Ознака: моментов

rudari

Трагедија во рудникот САСА

Post Views: 11 Трагедија во рудникот за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица. Според првичните информации што ги добивме од полицијата, утрово во една од рудничките јами починал 27 годишниот Даниел В. родум од виничко. Неофицијално, во критичниот момент Даниел возел локомотива. Во еден момент од спротивниот правец наишла друга локомотива која го удрила рударот во градниот кош и го усмртила на лице место. Увидот што во моментов се врши на местото на трагедијата ќе даде официјална информација за причините за трагедијата. По неговото завршување, надлежните истражни органи најавија...

Continue reading

bebe

Плодна година

Post Views: 2 Одделението за гинекологија и акушерство од Струга, функционира како регионално. Посебно тоа е изразено од крај на месец август годинава, кога обемот на работа на ова одделение е зголемен дури за 100%. Началникот на ова одделение Др. Мухамед Асани, вели дека во сите сегменти од работењето во гинекологијата, бележат зголемени бројки, како на раѓања, контроли, прегледи така и на сите останати услуги кои што се во тој домен. Асани додава, дека позитивниот исход во справувањето со ваквиот тек на работа, е единствениот мотив да продолжат безрезервно да си ја извршуваат својата...

Continue reading

Gjorgi Trpcevski

Државата има пари за колиби, но не и за пензионерски дом

Post Views: 7 Со свечена академија се одбележаа 64 години од постоењето на Пензионерската организација во земјава. Здружението  на пензионерите од Охрид и Дебрца за прв пат со свечена академија го одбележа својот ден. Претседателот на здружението Ѓорѓи Трпечески  при тоа потсети на изминатиот период и на сите проблеми со кои се соочувале пензионерите, а тешкотиите биле надминувани. Тие бараат достоинствено третто доба, а се надеваат дека со владината стратегија за стари лица 2010-2019 популацијата ќе се вклопи во системот на државата.Во Здружението на Охрид и Дебрца во моментов членуваат...

Continue reading

Struga

Езерото исфрли три тела на струшката плажа Галеб

Post Views: 15 Пред нецел час на струшката плажа Галеб забележани се три безживотни тела на повозрасни мажи. Се претпоставува дека се удавени во водите на Охридското езеро. На местото на настанот сеуште не се пристигнати екипи на ОВР Струга ниту пак Истражен судија. Индентитетот на жртвите не е познат. Сите информации во моментов се сведуваат на шпекулации. Повеќе во Дневникот на ТВМ во 17:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

kumanovo

Хаџи Јанев: Земјава во моментов е безбедна

Post Views: 10 После големиот терористички напад во Куманово, Македонија испрати силна порака до сите оние кои сакаат да ја дестабилизираат состојбата во земјава: „Општеството не е како она во 2001 година, туку овој пат граѓаните се сплотени во делот кој беше извор или потенцијал за избувнување на конфликтот. Ова го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев. Тој напомена дека треба сите внимателно да се однесуваме кон ваквите појави, да ги запазиме демократските теркови за да може да го задржиме курсот за градење стабилно опшество. Хаџи Јанев додаде дека треба будно да се...

Continue reading

ponton

Изградена потонска платформа за извлекување на бродови на суво

Post Views: 0 Изградена потонска платформа за извлекување на бродови на суво. Со приватната инвестиција на фирмата „Наватех“ од Охрид сега се овозможува технички преглед на бродската флота на Охридското езеро. Во  бродарството имаше од поодамна недостаток од  услови за технички преглед на бродовите со извлекување на суво, вели Горан Устијаноски капетан на Охридската капетанија. „ Платформата е направена од приватни инвеститори и ние како капетанија ја поддржуваме нивната иницијатива. Со овој нивен чекор трајно се решава горливиот проблем кој досега го имавме. Направена е платформа,...

