Наум Вељаноски ново засилување на Воска Спорт

Наум Вељаноски, капитенот на ГФК Охрид Лихнидос е новото засилување на ФК Воска Спорт.

 |   | 

Воска Спорт деновиве со забрзано темпо ги претставува новите фудбалери со кои ќе се бори за влез во Првата македонска фудбалска лига.

Најновото засилување е капитенот на ГФК Охрид Лихнидос, 28 годишниот Наум Вељаноски.

-Благодарност до клубот за соработката во изминатите две и пол години, до соиграчите, особено до навивачката група “РИБАРИ” и поддржувачите на ГФК ОХРИД. Со крената глава се збогувам од ГФК ОХРИД, се гледаме во некои подобри времиња. Време е за нов предизвик во мојата фудбалска кариера.-напиша Вељаноски на неговиот фејсбук профил.

Вељаноски беше одбран во идеалниот тим на МАК ФУДБАЛ за сезоната во двете Втори лиги. Одличниот фудбалер кој игра на левата и десната бековска позиција имаше мастрален учинок и придонес за влезот во баражот и дуелот со Ренова, за учество во Првата лига. 

Претходно има настапувано за Македонија ЃП, Еуромилк, Борец, Гостивар, Младост Царев Двор, Новаци и Струга Трим Лум. Неговите почетоци со фудбалот се од 13-годишна возраст.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top