Ознака: насилство

nasilstvo

Не биди насилник

Post Views: 0 Расте бројот на жртвите на семејно насилство. Месечно од Струга за помош се јавуваат по 4 жртви на СОС линијата 15 700, додека пак многу поголем број на пријави на СОС линијата дури 480 се однесуваат за насилство на работното место и непочитување на човековите права, вели претседателот на „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска. Таа додава дека од ден на ден расте бројот на жртвите кои се охрабруваат и зборуваат за насилството што го трпат и тоа најчесто жените и постари лица. „Имаме доста пријави на семејното насилство и граѓаните веруваат во невладиниот сектор. Но наше...

Continue reading

Охрид меѓу водечките градови во земјава по број на случаи на семејно насилство

Post Views: 2 Охрид меѓу водечките градови во земјава по број на случаи на семејно насилство. Последниве 4 години има тенденција на зголемување на семејното насилство и според податоците на Центарот за социјална работа, само изминатата година, над 200 жртви го пријавиле истото. Експертите по оваа проблематика сметаат дека тоа се должи на се поголемата развиеност на свеста на жената односно жртвата да го пријави насилството. Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трибина на тема. „Семејно насилство и насилство врз жената“. Претседателката на Советот, Живка Ангелоска истакна дека...

Continue reading

Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство

Post Views: 1 Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство. Претставниците на македонските граѓански здруженија деновиве има можност да ја следат оваа обука во организација на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Станува збор за еден поголем регионален проект, мултинационална коалиција за борба против трговија со луѓе и родово базирано насилство, кој се спроведува со неколку партнерски граѓански организации од неколку соседни земји, појаснува Катерина Конеска проектниот координатор. Додава дека посебен акцент бил ставен на заштита на жените и децата, како најранливи жртви. „Ова...

Continue reading

Во Охрид и понатаму е голем процентот на случаи на семејно насилство

Post Views: 2 Оваа година во Охрид регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство. Од нив 14 дела се „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица. Во помал број случаи жртви се мажи. Најчесто сторителите на ова насилство се во алкохолизирана состојба. Семејните насилства регистрирани...

Continue reading

Телесна повреда при семејно насилство во Лешани

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани. Пријавенио, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со нозе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.

Continue reading

Кривична пријава против охриѓанец за „насилство“

Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Б.Н. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“. Тој, на втори август 2021 година, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркиран автомобил „Шевролет Каптива“, сопственост на 47-годишниот Д.Т. од Охрид и физички го нападнал, му се заканувал со остар предмет, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства и се обидел физички да ги нападне – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Двојно зголемено семејното насилство во Охрид

Post Views: 4 Семејното насилство во општина Охрид расте. Трендот на раст на насилството во земјава не го одминува нити нашиот град. Во рамките  на предавањето организирано од страна на граѓанското здружение  „Бисера“,  посветено на неделата „16 дена борба против семејното насилство“, од СВР Охрид било информирано  дека во градот семејното насилство е двојно зголемено.  Жените  и децата и понатака се најчестите  жртви.  Семејното насилство расте, а Охрид во моментов  е без СОС  телефон и шелтер центар каде што ќе бидат  згрижувани жртвите. За овие пропусти дел од охридските советници ...

Continue reading

nasilnik

Се отвора првиот центар за жртви од семејно насилство

Post Views: 5 Во Скопје денеска ќе биде отворен прв центар за жртвите на семејно насилство. Овој центар претставува прв сервисен модел во Македонија што ќе применува иновативен пристап во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство. Отворањето на центарот се реализира во рамки на проектот Прв семеен центар во Град Скопје како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот...

Continue reading

semejno nasilstvo

Децата трпат насилство и молчат

Post Views: 15 Децата се неми сведоци на секојдневните случувања. Тие сеуште молчат и го трпат семејното насилство. Оваа констатација не само што е евидентна на државно ниво, евидентна е и во општина Охрид.  Стручните тимови на Центарот за Социјални Работи, активно работат и се насочени кон сузбивање на оваа појава. Од таму велат дека семејното насилство денес, иако е препознатливо, сеуште се крие под пазувите на семејствата. Тоа најповеќе негативно влијае кај децата, вели Снежана Толеска Митаноска, психолог во ЦСР. Таа вели дека минатата година евидентирале 36 случаи на семејно...

Continue reading

Facebook со нови правила за фотографии и статуси

Post Views: 19   Корисниците на Facebook често се незадоволни со правилата на оваа социјална мрежа спрема која мораат да користат вистински имиња и презимиња а не, на пример, некои уметнички прекари по кои се познати, а посебно се незадоволни со содржините кои компанијата ги брише од Facebook. Од оваа компанија сега објавиле детални информации околу содржините кои се забранети и кои ќе бидат избришани доколку корисниците ги објавуваат, а можат да се прочитаат во правилата на самата Facebook страница. Новите правила сега вклучуваат и забрана за “опасни организации” и се објаснува каков...

Continue reading

nasilstvo

Средношколците препознаваат, но ретко реагираат на психичкото насилство

Post Views: 0 Во образовен систем кој според многу експерти, како и голем број на професори се занемарува воспитната функција на образованието, средношколските установи со работа на класни часови и вметнување содржини во редовните часови се обидуваат да ги дискутираат темите кои се однесуваат на насилството заедно со своите ученици. Според директорката на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“, Славица Костоска, и покрај пребогатите наставни планови тие се обидуваат во рамки на редовната програма да ги вметнуваат поучните теми со кои училиштата мора да се занимаваат. „Наставниот...

Continue reading

Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство

Post Views: 7 Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Единствената која функционираше во рамките на Женскиот центар „Бисера“ згасна пред неколку години поради немање финансиска подршка од локалната. Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа овој проблем, нагласувајќи дека се поголем е бројот на жени, но и на мажи кои имаат потреба од стручна помош и совет поради трпење семејно насилство. Советничката Жаклина Лазаревска која е член на оваа комисија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top