По четврти пат најдобрите хорови од Европа во Охрид

Од 25 до 29 август, по четврти пат ќе се одржи охридскиот хорски фестивал. Концептот на фестивалот останува иста како и минатите години. Отворањето на 25 започнува со кратки настапи на хористите по шеталиштето.

 |  Татјана Маленкова  | 
horski festival
horski festival

Aleksandar DimoskiОд 25 до 29 август, по четврти пат ќе се одржи охридскиот хорски фестивал. Концептот на фестивалот останува иста како и минатите години. Отворањето на 25 започнува со кратки настапи на хористите по шеталиштето.

„Концертите за духовна музика се одржуваат во црквата св. Софија со почеток во 10.00 наутро, натпреварите се петок поручек, сабота преку целиот ден и недела наутро. Недела навечер во хотелот Инекс Горица е фолклорната и поп вечер односно хоровите ќе исполнуваат аранжмани на фолклорни и поп композиции“, вели организаторот на фестивалот Александар Димоски.

Годинава на фестивалот учествуваат хорови од 16 европски земји. „Според снимките кои ги имаат испратено може со сигурност да кажеме дека станува збор за многу добри хорови кои ветуваат одлични концерти“, вели Димоски.

„ За жал немавме фонд за вредни награди но на ниво на диплома ангажиравме експертско жири од пет члена од најпознатите дирегинти од овој дел од Европа тие ќе ги отценуваат хоровите кои ќе настапуваат на натпреварот. Треба да изберат меѓу шест и осум најдобри кои ќе настапат во финалето, а потоа ќе се избере најдобриот хор на фестивалот кој ќе добие диплома и гран при на фестивалот“, вели Димоски.

Големото финале или затварањето на фестивалот е предвидено за во понеделникво 10.00 во Динаманската сала на хотелот Инекс Горица, кога ќе настапат најдобрите хорови избрани од жири комисијата. Охридскиот хорски фестивал не е единствен од овој вид во змемјава, слични фестивали има и во Тетово и Кавадарци, но нашиот со сигурност може да се каже дека е фестивал со најинтернационален карактер.

Хорскиот фестивал во најголем дел се финасира сам од учесниците, а останиот дел од трошоците организаторот го покрива со спонзорства.

Медиумски покровител на Охридскиот хорски фестивал е Телевизија ТВМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top