Ознака: Наум

oemuc

Уште еден меѓународен успех за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Post Views: 24 Ученици и наставници ментори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на четвртиот по ред меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година во периодот од 12-ти до 15-ти мај се одржа во Техничката Школа во Ваљево, Република Србија. Учениците Филип Милошески – III година, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Јован Цветковски – III година, техничар за компјутерско управување под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Борис Стрезоски и Душко Савески го освоија третото место во силна конкуренција во областа на мехатрониката. Учениците изработија...

Continue reading

Св Наум, место откинато од рајот

Post Views: 8   Кога се зборува за месноста Св Наум, секој посетител би се согласил дека целиот комплекс е како дел откинат од рајот. Од прекрасната природа која го прегрнала манастирот Св Наум и неговите конаци, неколкуте црквички околу него, светата вода, па се до изворите на реката Црн Дрим и уредениот туристичко ресторански дел околу целото острово. Првиот човек кој стапува во контакт со секој добронамерник во комплексот Св наум е Владо Мојаноски. Скромен по природа Мојаноски открива дека од година во година расте посетеноста во Св Наум, а посебно последниве години откако локалитетот...

Continue reading

Од утре затворен патот с. Царина спој со Охрид-Св. Наум, ресенско поради реконструкција

Post Views: 11 Јавната установа Национален парк Галичица Охрид информира дека регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција. Овој патен правец дваесетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. На одлуката за затворање на овој патен правец регираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен...

Continue reading

Православните христијани денес го слават Св.Наум Охридски-Чудотворец

Post Views: 5 Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј. За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат...

Continue reading

брод

За празникот, со брод до Св.Наум

Post Views: 3 По повод големиот верски празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, во вторник, 5-ти јануари, бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од 100 денари. Заинтересираните граѓани карти можат да купат утре и задутре, односно на 3-ти и 4-ти јануари на градското пристаниште. Еден брод ќе тргне од Охридското пристаниште во 8:00 часот, а другиот од Пештани во 8:30 часот.  Враќањето од Св.Наум за Охрид ќе биде во 12:00 часот.

Continue reading

patronat emuc

49 години постоење на ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”

Post Views: 19 49 години успешна работа, надоградување и создавање на стручни и оспособени кадри. Електромашинскиот училишен центар “Св.Наум Охридски” синоќа го одбележа овој прекрасен јубилеј и својот патронен празник. Учениците и професорите на висина на задачата и во духот на образовните можности кои ги нуди центарот, беа презентирани сите образовни профили, па така можеше да се видат светилки во бои кои пулсираат во ритамот на музиката, демонстрација на машински автоматизирани делови, светилки кои се палат автоматски, па се до шминкање, правење фризури и масажи на...

Continue reading

Пауните се жив украс на Св. Наум

Post Views: 13 Манастирскиот комплекс Св. Наум е опкружен со божествена природа и зрачи со убавина, култура, историја и традиција. Св. Наум е место кое ќе ве восхити со неговата убавина, а таму ќе најдете и душевен мир.  Манастирот го красат и преубавите пауни или рајски птици кои се сметаат за симбол на христијанството и кои ги има во изобилство. Криковите на овие горди птици со шарени пердуви се слушаат многу далеку. Токму нив ги имаме во „Ти си твојот град“, а сликите ни ги испрати Воскре Јосифоска.

Continue reading

Марко Пејчиноски плива до Свети Наум

Post Views: 1 Марко Пејчиноски утрово тргна во нов подвиг. Негова цел е да ја преплива делницата од Градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје. Младиот херој Марко одлучи да плива во чест на големиот светец, Свети Наум. – Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Свети Наум Охридски, за здравје на сите нас, објави тимот што го прати подвигот на Марко. Инаку, Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум-Охрид. Подвигот го направи во 2018 година кога имаше само 12 го...

Continue reading

Денеска се празнува Св. Наум Охридски

Post Views: 5 Православните христијани денес го слават денот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец. Потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, заминал во Велики Преслав, а оттука во Охрид, каде му се приклучил на Св. Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум бил...

Continue reading

Наум Вељаноски ново засилување на Воска Спорт

Post Views: 5 Воска Спорт деновиве со забрзано темпо ги претставува новите фудбалери со кои ќе се бори за влез во Првата македонска фудбалска лига. Најновото засилување е капитенот на ГФК Охрид Лихнидос, 28 годишниот Наум Вељаноски. -Благодарност до клубот за соработката во изминатите две и пол години, до соиграчите, особено до навивачката група “РИБАРИ” и поддржувачите на ГФК ОХРИД. Со крената глава се збогувам од ГФК ОХРИД, се гледаме во некои подобри времиња. Време е за нов предизвик во мојата фудбалска кариера.-напиша Вељаноски на неговиот фејсбук профил. Вељаноски...

Continue reading

Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на Градската Библиотека

Post Views: 4 Како резултат на меѓусебната успешна соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’ во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид за група заинтересирани ученици беше организирано едукативно предавање под наслов: ,,Битово – социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот“. Во предавањето беа опфатени познатите македонски автори Антон Панов и Ристо Крле кои имаат посебно историско и национално значење како личности заслужни за развојот и континуитетот на македонската литература и македонскиот театар на чии сцени биле и се поставувани овие битови драми. Предавањето го подготови...

Continue reading

Денес се празнува Св Наум Охридски

Post Views: 6 Православните верници денес го празнуваат споменот на Св. Наум Охридски, светецот што вршел чуда за време на животот и после смртта, основоположникот на охридската книжевна школа. Тој освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител. Чудата на Св Наум се претставени и на фреските од неговиот манастир на брегот на Охридското езеро кој од синоќа е исполнет со верници кои носат дарови и се поклонуваат пред моштите на големиот светец. Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top