Ознака: нашата

mansijeski

Манасијески: За мене сликарството е спонтана и сериозна работа

Post Views: 0 Пријатно е чувството да се добие награда,  а возбудата и чувствата се неизмерни, вели годинешниот добитник на Св Климентовата награда патронот на градот за 2014 година, академскиот сликар Јордан Манасијески. Со  своето специфично и препознатливо сликарство  Манасијески успешно ја презентира Македонија и Охрид во големите светски центри на уметноста.  Оваа награда многу ми значи затоа што се доделува на еден голем ден за сите нас, напоменува Манасијески. „ Св. Климентовата награда ја чувствувам во моето срце. Чувствувам дека светецот, нашиот заштитник, е  жив и секогаш...

Continue reading

Уште девет нови наслови можете да позајмите во нашата библиотека

Post Views: 1 Оваа среда прегледот од нови книги го започнуваме со избраните романи на Јован Дамјановски „Глобалните ѕвезди на небото“ во издание на МИ-АН . Од издавачот Табахон ви ја нудиме за читање книгата „Петнаесет кучиња“ од Андре Алексис. Денеска ви презентираме дури четири книги од македонски автори. Тоа се: „ Витезот и Византијката “ од Кица Колбе, „Шрапнел“ од Игор Анѓелков и романот „Аб’т од Оливера Ќорвезироска, трите од издавачот Или – Или и „Паралел“ од Верица Ацеска во издание на Прозарт. Не помалку интересни се и: „Сестрата на Ниче“ од Мира Оташевиќ во издание на Бегемот,...

Continue reading

гимназијалци

Градоначалникот Бакрачески се сретна со охридските гимназијалци

Post Views: 2 На првиот училишен ден градоначалникот Никола Бакрачески на учениците од гимназијата Св. Климент Охридски им посака успешен старт во претстојната  учебна година. Тој не средбата  со гимназијалците во емотивно и  искрено обраќање  им порача постојано да се да се трудат  да го надградуваат своето знаење. Ги поттикна  да бидат истрајни во своите соништа и желби, да не се предаваат пред препреките и проблемите туку цврсто да газат по зацртаната патека.„ Не може д а се откажете од учењето за да добиете само добра работа. Мора да се трудите да се обучувате и учите. Ова не...

Continue reading

arm

Oдбележан Денот на АРМ

Post Views: 1 Одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија  се одржа во Центарот за обука на вода во Охрид. Со пригоден говор на присутните  им се обратија  претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Јолевски. „Вие почитувани припадници на АРМ ја продолжувате традицијата на баталјонот Мирче Ацев, формиран недалеку од тука на Славеј Планина, на денешен ден пред 71 година. АРМ е репрезент на сите напори и жртви кои биле дадени низ децениите и вековите за слобода...

Continue reading

zenidba

Комедијата на Гогољ „Женидба“ видена низ очите на мистичниот руски театар „У моста“

Post Views: 6 Мистичниот театар „У моста“ од Перм, Русија ќе даде ново светло на драмата на Николај Васиљевич Гогољ, „Женидба“. Режисерот на претставата Сергеј Федотов вели дека во секоја нивна изведба на оваа претстава гледачите остануваат зачудени, велејќи дека во претставата се случуваат чуда соодветно на репутацијата на театарот „У моста“ на мистичен театар. „Една од интересните идеи во нашата претстава е тоа дека ние пронајдовме дека во секоја претстава на Гогољ има ѓавол. И тој ѓавол во нашата претстава е Качкарјов, тој човек кој измислува и прави различни ѓаволски работи, тој...

Continue reading

sahti

Пази, отворена шахта

Post Views: 0 Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од Локалната...

Continue reading

Mikonos

Македонец остана без бубрег на Миконос

Post Views: 6 Еден македонски граѓанин кој со своето друштво престојувал на грчкиот остров Миконос, деновиве се врати во нашата земја, но без едниот бубрег. Момчето било намамено од девојка со која бил излезен во дискотека на островот. На крајот од ноќта заедно заминале во куќата каде девојката била сместена. Откако наредниот ден не се вратил во хотелот каде што бил сместен заедно со своето друштво, тие почнале да го бараат. Другарите успеале да го лоцираат единствено преку сеќавањето за девојката и распрашувајќи се на островот дали некој ја познава и каде евентуално живее или е сместена....

Continue reading

Tiesto

Грците му се налутија на Тиесто затоа што го сака македонското знаме

Post Views: 5 Македонските и грчките обожаватели на светски познатиот диџеј Тиесто се судрија на Фејсбук, откако ѕвездата на својот профил на мрежата напиша дека го сака македонското знаме и до текстот објави слика од нашето знаме, кое самиот го фотографирал со својот мобилен телефон. Ваквиот потег што холандскиот диџеј го направи по последниот настап во Скопје пред десетина дена, ги налути неговите обожаватели од Грција, кои неговиот профил на Фејсбук го преплавија со коментари дека името на нашата држава не е Македонија, туку ФИРОМ и дека не треба да ја поистоветува нашата држава...

Continue reading

Нѝ се заканува апокалипса?

Post Views: 8   Научници кои ги проучуваат климатските промени сѐ погласно предупредуваат дека во наредниот период на нашата планета ѝ се заканува апокалипса.  Во првата деценија на 21 век просечната температура на површината на Земјата пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Научниците пресметале дека ако  просечната температура достигне раст од еден степен тогаш ќе се зголеми испарувањето на водата во атмосферата за 7%. Тоа би довело до посилни струења и чести временски неприлики со обилни врнежи. Зборот апокалипса, кој значи крај на светот, често се слушал и на првата меѓународна...

Continue reading

Inz prsten

Врачена наградата „Инжинерски прстен“ за 2014

Post Views: 0 13  инжинери од повеќе факултети ја добија наградата „Инжинерски прстен “ за 2014. Наградите беа врачени на Плаошник од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со оваа манифестација го наградуваме трудот на најдобрите и придонесуваме за формирање на квалитен инжинерски подмладок,  ги поздрави добитниците на наградата, претседтелот на државата  Иванов. При тоа на добитниците на наградата им порача да се вклучат и да дадат свој придонес  за што поголем развој  на Македонија.„ Живееме во можеби највозбудливото време за науката, техниката и технологијата. Време...

Continue reading

policija deca

Децата на гости во полициска станица

Post Views: 4 Група деца од градинката „Јасна Ристеска“, со полициска придружба беа однесени во Езерска полиција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид. А таму се запознаа со секојдневната работата и активностите на охридските полицајци. Ротационите светла и сирената од полициските возила не ги вознемири љубопитните дечиња. Тие веќе имаат познавање за дел од активностите на полицијата. „Чичко полицаец се грижи за нашата безбедност.  Ги затвора лошите, а добрите ги чува. Го регулира собраќајот. Кога ќе пораснам јас ќе бидам полицаец и лошите луѓе ќе ги затворам“...

Continue reading

promeni sdsm

Спас за стечајците, иднина за младите, СДСМ презентираше дел од изборната програма

Post Views: 10 Носителот на кандидатската листа за пратеници од редовите на СДСМ, во петтата изборна единица, Васко Ковачески, денес на средба со охридските кандидати за пратеници, но и средба со граѓани и бизнисмени од градов. Еве која е целта: „Ќе им ја презентираме нашата изборна програма, ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК. Програма која нуди рамномерен регионален и локален развој, а не како досегашната власт која инвестира само во главниот град во мермери, споменици, жални врби…..Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе и подобро.Затоа, нашата борба против оваа криминална и корумпирана...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top