Ознака: недела

vlado

Едноставно решение за дупката

Post Views: 6 Интензивно се работи на санација на дупката пред „Макси Д“. Како што веќе информиравме поради голем пропуст, аномалија  во изведба на атмосферска канализација при изведба на проектот за заштита на Охридското Езеро, дојде до попуштање на тлото на дел од раскрсницата кај „Макси Д“. Што всушност затекнале стручните екипи на НИСКОГРАДБА-ОХРИД, на лице место, кажува првиот човек на ЈП, Владо Цветкоски. „На овој потег всушност беше прекината атмосферската канализациона мрежа таа небеше тука доизведена значи во самата изведба не е направена собирна шахта и линијата е оставена...

Continue reading

suma

Пламна шумата над Кошишта

Post Views: 9   Се случи тоа од што се плашеа и на што предупредуваа кошиштани. Во саботата навечер околу 11 часот вивна ниската вегетација од десната страна на улицата Кирил и Методиј која води од Горна Порта до пумпната станица. Среќа во несреќa e што мештаните брзо забележале дека гори сувата трева па пожарот не зафатил големи размери. Димитрије Блажески, жител на оваа улица раскажува што се случувало во саботата. Тој вели дека 20тина луѓе кој по пижами кој по влечки истрчале да го гаснат пожарот. „Гасневме со кофи вода, со црева кој соо што најде“, вели Димитрије. „За среќа брзо...

Continue reading

oko

Бесплатно мерење на очниот притисок

Post Views: 2 Во рамки на своите активности во здравствено-превентивната дејност, а поради големиот интерес на граѓаните Црвен крст Охрид во соработка со Очната Клиника “Систина Офталмологија”, повторно организираат бесплатно мерење на очниот притисок, кое ќе се реализира на Градскиот плоштад “Климент Охридски” во Охрид, на 18.03.2012 г., недела, од 11-13 ч. Од страна на медицинските екипи на Систина Офталмологија, на сите заинтересирани граѓани, со помош на ласерска техника, безболно ќе им биде мерен очниот притисок, ќе им бидат давани потребни совети и информации за...

Continue reading

tezgi

Нема аир од унифицираните новогодишни тезги

Post Views: 0 Предновогодишната еуфорија како да го заобиколува Охрид. На само една недела до големиот ден, малку работи асоцираат на празнична атмосфера. Дури и бројот на новогодишни тезги е преполовен. Закупувачите на тезги не сакаа да излезат пред камера, но зад камерата велат дека секоја година се се помалку задоволни од условите под кои ги закупуваат тезгите. За оваа Нова година конечно беа обезбедени и долго најавуваните типизирани новогодишни тезги. Тезгаџиите се жалат на се помал промет од новогодишните тезги. Нема аир ниту од новите, типизирани. Велат: Не можеме да собереме...

Continue reading

vakcina

Наскоро вакцинација против грип

Post Views: 8 Од наредната недела, почнува вакцинацијата против сезонскиот грип. И годинава центарот за Јавно здравје обезбеди вакцина за заштита против грип, информира Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска и апелира до популацијата од регионов, посебно оние со загрозен имунитет навреме да се заштитат. „Се препорачува на сите болни кои се со хронични заболувања, дијабетичарите, срцевите болни и оние со хронични белодоробни заболувања, сите оние кои имаат ослабен имунитет, се препорачува да ја примат оваа вакцина“ вели Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска . Вакцините се...

Continue reading

kanal

Повторно истекуваат фекалии кај Каналот

Post Views: 9 Минатата недела веќе беше актуелизиран овој проблем, по што надлежните екипи успеаа да го откријат и спречат изворот на фекално загадување. Како причина за истекувањето беше наведено дивото приклучување на дождовната канализација од неколку куќи на улица Асном. За овој проблем со апел се јави и градоначалникот Петрески кој им порача на граѓаните совесно да се однесуваат кон животната средина и наместо надиво да се приклучуваат во дождовната канализација, тоа да го направат легално на фекалната. И покрај тоа што беше спречено излевањето на фекалии, по се станува збор...

