Ознака: музика

ohf 2012

Мал јубилеј на Охридскиот хорски фестивал

Post Views: 7 Јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал. Оваа веќе реномирана музичка манифестација слави пет години од своето постоење. Од 23-ти па до 27-ми овој месец повеќе од 40 учесници од 16 различни земји ќе настапат во натпреварувачкиот дел. Хоровите ќе ги оценува меѓународно жири, еден хор ќе биде прогласен за најдобар и ќе ја добие гран при наградата. Покрај натпреварувачкиот дел, и во ова издание ќе има ревијални настапи со фолк, поп и вечер на духовна музика. И годинава неизбежни финансиските проблеми, но директорот на фестивалот, Александар Димовски вели дека и...

Continue reading

film studenti

Студентите на ЕСРА со мултимедијален настап пред охриѓани

Post Views: 2 Културната понуда во Охрид, летово доби нова квалитативна инјекција. Студентите на универзитетот за аудио-визуелни уметности, заедно со своите ментори, подготвија посебна мултимедијална програма за деликатната аудио-визуелна перцепција на охриѓани. Деканот на факултетот за применета музика, м-р Дарко Мариновски вели дека не е лесно да се организира еден ваков настан, но дека мора да се размислува спонтано. „Тој настан е сеопфатен еден вид на мултимедијален настан кој што е поделен во четири категории, почнувајќи со промоции на книги и презентации на слики, продолжувајќи...

Continue reading

Mischell Kamillo

Мишел Камило ја воодушеви охридската публика

Post Views: 8 Причина, настапот на  на еден од највозбудливите музичари на светската џез сцена, пијанистот од Доминиканската Република, Мишел Kамило. Без посебни барања за време на својот престој, овој скромен музички генијалец, синоќа во предворјето на црквата Св. Софија пленеше со својата театралност во изведбата, извонредната техника,силната енергија и амплитудата во динамиката, кавлитети кои го сместуваат во редовите на најпрепознатливите џез музичари на денешницата. Синоќешниот коцерт кој ја воодушеви публиката, беше дел од веќе започнатата светска турнеја од минатата година,...

Continue reading

kamilo

Мишел Камило на Охридско лето

Post Views: 1 Мишел Камило за прв пат пред охридската публика.  Добитникот на Еми и Греми награди за исклучителни достигнувања во музичката уметност вечерва ќе ги почести посетителите на Охридско лето со уште една музичка вечер за паметење. На денешната прес конференција која се одржа во хотелот „Инекс Горица“, прво се обрати селекторката на музичкиот дел од Охридско лето 2012 Гордана Неделкова Јосифова која со воодушевување и престижни епитети го најави овој реномиран пијанист и композитор Вечерашниов концерт на Мишел Камило прв во Македонија, е дел од светската турнеа која тој ја...

Continue reading

fakel

Танго, архитектура и „Хенри VI“

Post Views: 0 Во саботата навечер во просторот на катедралната црква Св. Софија италијанското дуо Џампаоло Бандини на гитара и Чезаре Кјакјарета на бандеон за сите љубители на аргентинската музика, уште еднаш со своите изведби ја открија самата душа на аргентинското танго. Ова специфично дуо уште од своето формирање стана важен дел од меѓународните музички кругови, благодарение на нивната комуникативност и харизма. Нивната изведба на делата на Пјацола, Таворало и Барди не оставија никого рамнодушен. Џампаоло Бандини, гитаристот во дуото истакна дека емоциите кои ги внесуваат при нивната...

Continue reading

JAZZ INN

Протестот на жителите од Стар град-црвен сигнал за надлежните

Post Views: 8 30-тина жители од улицата Коста Абраш синоќа после полноќ излегоа на мирен протест. Под полициско обезбедување тие го искажаа своето незадоволство од разуданиот ноќен живот кој го прават посетителите на кабарето „Џез Ин“. Тие се жалат дека 20 години буквално трпат терор од гласната музика, врева, тепачките под нивните прозори. Разочарани велат сега е премината секаква граница на трпеливост. Со сличен проблем, за кој од синоќа бараат решение соседите на  Каберето „Џез ин“, се справуваат и останатите жители од улицата Коста Абраш, кои што имаат домови на потегот кон останатите...

