Ознака: населението

dabile

Струмичкото село Дабиле под вода

Post Views: 4 Жителите на струмичкото село Дабиле се во шок, откако изгубија безмалку сè што имаа стекнато во животот во големото невреме и поплавите кое го зафати струмичкиот регион. Во Дабиле и околните села ситуацијата е траорна и повеќе од алармантна. Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев за Плусинфо изјави дека населението се евакуира и времено ќе биде сместено во хотелите во струмичкиот регион. – Немам зборови, цело Дабиле е под вода. Не постои збор со кој може да се опише ситуацијата во овој дел од Струмичко поле. Сè е под вода, се – изјави градоначалникот Заев....

Continue reading

pregledi

Светскиот ден на здравството одбележан во Струга

Post Views: 1 Бесплатните превентивни прегледи добредојдени за стружани. По повод 7 ми април светскиот ден на здравството, во Струга, пред хотелот „Београд“, и во село Радожда, се вршеа бесплатни прегледи на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта кај населението. Некои од мештаните за прв пат ги правеа овие анализи, други пак, кажаа, дека ваквите акции се за поздравување, бидејќи само вака се одбегнуваат големите турканици во болниците, а на добар дел не им се веруваше дека без книшка, син картон и пари може да се случи и тоа. Кампањата за превентивни  и бесплатнни прегледи...

Continue reading

paradontopatija

75 проценти од населението страда од сериозното заболување парадонтопатија

Post Views: 10 75 проценти од вкупното население страда од некој вид или некоја фаза на парадонтопатијата. Ова сериозно заболување на потпорниот апарат на забот граѓаните недоволно сериозно го сфаќаат, а последиците од ненавременото или целосниот недостаток на третирање може да доведе до сериозни последици како целосно и неповратно губење на забите. Како и за многу болести на оралната шуплина, и парадонтопатијата претежно е предизвикана од недоволна хигиена при што доаѓа најпрво до воспаление на непцето или гингивитис кој е препознаен како прва фаза од парадонтопатијата. „Главна...

Continue reading

Patra

Грк пловеќи од Патра до Сиднеј ќе го промовирал хеленизмот на Македонија

Post Views: 4 Апостолос Кардарас од Патра, Грција ќе патува шест месеци со брод од својот град до Сиднеј, Австралија, и притоа ќе се труди да ги запознава луѓето со хеленскиот карактер на Македонија, јави „Симбан Ворлд Радио“, радиостаница од Сиднеј наменета на населението со грчко потекло.При патувањето, Кардарас и сопатниците со својот брод ќе пристануваат во Египет, Саудиска Арабија, Шри Ланка, Малезија, Сингапур, Индонезија, а од Папуа Нова Гвинеја ќе се упатат директно во Сиднеј.Кардарас во јавувањето во радиото рекол дека мотивот за патувањето му бил да го нагласи Хеленизмот...

Continue reading

Edmond Temelko

Албанија ја брише графата за националност, Македонците ќе се жалат во Стразбур

Post Views: 0 Во албанскиот град Корча се оддржа тркалезна маса на која учествуваа претставници на малцинствата во Албанија, во врска со последната одлука на Уставниот суд на Албанија, со која се укинува правото на запишување на националноста и, според нив, неуспешниот попис на населението. На средбата присуствуваа претставници на Македонците, Власите, Грците, Ромите и Египќаните, кои уште еднаш пописот го оценија како неуспешен, затоа што поголемиот процент од нив го бојкотираа поради неможноста слободно да ја искажат својата етничка припадност. Пред присутните, покрај другите,...

Continue reading

popis

Започна пописот во Македонија

Post Views: 1 Од денеска до 15 октомври во Македонија ќе се спроведе најголемото статистичко истражување – пописот на населението, домаќинствата и становите. Пописот се оддржува и покрај оставките на првите луѓе на ДПК. Пописот во Македонија почна во 8 часот изутрината. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите од податоци на корисниците во државата и во странство. Според Законот за попис, треба да бидат попишани сите лица што живеат во Република Македонија,...

Continue reading

РН

Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ

Post Views: 5 Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад  Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му  е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат  фолкорното друштво Охриѓанка,  Теквондо клубот и амбулантата издадена под  концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција  објектот. „ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески. Домот...

Continue reading

voda

Да помогнеме!

Post Views: 1 Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија. Моментално потребна е помош во флаширана вода и средства за хигиена, кои можете да ги доставите во магацинските простории на Црвениот крст од Охрид. Својата донација претходно треба да ја најавите на телефонскиот број 046 261 909 или на  телефонскиот број 070 315-309. Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош: -Жиросметка на Фонд на солидарност 300000001327966...

Continue reading

popis

Пописот на населението ќе се одложи за октомври

Post Views: 0 Вчера доцна попладне координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Тахир Хани од ДУИ до Собранието доставија Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за попис, кој ќе се носи по скратена постапка и е веќе ставен како дополнување на дневниот ред на 143. собраниската седница закажана за утре. Пописот на населението во Македонија се одлага поради се поизвесните предвремени избори. Проблем предизвикаа и поделбите во Државната пописна комисија во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници. Членовите...

Continue reading

logo

Во Охрид започнува вакцинирањето против сезонски грип

Post Views: 4 Денес, во Центарот за јавно здравје – Охрид, започнува вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центарот, секој работен ден од 8.30 до 15 часот. Вакцинирањето против сезонски грип ќе се врши со вакцина „Influvac“ од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцината изнесува 400 денари. {loadposition content9}

Continue reading

Во Карловац, Хрватска, се огласија сирените за општа опасност

Post Views: 2 Во Карловац, Хрватска, околу пет часот утрово е прогласена вонредна состојба поради високиот водостој на Корана и Купа, што подразбира и можна евакуација на дел од населението, ги известила медиумите портпаролката на градот Карловац Ана Жупанчиќ Жунац. Во 9 часот се огласиле сирените за општа опасност, а од рано наутро се спроведуваат акции за спасување од поплави. Експертските служби на Хрватски води го известиле штабот за заштита и спасување на Карловачката жупанија дека во горниот тек на на реките Корана и Купа забележан е надпросечен пораст на водостојот кој го надминува...

Continue reading

ivanov

Иванов – Насилството нема да се толерира

Post Views: 2 Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија, по бројните забелешки за молкот околу протестите за процесот „Монструм“ денеска од Охрид се огласи со свој став. Тој истакна дека постојано бил во контакт со институциите околу сите настани во врска со протестите и ги осуди сите насилни акти кои се случуваат. Иванов нагласи дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не е дозволено и не се толерира. Според него во државата постојат надлежни институции кои функционираат и преземаат се што е потребно за да се спречат појавите на било какво насилство. „Гледаме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top