Continue reading

ukrasi

Охрид полн со гости за Велигденските празници

Post Views: 0 Велигденските празници го наполнија Охрид. Тоа пред се се должи на четиридневното прославување на празникот. Присутни се гостите од соседството, но има и голем број домашни гости. А убавините на Охрид секогаш ги примамуват  гостите да го посетат ова културно историско место не само еднаш туку два и повеќе пати, како што кажаа гостите кои ги анкетиравме.   „Многу ми се допаѓа Охрид, веќе 11 години доаѓам во лето и за Велигден. Ќе останиме во Охрид до среда. Ни се допаѓа градот повеќе пати сме биел овде и ова место ни е омилено.Овде се заљубивме пред 6 години, и веќе 7-8...

Continue reading

pesacka pateka

Течат градежните зафати за пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк

Post Views: 0 Градежните зафати за првите 210 метри од пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк во должина од 1700 метри ќе бидат готови до почетокот на сезоната, најавуваат од Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта при општина Охрид. Како што изјави Љупчо Танески проектираната стаза почнале да ја градат пред еден месец и во моментов во полн ек биле градежните зафати за првата фаза. „Согласно тендерските услови планирано е пешачката патека да биде готови до почетокот на летната сезона, тука сме ние како орган да ја утврдиме, пропишиме и следиме динамиката на изведените...

Continue reading

kuvar

Ќе се подобрува гастрономската понуда во градов

Post Views: 1 Влатко Огненовски, готвач со големо искуство зад себе кој занаетот го печел во Сиена, Прага, Париз, Њу Јорк, Порторико, Барбадос, Мексико, Бермудските острови, Хавана, Лаос, Камбоџа, Тајланд, Косово, Црна Гора, ќе ја осовременува македонската национална кујна. Тој заедно со својот тим ќе креира модерна македонска кујна од поднебјето на Охрид. Тој вели дека доколку сакаме да развиваме туризам во градов мора да ја подобриме гастрономската понуда. Објаснува дека во моментов мениата кои им се нудат на гостите се преобемни, но без никаква креативност во јадењата кои се подготвуваат. Очекуваме...

Continue reading

odw

Цубалески: Охриѓани гладни се за работа

Post Views: 5 Динамиката на воспоставување кооперански односи на странските инвеститори со локални компании и ангажирање на што поголем број работни кадри од Охирд е една од суштинските потреби на градот. Ова денеска го  истакна Градоначалникот Никола Бакрачески на средбата со проект менаџерот на фирмата ODW-elektrik, Огнен Цубалевски.  Градоначалнкот беше запознат со досегашната реализација на оваа германска инвестиција во Охрид. „Денес во текот на оваа работна средба ги видовме сите аспекти. И  понатака ние како Локална самоуправа силно остануваме посветени на можностите да дадеме...

Continue reading

музеј

Златото на Лихнитида ќе биде изложено на денот на Св. Климент

Post Views: 2 Охриѓани за еден месец ќе го видат Златото на Лихнитида.  Златната соба ќе биде отворена на 8 декември на Св. Климент, патронатот на градот. Припремите за отварање на поставката која ќе содржи 400 златни артефакти се во завршна фаза. Во моментов во печат е даден каталогот кој го работат археолозите Паско Кузман и Нада Почич Кузман, информира Тања Паскали Бунташеска.  Во меѓувреме во Завод и Музеј ќе се вратат експонатите кои се отстапени на изложби дома и во странство. Од јули златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени во близина на Горна Порта се изложени во германскиот...

Continue reading

dokumenti

Ќе се аплицира за откуп на дворно место и без сите документи

Post Views: 1 Граѓаните кои во моментов ги немаат сите неопходни документи за да поднесат барање за откуп на дворно место за едно евро -1 м2, ќе можат да го сторат тоа со минимална документација, а по истекувањето на рокот, ќе можат да ги достават преостанатите документи. За ова информираше Министерот за Финансии, Зоран Ставрески. Како што кажа Ставрески оваа одлука е донесена поради зголемениот број на граѓани кои во последен момент решиле да поднесат барање. Оние кои ќе решат да го сторат тоа во наредните четири дена, по што истекува рокот, ќе можат да аплицираат со лична идентификација,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top