Бесплатно мерење на очниот притисок

Од страна на медицинските екипи на Систина Офталмологија, на сите заинтересирани граѓани, со помош на ласерска техника, безболно ќе им биде мерен очниот притисок.

 |   | 
oko
oko

Во рамки на своите активности во здравствено-превентивната дејност, а поради големиот интерес на граѓаните Црвен крст Охрид во соработка со Очната Клиника “Систина Офталмологија”, повторно организираат бесплатно мерење на очниот притисок, кое ќе се реализира на Градскиот плоштад “Климент Охридски” во Охрид, на 18.03.2012 г., недела, од 11-13 ч.

Од страна на медицинските екипи на Систина Офталмологија, на сите заинтересирани граѓани, со помош на ласерска техника, безболно ќе им биде мерен очниот притисок, ќе им бидат давани потребни совети и информации за справување со проблемите со видот.
   
Со овие активности Црвен крст се приклучува на одбележувањето на Светската недела на глауком која под мотото од “Недозволувајте глаукомот да ви го затемни животот” се одбележува од 10-17 март.

Висината на очниот притисок е еден од најважните параметри за здравјето на очите, причина за појава на глауком и директна причина за намалување на видот или појава на слепило.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top