Ознака: моментов

oktosi sredba Sela Timotej

Нема решение за проблемот со изградбата на црквата во Октиси

Post Views: 5 После триесетминутен разговор зад затворени врати митрополитот на Деберско Кичевската Епархија, г. Тимотеј и градоначалникот на Струга Зијадин Села не донесоа никаков заклучок во однос на изградбата на црквата во селото Октиси. По средбата струшкиот градоначалник рече дека се работи за меѓуверски конфликт, а тој само помага во неговото решавање. Според Села во моментов најдоброто решение е времена мерка за одложување на изградбата на параклисот, за што тој поднел барање до судот. „Нашата цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно без никакви проблеми. Не ни требаат верски...

Continue reading

деца

Јагма за место во охридските градинки

Post Views: 4 Над 145 деца се на листа на чекање за место во 5-те градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“. Во моментов реално според капацитетите, нема место ниту за едно од овие деца. Од 15- ти август дневно пристигаат и по 20 барања за место во градинката што ги надмина нашите очекувања, информира директорката на детската установа  Роза Костеска . Тоа е бројка која и кога би се изградиле два нови објекти  не би ги задоволиле сегашните потреби. Со децата кои треба да посетуваат продолжен престој оваа бројка би достигнала и до 750 деца за кој нашите градинки  немаат  капацитет, вели Костеска....

Continue reading

радиологија

Во Општа болница Охрид недостасуваат рендгенолози

Post Views: 2 Одделението за радиологија при општа болница Охрид остана  без специјалисти  рендгенолози.  Во моментов болницата располага со еден рендгенолог ангажиран на одделот за компјутерска  томографија. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов информира дека го известил ресорното Министерство и покренал иницијатива да се  најдат  излезни решенија за настанатата  ситуација од недостаток на специјалисти рендгенолози. За нормално да  се одвиваат болничките прегледи на болницата и се потребни минимум тројца рендгенолози, вели д-р Арнаудов. Засега болницата располага со доволно...

Continue reading

plaza Palas

Oд понеделник ќе се знае судбината на пристанишетето спроти хотелот Палас

Post Views: 15   Секторот за урбанизам при локалната самоуправа ќе го средува потегот од крајбрежјето. Од понеделник стручен тим ќе го разгледува деталниот урбанистички план за овој потег. По стручните консултации ќе се знае и иднината на малото пристаниште наспроти хотелот Палас, за кое ТВМ минатата недела пишуваше во два наврати. Од локалната откриваат дека последниот детален урбанистички план кој е валиден во овој момент за крајбрежејето односно за овој потег бил донесен на 22 мај 2001 год. „Планот е валиден и сега на тој простор стои истата маркица – пристаниште, онака...

Continue reading

zatvor

Охридскиот затвор место за ресоцијализација

Post Views: 3 Охридскиот затвор е едниствената казнено поправна установа за малолетни лица во земјава. Отворен за соработка директорот Стефан Трпеноски, ни откри како работи ова установа во поглед на затворските, односно притворските услови на лицата кои издржуваат казна за разни кривични дела. Трпеноски во брифинг за ТВМ потенцираше дека затворот е составен од два дела затвор и притвор. Притворените лица се во надлежност на судовите на градовите од каде што доаѓаат, односно од Охрид, Струга и Дебар, додека пак затворот има обврска да се грижи за сместување, исхрана, пружање здравствена...

Continue reading

gradezni aktivnosti informaticki univerzitet

Информатичкиот универзитет се проширува

Post Views: 4 Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите  со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.   „Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се...

Continue reading

simona

Мона продолжува со лекување

Post Views: 1 Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на  училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња  и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема  љубов за своето...

Continue reading

kapela

Муслиманите ќе почекаат за изградба на капела

Post Views: 15 Муслиманската капела доби темели и на тоа остана. Изградбата е стопирана скоро година дена поради немање на доволно финансии и за истата не е прибрана потребната техничка документација, информираат од ЈП „Градски гробишта“. Првиот човек на ЈП, Драган Пандески,  вели дека од нивна страна вложуваат максимални напори за да се изгради овој објект, но признава дека работите одат тешко. Тој додава дека клучот за изградба е во Министерството за финансии кое не го одобрила кредитот наменет за изградба на капелата. „Во моментов немаме изведувач. Вие знаете дека Советот на општина...

Continue reading

akteri

Новата театарска сезона во Охрид започнува на 29-ти септември

Post Views: 4 Наскоро започнува новата тетарска сезона во Охрид. Од „Охридскиот народен театар“  најавуваат дека репертоарот ќе започне на  29-ти септември, со претставата која премиерно беше прикажана во јуни годинава, „Свадбата на Итар Пејо“, во режија на Дејан Дамјаноски. Во моментов финализираат подготвките за претставата „Малограѓанска свадба“,  на Бертол Брехт, во режија на Дејан Пројкоски. Престава која ќе биде вистинско доживување за публиката и со малку подолга премиера од неколку дена,  вели директорот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски. „Новата претстава ќе биде ексклузивна...

Continue reading

инфо

Охрид ќе се „поднови“ со инфо центар

Post Views: 5 Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите се...

Continue reading

konferencija

Животот поевтин од имотот

Post Views: 0 „Предизвици во хармонизирањето на домашната регулатива и супервизија на осигурувањето со регулативата и праксата на Европската Унија“, тема на конференцијта која денеска се одржа во Охрид. Организатор на оваа регионална конференција е Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија. Целта е да се разгледаат важните прашања околу хармонизација на регулативата и праксата од ЕУ во домашниот правен систем, како и да се овозможи размена на искуствата меѓу регулаторите. „ Целта на оваа конференција е усогласување со законската регулатива од ЕУ. она што е важно е имајќи...

Continue reading

mirjana lozanoska

Се подготвува студија за колекторски ситем на шест општини

Post Views: 1 Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со отпадните води во шест општини. Студијата за проектот е веќе готова, во моментов се преведува на англиски јазик, бидејќи се подготвува документацијата за реализација на проектот преку компомента на ИПА регионален развој. Вредноста на инветицијата е 20 милиони евра. Општините Вранешница, Пласница, Осломеј, Кичево, Другово и Зајас, ќе добијат колекторски систем и две прочитителни станици. Физибилити студијата за проектот е веќе готова, а во моментов истата се преведува на англиски јазик  и подготвува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top