Ознака: музика

ljubojna

Концерт на „Љубојна“ на Антички во Охрид

Post Views: 3 „Љубојна“, етно-групата која најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос вечерва на Антички во Охрид. Очекуваме убава Охридска вечер и незаборавен концерт на групата „Љубојна“, во пресрет на двата големи верски празници, рече секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.   „Ова е една од нашите зацртани цели и активности со цел на нашите граѓани и туристите да им понудиме повеќе културни настани, така што можам да ве известам дека годинава започнавме многу манифестации кои ќе станат традиционални и во иднина ќе ги надоградуваме не само во летниот период...

Continue reading

avstraljanec

Македонската песна е посебно ценета во дијаспората

Post Views: 10 Музиката ми е работа, студирав за кларинет и саксофон  во Сиднеј, настапувам во неколку групи и за се тоа сакам да дознаат моите сонародници од Македонија, раскажува за ТВМ младиот иселеник во Австралија Љупчо Стојчевски. Тој после 7 години доаѓа во Охрид и Битола, да каже како нашите во Австралија ја промовираат македонската култура и музика. „Целта наша е да се промовира македонската култура и музика надвор од македонскиот народ и сакаме Македонија да дознае за тоа. Тука сум до септември а вечерва ќе одам на фестивалот на песна во амфитеатар во Охрид, сакам да видам...

Continue reading

Rachard Galijano

Француска вечер на Охридско лето

Post Views: 0 Годинава честа да настапи на овој реномиран фестивал, но и наша да ја слушаме неговата изведба ја има уметникот од светски глас, виртуазот на хармоника Иван Денион и Маестро Ричард Галијано уметник кој со својот настап не само што ќе го одбележи 53 то издание на фестивалот туку воопшто ќе даде посебен допринос за целокупната фестивалска историја. „Маетро Галијано е познат како голем виртуоз на хармоника и неговиот допринос е токму тоа што инструментие од поп музиката ги донесе во светот на синфониската музика на синфонискиот оркестар. Познат како голем виртуоз  мајстор...

Continue reading

orkestar

Армијата на Република Македонија, поблиску до охриѓани

Post Views: 10 Армијата на Република синоќа барем за момент беше поблиску и до Охриѓани. Станува збор за реализација на само еден дел од проектот „ АРМ поблиску до граѓаните“, преку кој Министерството за одбрана и АРМ ќе се обидат преку музиката на воениот оркестар на АРМ, како и демонстрациите на методско-показни вежби на Градискиот батаљон, да се доближат до цивилното население. Самиот настан започна со дефиле по Охридската чаршија, на воодушевување на охриѓани и големиот број туристи, за да продолжи на Плоштадот „Крушевска република“, со едночасовен концерт. Покрај изведбата на...

Continue reading

balkanski festival

При крај подготовките за 52от Балкански фестивал на народни игри

Post Views: 3 Балканскиот фестивал на народни игри и песни и годинава ќе понуди многу танци, песни, и колорит. Подготовките за годинешното 52ро издание се при самиот крај. Како и секоја година, традиционални учесници ќе бидат земјите од Балканот, но ќе има и гости од Шпанија, Полска, Италија, Турција. Фестивалот се организира под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржува од 6ти до 11ти Јули. Сцената на Долни Сарај е местото на главното збиднување, додека низ охридската чаршија ќе бидат дефилеата на учесниците....

Continue reading

revija folklor

Пензионерите со песна од Охрид упатија позитивна енергија

Post Views: 0 Пензионерите од југозападниот регион запеаа и заиграа учествувајќи на 11 -тата ревија на песни, музика и игри. Домаќин на средбата  беше Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Охридските пензионери настапија со сплет на староградски игри и песни од Сараиште. Општина Дебрца се престави со звуците на гајдата и женско трио.  Пензионерите од 4-от југозападен регион упатија позитивна енергија преку песни и игри. Како главен мотив за учество на смотрите  ја посочуваат желбата за дружење.11-тата ревија на песни, музика и игри ја  прогласи за отворена  претседателката...

Continue reading

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 6 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги. „Вчера во Битола...

Continue reading

teatar

Концерт на чалгии, престава за деца и театарска премиера

Post Views: 3 Започнува музичкото загревање на предновогодишната атмосфера во Охрид. На 27 декември во четврток, од Центарот за култура го најавуваат музчкиот концерт на бендот „Чалгија саунд систем“. Концерт кој ќе придонесе за прекрасно расположение кај љубителите на чалгаџиската музика, информира директорката  на центарот за култура Драгана Боцевска.    „ Бендот „Чалгија саунд систем“  ја негува чалгаџиската музика и ќе изведе прекрасни песни  од регионот. Овој бенд ќе приреди пред новогодишна атмосфера и ќе предизвика  позитивни чувства кај публиката“, кажува Боцевска.    На 28...

Continue reading

rezija

Ќе се ревидира тарифникот за јавно емитување на македонска музика на ММИ

Post Views: 6 Владата ќе го ревидира тарифникот ММИ за јавно емитување на македонска музика. Овој контроверзен правилник кој го предложи новоформираното здружение Организација на македонска музичка индустрија или скратено ММИ, од неговото донесување па наваму сериозно оспоруван. По многубројните и бурни реакции од страна на локални и национални медиуми, како и од страна на здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија и други субјекти, Владата на Република Македонија одлучи да изврши негова ревизија. За таа цел тие одредиле дека Министерството за култура...

Continue reading

starogradski sredbi

Младите музичари се поприсутни на Староградските средби

Post Views: 0 Охрид по 24 пат ќе биде домаќин на староградските средби. Во Центарот за култура утревечер ќе одекне староградската песна од различни краеви на Македонија. Десет  ансамбли од различни градови  и возрастиќе го престават преку музиката  крајот од каде што доаѓаат.  Учениците од Државното музичко училиште „ Илија Николоски Луј“ ќе имаат сплет од песни и ора посветени на познатите охридски староградски музичари Тајфата на Садило, појаснува  директоката Драгана Боцеска. „Програмата е составена од изведувачи на различни возратси ија негуваат староградската музика и со  ентузијазам,...

Continue reading

kafana

Секое задоволство се плаќа

Post Views: 3 Колку пари толку музика. Министерството за култура воведува такса за пуштање музика. Неа ќе ја собира новоформирана организација на македонската музичка индустрија ММИ каде членуваат музички продуценти и изведувачи. Новата давачка ќе треба да ја плаќаат хотелите, рестораните, пицериите, кафетериите, сендвичарите и сите останати субјекти каде се пушта музика. Хотелиерите реагират дека во ова време на економска криза кога повеќето од нив се на работ на економска оправданост секој денар е важен. Тоше Чочоровски, директорот на хотел „Силекс“ вели дека постојано се носат...

Continue reading

OHF 2012

Пеењето може да започне!

Post Views: 1 Хоровите од 15 европски земји можат да го започнат своето претставување пред жирите, но и пред љубопитната публика. Јубилејното петто издание на Охридскиот хорски фестивал, вчеравечер беше означено за отворено на најдобар можен начин. Директорот на фестивалот, Александар Димовски, вели дека овој фестивал сведочи за долгата музичка и хорска традиција на нашиот град и изрази надеж дека настапот на овој фестивал сите учесници ќе ги потсетува на нивниот престој во Охрид. Покрај ревијалните настапи и натпреварувачкиот дел, Димовски вели ќе има и други активности. „Во рамките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top