Continue reading

Ohrid jazz festival

Охрид подготвен за првиот џез фестивал

Post Views: 0 Со досега невиден настап на охридската ревиера за оваа сезона, синоќа на плажата „Куба либре“,„Васил Хаџиманов бенд“, го отвори првиот џез фестивал. Зборовите на младиот Хаџиманов кои ги кажа пред почетокот на концертот, „препуштете се на нашата музика и уживајте“,во текот на вечерта се потврдија и публиката доживеа неповторливт настан. Хаџиманов рече, дека чест му е што го отвора првиот џез фестивал, посебно што тој се случува во Охрид, градот за кој тој има напишано и композиција. Додаде дека секој нивни концерт кај и да се одржува е приказна за себе и однапред не...

Continue reading

Ohridsko leto

Светот е мал, а вистинскиот музичар не познава граници

Post Views: 12 Уникатна појава во светската музичка практика на денешницата и едни од пионерите во изведувањето на музиката на денешните епохи, „Хортус Музикус“, на Охридско лето. Андреас Мустонен дирегентот на овој музички ансамбл, вели дека станува збор за една посебна група, во моментов најстарата група која се занимава со ваков тип на музика, која самиот тој ја основал кога имал 16 години, а која веќе 40 години изведува музика од Бах како и современа музика. „Ние сме една оригинална група која изведува најразлични виидови на музика, од рана, стара музика, до модерна па поради...

Continue reading

Duke Bojadziev

Дуке Бојаџиев и „Love is the way“

Post Views: 7 Еден од  најзначајните македонски композитори и пијанисти Дуке Бојаџиев, вечерва на „Охридско лето“. После неговиот спектакуларен настап во Карнеги Хол во Њујорк, сега и македонската публика ќе може да ужива во проширеното издание на овој негов концерт. Камерниот состав на Македонската филхармонија, под дирегентската палка на Саша Николоски – Ѓумар, како и голем број уметници гости, со своето учество ќе го збогатат ова несекојдневно музичко доживување. Проектот „Love is the way“,кој својата премиера ја имаше во њујоршкиот „Карнеги хол“ на 16-ти април, сега и пред македонската...

Continue reading

Stefanoski

Невообичаен музички деликатес вечер пред охридската пубилка

Post Views: 0 Стефановски обајснува дека основа на вечерашниов концерт е балканската, македонска музика, но секако и класичните дела, како на пример на Ерик Сатија, Дебиси, Моцарт и Дворжак, кои во себе имаат фолклорни елементи и се слични со традиционалната или етно музиката. Стефан Миленковиќ вели дека она што е несекојдневното за овој музички настан, е фактот на едно место ќе видите еден врвен гитарист и еден врвен виолинист, кои заедно чинат еден неверојатен спој.„ Мислам дека секој од нас е доволно индивидуален и креативен па така комбинацијата веднаш создава нешто ново. И тоа...

Continue reading

nagrada Gorna Porta

Љупчо Константинов прв добитник на признанието „Горна Порта“

Post Views: 5 Тој додаде дека сите награди кои ги има во своите витрини му се доделени на музички и театарски фестивали, меѓутоа да добие награда за животно дело, досега немал прилика. Константинов истакна дека со забавната музика сериозно почнал да се занимава кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те, на сцената на Скопскиот фестивал, на која како што вели,  сите ние се афирмиравме. „И јас понекогаш се чудам дека толку многу проекти сум успеал да ги реализирам како соработник пред се, бидејќи јас пишувам применета музика, музика за театар, филм и телевизија“, потенцира Константинов. Охриѓанецот...

Continue reading

NU Gligor Prlicev

Полската филхармонија ќе гостува во Охрид

Post Views: 4 Варминско-мазурската  филхармонија „Феликс Нововејски“ од Олшин, Полска гостува во Охрид. Овој музички настан од класичната музика е освежување по затишјето на бројните  културните случувања во летниот период. Нашиот град покрај, Скопје и Битола влезе во програмата за одбележување на 200 годишнината од раѓањето на Шопен, со концертот на полската филхармонија Феликс Нововејски. Ќе се изведижуваат композиции од полски автори и  од Шопен. Со музичкиот оркестар  ќе раководи диригентот Јануш Пшибилски ,а пијано изведбата  е на Станислав Джевицки. Пијанистот Джевицки ќе свири...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top