Доделени дел од хуманитарните пакети собрани за време неделата на гладта

150 од социјално најзагрозените семејства, денес и утре ќе добијат прехранбени продукти и средства за лична хигиена.

 |  Мишел Наумоски  | 
crven krst paketi
црвен крст пакети

150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела.

socijalni paketi„Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“, Здружението „Добротољубие“, Здружението за церебрална парализа, Здружението за лица со попречен вид и Здружението на лица со попречен слух. Сето тоа ќе го опфатиме. Имаме од кај нив и списоци и наши екипи отидоа на терен да ја увидат состојбата.“-рече претседателот на Црвен крст-Охрид, Сашо Точков.

Како дел од акцијата во борба против гладта свое учество во собирањето на хуманитарните пакети имаше и локалната самоуправа. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, потенцираше дека нивната работа не завршува тука.

paketi nedela na gladta„Локалната самоуправа посветено ќе работи на помагање на овие социјално загрозени семејства, не само преку доделување на хуманитарни пакети, туку  се надевам дека во иднина ќе создадеме услови истите тие семејства по некоја основа да имаат можност да дојдат до одредени приходи врз основа на кои што сами ќе можат да се издржуваат, тоа е нашата крајна цел, крајна цел не е да доделуваме пакети, ние ќе го правиме тоа и сме го правеле и порано. Екипи на локалната самоуправа се постојано на терен присутни, посетуваат социјално загрозени семејства.“-вели Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид.

Во целокупната акција со учество и локалниот совет на млади.

„Ние како локален совет на млади при општина Охрид се вклучивме со свои активности во соработка со Црвениот крст, ја дадовме нашата подршка во неделата за борба против гладта и нашата цел е да упатиме еден апел до младите луѓе, да се вклучат во вакви активности во иднина, со цел да се развие свеста за солидарност и хуманост во нашиот град.“-изјави претседателот на локалниот совет на млади, Горан Шибакоски.

Како дел од целата акција претходно беа доделени и 300 пакети кои ги подготвија децата од основните училишта од градов, пакети кои беа дадени на нивните врсници од училиштата. Инаку Црвениот крст од Охрид ќе спроведе уште една хуманитарна акција за помош на Здруженијата на лица со оштетен вид и оштетен слух од Охрид. Хуманитарниот концерт ќе се одржи во недела во 17 часот и 30 минути во Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top