Врачена наградата „Инжинерски прстен“ за 2014

Врачена наградата „Инжинерски прстен“ за 2014.

 |  Валентина Неловска  | 
Inz prsten
Inz prtsen

13  инжинери од повеќе факултети ја добија наградата „Инжинерски прстен “ за 2014. Наградите беа врачени на Плаошник од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со оваа манифестација го наградуваме трудот на најдобрите и придонесуваме за формирање на квалитен инжинерски подмладок,  ги поздрави добитниците на наградата, претседтелот на државата  Иванов. При тоа на добитниците на наградата им порача да се вклучат и да дадат свој придонес  за што поголем развој  на Македонија.
prsten
„ Живееме во можеби највозбудливото време за науката, техниката и технологијата. Време кога Република Македонија целосно и посветено се вклучува во глобалната трка за знаење, иновации и креации. Успехот на оваа трка се мери во бројот на нови технологии, изуми, решенија и патенти. Се мери со нивото на техничко-технолошкиот и материјалниот напредок на општеството и економијата. Но сето тоа зависи од главниот ресурс, а тоа сте вие, нашите млади образувани, иновативни и креативни инженери. Луѓе со отворен ум и поглед насочен кон идината“, рече во своето обраќање Иванов.

Од име на наградените инжинери се заблагодари Благоја Атанасовски. Признанието „Инженерски прстен“ за сите нас претставува мотив за идно надградување, кажа Атансовски .
prsten
„ Оваа награда за нас претставува поттик да продолжиме со нашата упорност, да го даваме секогаш најдоброто од нас, да истражуваме  нови можности, да придонесеме со нашите дела кон развојот на нашата земја и да го пренесеме нашето знаење на следните генерации. Вложениот труд во нашите студии добива потврда да продолжиме со  нашата надоградба. Поддршката што ја имаме од вас  ние бескрајно значајна и поттик за во иднина“, истакна Атанасовски.

Наградата „Инжинерски прстен“ е востановена пред 11 години,  а се доделува  на  најдобрите студенти од  инжинерските факултети. Покровител на манифестацијата е претседателот на државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top