Ознака: недела

НЕДЕЛА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ОХРИД

Post Views: 7 Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат реализирани повеќе активности. Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во текот на неделата на животната средина ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени...

Continue reading

Во недела масовно да излеземе да гласаме за борјот 3 и 7 и да обезбедиме сигурна и стабилна иднина , порачаа социјалдемократите од Охрид

Post Views: 7 Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на државата поддржан од СДСМ и Коалицијата и претседателот на СДСМ Зоран Заев од Охрид ги повикаа граѓаните масовно да излезат во недела, на 5 мај, да го искористат правото на глас и да дадат поддршка за кандидатите за градоначалник и за претседател на државата за да продолжи напредокот. Пендаровски истакна дека дополнително ќе се интензивира процесот на интеграција во НАТО и ЕУ, бидејќи како што кажа, доказ за тоа е силната поддршка на нашите пријатели во светот, предводени од САД. Во недела да ја искористиме шансата да си...

Continue reading

andrea stramacioni

Проклетството на Интер

Post Views: 9 Тренерот на Интер, Андреа Страмачони ја продолжи традицијата вината за секој нов пораз да ја бара на друго место, а не кај самиот себе. Веднаш по непријатниот пораз од Каљари, предводникот на “нероазурите” изјави дека неговите фудбалери се проколнати. „Уште една нова повреда. Го загубивме и Валтер Гаргано. Тимот не делуваше доволно балансирано по повредата на Гаргано. Се повреди и Нагатомо. Двајцата нема да бидат во комбинација за реванш натпреварот од 1/2 финалната рунда во Купот на Италија. Секој добар фудбалер ќе има проблеми ако покрај себе ги нема Касано и Милито....

Continue reading

Клубот на млади при Црвен крст Охрид во недела ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“

Post Views: 0 Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен  крст Охрид на 03.10.2021 г., недела, во периодот од 12 – 14:30 ч. на платото пред Центарот за култура „Григор  Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“, на кој  преку  најразлични  едукативни  работилници  и  перформанси  ќе  се  поттикнува  хуманоста  и  креативноста  кај  младите.   Посетителите на овој јавен настан ќе имаат можност да учествуваат на работилница за танц, да бидат дел од  изработката  на  графит-мурал ...

Continue reading

Последната недела во март, почнува летно сметање на времето

Post Views: 6 Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од месец март.

Continue reading

сат

Од недела летно сметање на времето

Post Views: 4 Во недела, 30-ти март, ќе започне летното сметање на времето. Стрелките во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот, а граѓаните ќе спијат еден час помалку. Летното сметање на времето е конвенција преку која што се поместуваат часовниците така што ќе има повеќе дневна светлина,а за сметка на тоа утрата ќе бидат пократки. Овој систем е предложен во 1905-та година од страна на Вилијам Вилет, а прв пат беше широко применет во 1916-та година, како военовременска мерка насочена за заштеда на јагленот. Денес во Европа е прифатена...

Continue reading

Европската недела на спортот и во Охрид

Post Views: 1 Под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“ во Охрид ќе се одбележи Европската недела на спортот. Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, организира рекреативен ден. „Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на спортот...

Continue reading

kamensko

Богослужби за Тодорова сабота и Недела на православието

Post Views: 10 Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“. Ќе започне во 16:00 часот, а ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, утре со почеток во 08:30 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота). Ќе чиноначалствува...

Continue reading

novak djokovic

Џоковиќ за два месеци побогат за 3 милиони

Post Views: 8 Новак Ѓоковиќ месечно печали фантастични 1,5 милиони долари, само од настапите на тениските турнири. Србинот ја претрка Викторија Азаренка и сега е на врвот, со вкупна заработка од 2,99 милиони долари, во 2013 година. Белорусинката е зад него со 2,91 милиони, а најмногу пари на двајцата, им донесе триумфот на Австралија опен. На првиот гран слем сезонава, и Ѓоковиќ и Азаренка ги одбранија титулите, со што инкасираа по 2,43 милиони американски долари. Викторија до минатата недела беше на врвот, вклучувајќи ги и тенисерите, но Новак ја мина, со триумфот во саботата, на...

Continue reading

Во првата недела од 2016 најбогатите луѓе во светот изгубија 194 милијарди долари

Post Views: 2 400 најбогати луѓе во светот во првата недела од 2016 година изгубија околу 194 милијарди долари откако вредноста на акциите на берзата паднаа поради најавата за падот на економијата на Кина и падот на цената на нафтата, пишува Bloomberg. Во првата недела од оваа година најмногу изгуби основачот на Amazon, Jeff Bezos, дури 5,9 милијарди долари, бидејќи вредноста на акцијата на Amazon падна за повеќе од 10%. Bill Gates, најбогатиот човек на светот изгуби 4,5 милијарди долари, додека Шпанецот и сопственик на Zara, Amancio Ortega, вториот најбогат човек на светот, 3,4 милијарди...

Continue reading

logo

„Ѕвезденото небо на Тоше“ по седми пат

Post Views: 1 За да не се заборави последната средба и најубавата насмевка. За да не престане да живее во музиката, во песните и во очите кои едвај го чекаа. Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, в недела по седми пат ќе се одржи во Скопје. Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред седум години. Годинава настанот ќе се одржи на плоштадот „Κаρпошово Востание” (пρед Музејот на холоκаустот) од 19:30 до 22:00 часот. Музичкиот хепенинг е по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано...

Continue reading

ucenici

Се намалува бројот на заболени од жолтица

Post Views: 0 Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Најголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години. Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top