Струмичкото село Дабиле под вода

Жителите на струмичкото село Дабиле се во шок, откако изгубија безмалку сè што имаа стекнато во животот во големото невреме и поплавите кое го зафати струмичкиот регион.

dabile
дабиле

Жителите на струмичкото село Дабиле се во шок, откако изгубија безмалку сè што имаа стекнато во животот во големото невреме и поплавите кое го зафати струмичкиот регион.

strumicaВо Дабиле и околните села ситуацијата е траорна и повеќе од алармантна. Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев за Плусинфо изјави дека населението се евакуира и времено ќе биде сместено во хотелите во струмичкиот регион.

– Немам зборови, цело Дабиле е под вода. Не постои збор со кој може да се опише ситуацијата во овој дел од Струмичко поле. Сè е под вода, се – изјави градоначалникот Заев.

Водите на реката Струмица утрово го однесоа мостот кој го поврзува селото Злеово со Струмица, а населението од Злеово преку заобиколен пат се можат да патуваат кон Радовиш.

– Водениот бран надојде околу 6.30 часот и за две-три минути навлезе во нашиот дом. Не можевме ништо да спасиме – вели Никола Василев, чија што куќа е на брегот на одводниот канал.

Постарите жители од Дабиле се сеќаваат на поплавата во далечната 1963 година, кога парчиња лед го поплавиле целото село. Синоќешните обилни врнежи од дожд во овој регион дополнително ја отежнаа состојбата на теренот.
Според последните информации од Струмица, под вода се сите ниви, плантажи, оранжерии, подрумски простории и стопански објекти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top