Ознака: нашата

Четкар прв ќе честита 8-ми март !

Post Views: 3 Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василевски Четкар ги надитри колегите но и многумина господа во нашата земја. Тој ќе ја има привилегијата на понежниот пол прв да им го честита Денот на жената 8ми март. И тоа со романтичен концерт во нивна чест, а во неговиот роден град. Тој, три дена пред сите, на 5 март, во кафулето  Аквариус ќе се престави со ексклузивен концерт за одбрана друштво. На истиот ќе преовладува сензибилна музичка програма составена од сопствена авторска музика, неизбежните соул и џез, како и фанк и латино класици во еден од најромантичните...

Continue reading

akademija

Исполнета сала, волшебни музички ноти, рецитали-синоќа се одржа свечената академија по повод „Св. Климент Охридски“

Post Views: 4 Со свечените звуци на „Денес над Македонија“, нашата химна, хорот при охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ синоќа го означи почетокот на свечената академија по повод празникот на светителот „Климент Охридски“, патронот на нашиот град. Културни дејци, политичари од локалната политичка сцена, пратеници во Собранието на Македонија, уметници, спортски работници, градоначалници на градовите-пријатели на Охрид, граѓани, синоќа ја проследија академијата по повод „Свети Климент Охридски“.  Градоначалникот Бакрачески во својот поздравен говор рече дека безвременото дело...

Continue reading

grdinka

Децата од мали нозе учат за здрава исхрана

Post Views: 9 За да бидам вредна, весела и здрава секој ден јадам здрава храна. Преку игра, песна до здрава храна во градинката „Јасна Ристеска“.  Денес во објектот „Лихнида“, нутриционистот Весна Пирузева Петреска, одржа презентација за важноста на здрвата храна, со цел да се подигне свеста кај децата. Децата наброија неколку видови овошје за кои сметаат дека спаѓаат во здрава храна. Горазд рече дека јаде мед и ореви, Сара сака да јаде морковчиња, а Елена секое утро пие чај со мед. Децата се учат уште од мали нозе на здрав начин на исхрана, вели нутриционистот Весна Пирузева Петроска....

Continue reading

NASA лансира “ловец” на СО2

Post Views: 3 Американската вселенска агенција, NASA, го лансирала својот прв сателит кој има задача да ја мери концентрацијата на јаглерод диоксид (СО2) во атмосферата, гас кој се смета за главен виновник за создавањето на ефектот на стаклена градина и доведува до глобално затоплување. Орбиталната опсерваторија, чие полно име е Orbiting Carbon Observatory-2 (OCO2), полетала во 02.56 часот по пацифичко време од воздухопловната база Вандерберг во Калифорнија со ракетата Delta2. По 56 минути лет, сателитот се одвоил од ракетата и го продолжил летот самостојно. Како што пренесуваат агенциите,...

Continue reading

crven krst paketi

Доделени дел од хуманитарните пакети собрани за време неделата на гладта

Post Views: 10 150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела. „Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“,...

Continue reading

klimetica

Во Македонија приватниот и професионалниот живот тешко се усогласува

Post Views: 1 Современиот начин на живот, брзото темпо и се подолгото работно време, влијаат врз општествениот, семејниот и љубовниот живот. Во трката за профит или егзистенција луѓето се помалку време имаат за семејството и социјализирање. Таа појава не ја заобиколува и нашата земја.  Слободан Антовски претседателот на УНАСМ  вели дека македонците тешко жонглираат со работните обврски, семејниот живот, и други интереси во слободно време доколку воопшто го имаат. „Ние како синдикат мора да се обидуваме и да бараме начини како тоа да биде во краен случај ова што се води како пропаганда...

Continue reading

poplava

Локалната ќе ја реконструира поплавената „Илија Смически“ во Лескоец

Post Views: 5 Локалната самоуправа ќе го решава горливиот проблем на жителите на улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Оваа улица веќе дваесет години целосно се поплавува при пообилни врнежи. За жал токму такви беа временските прилики изминативе неколку денови. Дел од жителите на оваа улица се обратија до нашата телевизија како би алармирале за проблемот. Ситуацијата беше токму онака како што ја опишаа а ја регистрира нашата камера. Одговор за проблемот кој го имаат жителите на „Илија Смически“, побаравме во локалната самоуправа. Од таму ни рекоа дека веќе неколку дена работат на решавање...

Continue reading

deca

Охрид започна со чествувањето на големиот национален празник, 11ти Октомври

Post Views: 2 Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија. Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет. Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот....

Continue reading

konzuli

Почесни конзули на Македонија во посета на Охрид

Post Views: 2 Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба и работен ручек со 45 почесни конзули во Р. Македонија од целиот свет. Домаќинот, ја појасни целта на оваа несекојдневна средба. Тој истакна дека ја користат оваа ретка можност на директен и непосреден начин, на конзулите да им ги претстават нивните заложби за Локален економски развој на општина Охрид, како и развојните стратегии во туризмот и се она што општината го прави да го подигне стандардот на населението. „Оваа средба ќе ја искористиме да го промовираме градот Охрид како културно и природно наследство на УНЕСКО,...

Continue reading

skutnik

Изложба од скутини и парови чорапи дел од нашата традиција

Post Views: 20 Петнаесетина примероци на скутини и чорапи се изложени пред љубителите на народната уметност. Станува збор за делови од облека без кои не може да се замисли нити една народна носија, појаснува етнологот м-р Марија Каневче, автор на изложбената поставка во организација на Завод и Музеј. Избрани се најрепрезентативни примероци од повеќе делови на Западна Македонија, кажува Каневче. Додава дека тие се дел од нашата традиција и дело на македонската вешта жена која рачно ги работела овие предмети за облекување. „ Скутините биле ткаени, најчесто со две дипли, хоризонтално...

Continue reading

Се менува магнетното поле на Земјата

Post Views: 12 Првите слики со висока резолуција кои ги направиле ESA сателитите Swarm, откриваат дека во магнетното поле кое ја штити нашата планета, неодамна се случила голема промена. Лансирани во ноември 2013 година Swarm сателитите нудат сосем нов увид во сложеното функционирање на Земјиното магнетно поле кое не чува од “бомбардирање” од космичката радијација. Мерењата во последните шест месеци потврдуваат општ тренд на слабеење на магнетното поле, а најголемото опаѓање на неговата снага е приметено над западната хемисфера. Меѓутоа во други делови, како јужниот Индиски океан,...

Continue reading

spor varos

Демант на веста „Драма на сред чаршија во Охрид“

Post Views: 4 Во демантот стои „а) Објектот од Мишеви, за којшто станува збор, е изграден по однос на рушење на два стари дуќани коишто 1961 година им беа продадени од наша страна. б) Во купо-продажниот договор експлицитно е наведено, цитираме, “ја продаваме катастарската парцела бр.2229/3 од општо 73 кв.метри, со тоа што јас запазувам и непродавам единствениот улаз за мојата куќа изградена на КП бр. 2229/1 во ширина од 1,5 метри, а кој влез поминува преку продаденото празно место на КП бр.2229/3 од југозападната страна на парцелата, така да овој влез сврзува дворот на мојата куќа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top