства, само сакаме да ни кажат, да не упатат каде и  како да се справиме со оваа мака која се надвисна над целото семејство, додава резигнирано Махмудоска.

„Докторите велат дека оваа болест е многу јака, ретка и оваа болест може да ја има само некоја баба од 70 години. А кај неа многу на 10 години многу се рашири“.

Сенада оди во училиште и сака да учи. Има голема поддршка од нејзината наставничка и соученици. Досега на Сенада направени и се прегледи во Европската очна болница, Државна болница во Скопје и во Турција. Последно специјалистите од детска неврологија проф д-р Дума и Голубовиќ на мајката и кажале дека состојбата со Сенада е многу трагична и многу жална и дека лек во Македонија за неа нема, само надвор од земјата, во Русија. Но не и дале конкретна информација или име на клиника каде треба да побараат спас и лек за малата Сенада.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top