Полската филхармонија ќе гостува во Охрид

Варминско-мазурската  филхармонија „Феликс Нововејски“ од Олшин, Полска гостува во Охрид. Овој музички настан од класичната музика е освежување по затишјето на бројните  културните случувања во летниот период.

 |  Валентина Неловска  | 
NU Gligor Prlicev
НУ Глигор Прличев

Dragana BocevskaВарминско-мазурската  филхармонија „Феликс Нововејски“ од Олшин, Полска гостува во Охрид. Овој музички настан од класичната музика е освежување по затишјето на бројните  културните случувања во летниот период. Нашиот град покрај, Скопје и Битола влезе во програмата за одбележување на 200 годишнината од раѓањето на Шопен, со концертот на полската филхармонија Феликс Нововејски. Ќе се изведижуваат композиции од полски автори и  од Шопен. Со музичкиот оркестар  ќе раководи диригентот Јануш Пшибилски ,а пијано изведбата  е на Станислав Джевицки. Пијанистот Джевицки ќе свири на концертниот клавир од Фестивалот Охридско лето.
Директорката на охридскиот  центар за култура, Драгана Боцевска  ветува во зимскиот период побогата понуда на музички случувања. Во овој период  Охрид е сиромашен со културни настани, а последното гостување на македонската филахармонија со Новогодишниот концерт беше пред 4 години. За македонските музичари поголем предизвик се патувањата во странство отколку гостувањата во внатрешните градови на земјата.  Боцевска тоа го оправдува со финансиските  трошоци за гостувањето на македонската филхармонија, но и од стравот дека Охрид нема публика за овој вид на музика.
Постои можност нагласува Боцевска за поинтензивна соработка помеѓу Центарот за култура и  фестивалот Охридско лето. Во иднина да се организираат  концерти и надвор од 40-те денови фестивалската програма на фестивалот Охридско лето. Само со континуирна понуда на културни случувања на музички  план,  Охрид  ќе заживее и вон летната сезона и ќе излезе од провинциските окови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top