Богослужби за Тодорова сабота и Недела на православието

Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“.

kamensko

Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“.

bogosluzbaЌе започне во 16:00 часот, а ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, утре со почеток во 08:30 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота). Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Во недела, на 20-ти март, во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 08:45 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top