Ознака: насилство

solza

Денеска е меѓународен ден на деца жртви на насилство

Post Views: 1 Првата детска амбасада во светот Меѓаши како организација која се грижи за заштита на децата и нивните права потсетува на значењето и целта на овој  меѓународен ден, а тоа е да се признае болката која децата ја претрпуваат насекаде низ светот како резултат на физичко, ментално и емоционално злоставување. Од добиените податоци од работата на СОС телефонот за деца и млади од Меѓаши соопштуваат дека дошле до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно. “Во текот на минатата 2010 година на СОС телефонот за...

Continue reading

СВР Охрид: Изречени посебни мерки за превенирање на семејно насилство

Post Views: 1 Секторот за внатрешни работи Охрид, согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето М.K.(34) од Oхрид, како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување. По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид...

Continue reading

Охриѓанец и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка

Post Views: 1 51 годишен охриѓанец и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка во семејниот дом во Охрид. Жртвата, по нападот, била згрижена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“. Полицијата која констатирала алкохолизираност кај напаѓачот истиот го привела и лишила од слобода. Воедно против него била поднесена кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда, а му била одредена и мерка притвор во траење од осум дена. Свежи се сеќавањата на охриѓани на случајот со семејно насилство кој беше регистриран само 15тина дена порано, по што од СВР-Охрид...

Continue reading

куче

Стоп за насилството врз животните, порачуваат од Анималиа

Post Views: 0   Од Анималиа алармираат згрозени сме од фотографиите и информациите добиени за Вевчанскиот карневал, кои  покажуваат дека за време на неговото  одржување се случувал садизам и се толерирало насилство врз животните. Најостро го осудуваме  мачењето на животните кое се случило на улиците на Вевчани, За тоа сведочат бројни потресени граѓани и посетители кои приложија слики како доказ за овој морбиден чин. На карневалот во Вевчани, неколку маскирани момчиња на стап  врзале куче и го удирале со стапови. Кучето било мртво (не се знае дали овој морбиден чин или претходно било...

Continue reading

logo

Обид на насилник да прегази василичари

Post Views: 2 Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“. Настанот е случен утрово во 06 часот и 40 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани. Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни повреди...

Continue reading

logo

Одбележување на Денот за борба против насилство врз сексуалните работници

Post Views: 6 И оваа година, традиционално, ЗГ Опција Охрид ќе го одбележи 17 Декември – Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници со низа активности: делење на едукативен материјал, едукативни работилници со целната група и сензитивизирање на општата популација. 17 Декември претставува интернационален ден за крај на насилството врз сексуалните работници од целиот свет, со цел да се обрне внимание на криминалните дејства кои се вршат врз сексуалните работници.Идејата е на Др. Ени Спринкл , а започна во САД како спомен на жртвите на серискиот убиец од Грин...

Continue reading

svr

Семејното насилство во Охрид бележи нагорен тренд

Post Views: 0   Одговорно и должно постапување, интензивна соработка и координација заради превенирање и спречување на семејното насилство и обезбедување на жртвите, договорија претставниците на СВР Охрид, на центрите за социјални работи од Охрид и Струга, на основните јавни обвинителства од Охрид и Струга,на општина Охрид како и претставниците на невладините организации од Охрид и Струга, на вчерашната работна средба на тема „Превенција на семејното насилство-привремени мерки за заштита и нивна примена“. Според аналитичките податоци на СВР Охрид опаѓа бројот на регистрирани настани...

Continue reading

nasilstvo

Одбери љубов! Кажи не на насилството!

Post Views: 29 Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и...

Continue reading

semejno nasilstvo

Центар за социјални грижи : во Струга семејно насилство нема

Post Views: 0 Во 2009та год. не е регистриран ваков случај. Во Центарот за социјални грижи пријавени биле 5 случаи кои се третираат како нарушени семејни односи. Годинава, досега се работи само на еден случај. Директорот на Центарот, Мугни Далипи, вели дека во сите случаи присутни се елементи на семејно насилство, но не и класично дело, кое согласно законот за семејство подлежи на казна. Најчести причини поради кои жртвата на семејно насилство се откажува од судската постапка  е нејзината економска зависност од партнерот, невработеноста и други пропратни услови, вели Далипи. Тој вели...

Continue reading

Dragica Poposka

Прозбори жртва на семејно насилство и од Струга

Post Views: 5 Нејзиниот сопруг ја малтретирал физички, но и психички. Институциите и после многу обиди од нејзина страна не и излегле во пресрет. Стрес и страв предизвикан од физичко и психичко малтретирање е дел од суровото секојдневие на жртва на семејно насилство од струшко. „Веќе 40 години, откако сум во брак, бел ден немам видено“, раскажува соговорничката. Нејзиниот сопруг, постојано ја тепал, а за да остане во домот, требало да му дава пари, во спротивно ќе ја избркал на улица. „За моите маки, знаат само соседите“, раскажува соговрничката. Моите деца со години гледаа како...

Continue reading

Dragica Poposka

Жртвата не се плаши да пријави насилство

Post Views: 16 Лицата повеќе имаат доверба во невладините организации отколку во државните инситуции. Граѓаните се почесто отворено зборуваат за семејното насилство. Жените, во последниов период не се срамат да го пријават случајот доколу бидат жртва на насилство во своето семејство. Најпрвин проблемот го пријавуваат по телефон, за потоа да дојдат во нашите кацеларии, вели претседателот на невладината организација „Езерка“ од Струга. „Кога ќе се јават телефонски отворено заборуваат за насилството штом дојдат овде се посрамежливи. Ги упатуваме каде да бараат помош“-вели Драгица Попоска,...

Continue reading

Kритики за затворските услови во земјава, физичко насилство во затворот во Охрид

Post Views: 0 Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казни (КПТ), денеска во Стразбур по добиеното одобрување од македонските власти го објави извештајот за 5-та периодична посета на Северна Македонија, заедно со одговорот на властите на земјата. При посетатата е утврдено дека полициската бруталност е во пораст и дека властите не успеаја да преземат доволно мерки за да ги решат долгогодишните структурни недостатоци во затворскиот систем, јави МИА. За време на посетата, што се одржа од 2 до 12 декември 2019 година, делегацијата на КПТ доби бројни обвинувања...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top