Oд понеделник ќе се знае судбината на пристанишетето спроти хотелот Палас

Стручен тим од локалната самоуправа ќе го разгледува деталниот урбанистички план за крајбрежјето.

 |  Маленкова Татјана  | 
plaza Palas
плажа Палас

 

Секторот за урбанизам при локалната самоуправа ќе го средува потегот од крајбрежјето. Од понеделник стручен тим ќе го разгледува деталниот урбанистички план за овој потег. По стручните консултации ќе се знае и иднината на малото пристаниште наспроти хотелот Палас, за кое ТВМ минатата недела пишуваше во два наврати. Од локалната откриваат дека последниот детален урбанистички план кој е валиден во овој момент за крајбрежејето односно за овој потег бил донесен на 22 мај 2001 год.

„Планот е валиден и сега на тој простор стои истата маркица – пристаниште, онака како што стои. Нема plaza Palasништо предвидено. Тоа не значи дека локалната самоуправа не размислува да го промени тој простор. Мислам дека во текот на наредната недела стручни тимови од нашиот сектор токму ќе го разгледуваат крајбрежјето и постојните урбанистички решенија, се размислува да се промени тој дел, а како ќе изгледа во моментов не можам да кажам“, вели портпаролот на локалната самоуправа, Томе Џамтовски.

Џамтовски се сложи дека ова пристаниште кое важи за едно од најфотографираните одбележја на Охрид е крајно небезбедно и опасносно за минувачите. На прашањето дали локалната ќе превземе нешто за да се заштитат минувачите портпаролот рече:

„Од она што спомнав дека наредната недела кога ќе се одржи тој колегиум на нашиот стручен тим ќе расправаме, а можеби ќе оствариме контакт и со капетанија, министерство за транспорт и врски, бидејќи катастарски пристаништата гласат на Р Македонија и на министерството за транспорт и врски. Неможам однапред да кажам, но со голема веројатност е за очекување, дека ќе има луѓе и од овие институции претпоставувам дека многу брзо ќе се најде решение за граѓаните најбезбедно да го користат тој простор или онаму каде неможе да се користи да се стават соодветни препреки за да не дојде до несакани последици“, вели Џамтовски.

plaza PalasТвм минатата недела ја започна приказната за пристаништето кое од ден на ден се распаѓа пред очите на надлежните, а никој не реагира. Според податоците кои постојат во историскиот архив плажата специјално направена за хотелот Палас била направена според план од Градскиот народен одбор во 1958/59 год. Првичното име на оваа плажа било „Сирена“. На социјалните мрежи, познавачите на историјата на Охрид веднаш објавија стари фотографии преку кои се потсетија како некогаш изгедала плажата која ги обединувала охриѓани.
 
„На мостено пред Палас“, така е денешниот назив на младите за оваа локација која за жал моментално повеќе наликува на руина отколку на прекрсно место за уживање… “ пишува наш сограѓанин.  Друг пак надоврзувајќи се додава: „ пред толку време убајна, а сега „само мост кој води никаде“. Има и коментари од типот дека ова место било прекрасно, каде некогаш се држеле и часови по фискултура и пливање со Леко Радиќ.

Во овој момент не се знае дали ќе се изработи нов план, или пак ќе се реализира оној го го има изготвено фирмата Импума во 2002 год. Најважно во моментов кога сме на прагот на туристичката сезона  да се обезбеди локацијата.

Едно е сигурно некогашната плажа Сирена ќе остане само во сеќавањата на охридските носталгичари.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top