Започна музичкиот празник за дечињата

Од денеска, до недела, по 12ти пат се реализира детското фестивалче „Распеано рибарче“.

 |  Татјана Маленкова  | 

Од денеска, до недела, по 12ти пат се реализира детското фестивалче „Распеано рибарче“. „Со моето долгогодишно искуство ја открив тајната на успехот на фетивалчето – спектаклот го прави публиката“, вели директорот на фестивалот Коле Петкуќески.

„Започнавме далечната 1998 год. Тогаш пред 12 години не можев ни да сонувам дека фестивалчето ќе трае толку време и дека ќе стане препознатлив знак за Охрид“, вели директорот на фестивалот Коле Петкуќески.

„ Во секој случај рибарчето има некоја звезда  што јас  не можам да ја одгонетнам, салите се преполни за овие 12 организирани детски музички фестивали. Имаме напревано преку 200 песни кои ги гледале и слушнале преку 20 илјади дечиња.  Се е на страната на рибарчето за што работи еден вреден тим кој вложува се од себе и тоа е тајната на квалитетот и убавината на овој фестивал“. Со моето долгогодишно искуство 50 % од спектаклот го прави публиката.
Денеска сум најсреќен бидејќи единствено ние можеме да ги споиме децата од Мешеишта, Белчишта, Лакочереј, Пештани, Лескоец, но и од ОУ од Градов, на едно место.“, истакна директорот на фестивалот Коле Петкуќески.

Денешната претстава беше за децата од околината на Охрид, а утре, организаторот очекува голема посетеност од Основните училишта од Охрид. Саботната вечерна претстава е намената за повозрасната публика.
Медиумски покровител традиционално е телевизија ТВМ, во чија продукција и годинава ќе излезе најновото DVD фестивалско издание.
Покрај DVD, фестивалот веќе ги пушти во продажба и CD од фестивалските изданија кои се во продукција на „Сенатор“.  20те песнички од Распеаното Рибарче се снимени во студиото на Димче Китрозоски и Јовица Карајлиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top