Continue reading

horski festival

По четврти пат најдобрите хорови од Европа во Охрид

Post Views: 0 Од 25 до 29 август, по четврти пат ќе се одржи охридскиот хорски фестивал. Концептот на фестивалот останува иста како и минатите години. Отворањето на 25 започнува со кратки настапи на хористите по шеталиштето. „Концертите за духовна музика се одржуваат во црквата св. Софија со почеток во 10.00 наутро, натпреварите се петок поручек, сабота преку целиот ден и недела наутро. Недела навечер во хотелот Инекс Горица е фолклорната и поп вечер односно хоровите ќе исполнуваат аранжмани на фолклорни и поп композиции“, вели организаторот на фестивалот Александар Димоски. Годинава...

Continue reading

maraton

Охридскиот пливачки маратон за прв пат во недела

Post Views: 2 14ти Август, Недела, ова е датумот за кој е закажана најголемата спортска манифестација во земјава, Охридскиот пливачки маратон. Се чини реномето на оваа манифестација како да не значи ништо кога доаѓа време за негово организирање, бидејќи речиси секоја година организацијата се соочува со проблеми околу финансирањето на маратонот. Оваа година во организацијата се вклучува и Агенцијата за млади и спорт во обид да се организира достојно издание на Охридскиот маратон. И овој пат, главен виновник за несогласувањата помеѓу техничкиот организатор, клубот „Охридски бранови“,...

Continue reading

Crven krst i Florijan sorabotka

Заеднички проекти на Црвен крст и Флоријан

Post Views: 1 Волонтери од операција ФЛОРИЈАН  од Англија на гости во ОО на Црвениот крст. Оваа повеќедневна посета беше во рамките на одбележувањето на светскиот црвен крст, поточно неделата на црвениот крст и црвената полумесечина. Во низата активности кои ОО на црвениот крст ги организираше во насока на промовирање на волонтерството и промоција на активностите на црвениот крст, се спроведоа и обуки за пружање на прва помош на повеќе целни групи. „Во гости ни се три меѓународни инструктори по прва помош кои во текот на оваа недела обучуваат повеќе целни групи. Пред неколку денови...

Continue reading

Започна музичкиот празник за дечињата

Post Views: 4 Од денеска, до недела, по 12ти пат се реализира детското фестивалче „Распеано рибарче“. „Со моето долгогодишно искуство ја открив тајната на успехот на фетивалчето – спектаклот го прави публиката“, вели директорот на фестивалот Коле Петкуќески. „Започнавме далечната 1998 год. Тогаш пред 12 години не можев ни да сонувам дека фестивалчето ќе трае толку време и дека ќе стане препознатлив знак за Охрид“, вели директорот на фестивалот Коле Петкуќески. „ Во секој случај рибарчето има некоја звезда  што јас  не можам да ја одгонетнам, салите се преполни за овие 12 организирани...

Continue reading

knigi

Каде да најдеш книга ако не на саем?

Post Views: 0 Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23-тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“. За среќа поминува времето кога се чекаа вакви настани за да се купи омилената книга. Се повеќе луѓе одат по книжари, купуваат книги, се посетуваат библиотеки. Сепак брзото живеење и борбата за заработка оставаат се помалку време за...

Continue reading

humanitaren koncert

Сите заедно да му помогнеме на Илија

Post Views: 0 15 годишниот Илија Јосифовски боледува од леукемија и итно му се потребни средства за лекување во странство. Сите хумани луѓе можат да му помогнат на Илија, присуствувајќи на големиот хуманитарен концерт, кој ќе се одржи во недела, 10ти април, во Центарот за култура “Григор Прличев”. На концертот ќе учествуваат голем број музички групи и пеачи, меѓу кои: групата Некст тајм, Мартин Србиновски, Дарко Илиевски, Денис Мурат, Ѓоко Танески, групата Камелеон, Жармена и многу други. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top