Клубот на млади при Црвен крст Охрид во недела ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“

Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен  крст Охрид на 03.10.2021 г., недела, во периодот од 12 – 14:30 ч. на платото пред Центарот за култура „Григор  Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“, на кој  преку  најразлични  едукативни  работилници  и  перформанси  ќе  се  поттикнува  хуманоста  и  креативноста  кај  младите.

 |  Голабовски Крсте  | 

Посетителите на овој јавен настан ќе имаат можност да учествуваат на работилница за танц, да бидат дел од  изработката  на  графит-мурал  на  зид  кај  Центарот  за  култура,  да  учествуваат  на  тим  билдинг  и  photo  booth  сесијата,  да  пристапат  до  најголемото  хуманитарно  семејство  на  Црвениот  крст  и  да  уживаат  во  многу  други  интересни содржини подготвени од младите на Црвен крст Охрид.

Реализацијата на овој настан е помогната од страна на канадската организација Canadians For Children At  Health Risk со која Црвен крст Охрид има долгогодишна успешна соработка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top