Ознака: Наум

magistralen pat

До крајот на годинава ќе почне да се гради новиот магистрален пат Охрид-Свети Наум

Post Views: 11 Директорот на Агенцијата за државни патишта најави скоро започнување со изградбата на новиот магистрален пат од Охрид до Свети Наум. Се работи за проект кој ќе се спроведува во две фази и станува збор за сосема ново патно решение. „Првата фаза е веќе дефинирана и тоа е делницата од Охрид кај бензиската станица, до Пештани. Се проектираат некаде широчина на магистрален пат од 12тина метри, четири ленти, во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов некаде во средината на оваа година и веќе Владата размислува и прави финансиска конструкција да до крајот на оваа година...

Continue reading

Крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Post Views: 2 Општинската организација на Црвен крст Охрид денеска ќе ја организира редовната крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Истата ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Охрид со цел да се обезбедат крвни единици кои се потрeбни во овој период. – Почитувани средношколци, Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело, да даруваме крв за оние на кои им е најпотребна. Сите заинтересирани средношколци треба да ги исполнуваат следните услови, а воедно да носат документ за лична идентификација (лична карта/пасош):...

Continue reading

sdsm

Охридските социјал демократи укажуваат на низа незаконитости во манастирскиот комплекс Св.Наум

Post Views: 1 Во манастирскиот комплекс Св Наум се случуваат повеќе незаконски делувања на одредени државни институции од власта на ДПМНЕ, обвинуваат охридските социјал демократи. Со тоа не се почитуваат правата на жителите на Охрид , рече на денешната прес конферција портпаролот на ОО СДСМ  Александар Кузески. Тој  укажа дека Kомисијата за денационализација  во три наврати, спротивно на законските одредби од Законот за денационализација, со решенија од 2008, 2009 и 2011 година одзела  од РМ  над 3 илјади хектари земјиште,  дел од Националниот парк Галичица, и го вратила на црквата....

Continue reading

trpejca

Потпишан договор за 4 важни регионални проекти

Post Views: 2 Југозападниот плански регион ќе добие 11  милиони 421 000 за конечна реализација на 4 проекти кои се однесуваат на одведување и третман на отпадни води. Денес и официјално Германското техничко друштво за меѓународна соработка и Југозападниот плански регион потпишаа договор за финансирање на 4 инфраструктурни регионални проекти. Станува збор за основни проекти и ревизија за пречистителна станица во Трпејца, за колектор од Калишта до Радожда, пречистителна станица во центар Жупа, како и изработка на анализа за полезност од изградба на систем за одведување отпадни води...

Continue reading

logo

Лопата, нож и тегла мед

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид против 31 годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот,  на 19ти овој месец во ресторантот „Св.Наум“ лоциран во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ изреволтиран поради претходна вербална расправија помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, започнал да ги крши прозорците и ресторантски инвентар по што со лопата го нападнал сопственикот на угостителскиот објект. По кратко време со нож од шанкот, упатил закани кон гостите кои веднаш избегале од ресторантот а потоа го нападнал келнерот...

Continue reading

emuc

ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ утре го одбележува патронатот

Post Views: 2 Општинското средно училиште, ЕМУЦ „Св Наум Охридски“  утре ќе го одбележи патронатот. Во аулата на училиштето ќе се одржи свечена култруно-забавна  програма подготвена од средношколците и нивните наставници. Директорот на ЕМУЦ, Јане Цаноски е задоволен од применувањето на бројни активности со кои се подобрува работењето на оваа образовна институција. Меѓу активностите ставен е акцент на подбрување на редовноста на учениците и намалување на зачестените изостаноци од настава, напоменува Цаноски.„ Направивме анализа за организирање на одморите во текот на наставата. На...

Continue reading

mijalkov

Улицата Јордан Мијалков во најава за изградба во 2014

Post Views: 0 Изградбата на новопроектираната улица „Јордан Мијалков“ кај локалитетот Бејбунар во Охрид ќе почека. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Каде закочи изградбата на оваа улица? Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски убедува дека ништо не е закочено,...

Continue reading

soobrakajka

Три лица загинаа во сообраќајна незгода кај Елешец

Post Views: 1 Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден. „Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две...

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Ќе се снима документарен филм за Светите Климент и Наум

Post Views: 2 Филмот би претставувал еден вид продолжение на филмот Св. Кирил и Методиј,  во Чешко Словачка, Руска и Српска продукција, и комплетно реализран од чешката продуценската куќа tree broders. Продуцентот на филмот за Св Кирил и Методиј, Виктор Криштов,  благодарение на наговите пријатели охриѓани Александар Глигуроски и Јован Буџакоски кои живеат во Чешка, во два наврати ги посети сите знаменитоски и културно истористи споменици во Охрид, но и во Македонија. Тој е воодушевен од она што го виде вели дека веќе прави планови како би изгледал  историскиот филм посветен на учениците...

Continue reading

maraton

Познати годинешните победници на меѓународниот атлетски маратон Охрид 2013

Post Views: 4   Познати победниците на 27от традиционален, меѓународен атлетски маратон, Охрид 2013. Лајош Берец од Унгарија беше најдобар помеѓу 29те атлетичари од повеќе земји. Тој, триесеткилометарската патека од граничната караула кај Свети Наум до Охрид, ја истрача за време од 1 час, 42 минути и 37 секунди. Македонија имаше свој атлетичар на пиедесталот. Со време од 2 часа, 3 минути и четири секунди, Зоран Саздов се пласираше на третото место. Во женска конкуренција пак, првото место и припадна на атлетичарката од Црна Гора, Слаѓана Перуновиќ. Таа, со време од 1 час, 58 минути...

Continue reading

ezero

Комисијата од Унеско доаѓа во Охрид

Post Views: 3 Министерството за култура упатило покана до Комисијата од Унеско да го посети Охрид и езерото, информира портпаролот Анита Јованоска.  Според портпаролот на ресорното министерство станува збор за  формална  покана. „ Согласно Правилникот на Унеско сите градови и држави кои се на листата на заштита под Унеско, имаат обврска да ја информираат Комисијата на Унеско за сите аспекти од реализацијата на проектот.  Министерството за култура преку Националнат комисија за Унеско постојано има соработка и координација со Унеско и ги информираат за сите аспекти од реализацијата...

Continue reading

karatisti

11 медали за охридските карате мајстори од „Шидокан“

Post Views: 0 Високи почести и огромен успех на карате мајсторите од охридскиот карате-до клуб „Шидокан“. Овие супер-талентирани момци буквално собраа повеќе од половината медали доделени на светското првенство во карате на интернационалната јапонска карате асоцијација. На ова првенство кое се одржуваше во соседна Бугарија од 18 до 21 јули, нашите момци беа вистински хит. „Напорно се подготвувавме за ова првенство, темелно се подготвивме, очекувавме 5-6 медали, но ете децата од клубот ги надминаа очекувањата и успеавме да освоиме 11 медали. Еден светски шампион, три вицешампиони и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top