Ознака: маса

Се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, само ако се од исто семејство

Post Views: 7 Владата ги донесе и измените и дополнувањата на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство. На седницата беше заклучено Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое не беше опфатено со мерките...

Continue reading

most na nina

Ќе никне нов „Мост на Нина“

Post Views: 1 Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов. Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година,...

Continue reading

NP

Народниот правобранител во Вевчани

Post Views: 1 Претставници на народниот правобранител во Вевчани. „Напредување на соработката на Централната власт и Локалната самоуправа со народниот правобранител“ е главната цел поради која на тркалезна маса седнаа претставниците на народниот правобранител како и претставници на надлежните институции од оваа општина. Градоначалникот Перо Илиески, како домаќин рече дека присуството на народниот правобранител во неговата општиина е мошне значајно. Заменикот на народниот правобранител, Даут Селман, рече дека многу малку луѓето од руралните средини се зпознати со носечката улога која...

Continue reading

Felipe Masa

Ферари може да смета на Маса од 2010

Post Views: 7 Повредениот возач на Формула 1, Фелипе Маса, ќе биде стопроцентно подготвен за повторно да вози почнувајќи од следната сезона, соопшти неговиот тим Ферари по вчерашните дополнителни медицински прегледи на Бразилецот во Мајами. Портпаролот на тимот ја отфрли можноста Маса да се врати до крајот на годинава. Нивниот возач во следните неколку дена ќе има пластична операција, а во понатамошниот период на заздравување ќе следуваат физички вежби. „Сите тестови се со позитивен резултат, вклучувајќи го и тој за левото око. Се’ е во ред со Фелипе и тој ќе може повторно...

Continue reading

Felipe Massa

Фелипе Маса одлично закрепнува по тешката несреќа во Хунгароринг

Post Views: 3 Веќе иднава недела возачот на Ферари во Формула 1 би требало да се врати во Бразил. Претходно, првпат по будењето од кома, имаше дури и средба со новинарите. Да се потсетиме дека Маса доби прелом на черепот и повреда на левото око, за време на возењето за  квалификациите за Големата награда на Унгарија, кога во главата (во кацигата), го погоди еден федер што отпаднал од болидот на неговиот сонародник Рубенс Баричело. “Знам дека сум среќен што сум жив, но повторно ќе се тркам“, решително порача Маса. “Кога се разбудив од кома, воопшто не знаев зошто сум во болница. Почнав...

Continue reading

Michael Schumacher

Шумахер на местото на Маса

Post Views: 5 Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер ќе го замени Фелипе Маса во екипата на Ферари, во седумте преостанати трки од оваа сезона. Веста ја објави германскиот весник „Билд“, според кој Шумахер лично потврдил дека ќе ги вози преостанатите трки и воедно му се заблагодари на Господ што Фелипе Маса е вон животна опасност. „Вистина е дека јас сум ја завршил својата авантура во Формула 1, но не можам да не одговорам на таквото барање на мојот тим кој се наоѓа во еден тежок момент“, изјави Шумахер. На 23 август, на Големата Награда на Европа која се одржува...

Continue reading

Felipe Masa

Фелипе Маса наскоро излегува од болница

Post Views: 0 Возачот на Ферари Фелипе Маса продолжи во Будимпешта успешно да се опоравува по тешката несреќа на патеката Хунгароринг и можно е да биде пуштен од болница до крајот на оваа недела. Директорот на Ферари Стефано Доменикали и неговиот претходник Жан Тод, како и семејството на Маса, го посетија Бразилецот во болницата АЕК, а лекарите соопштија дека возачот на Ферари мора да се опоравува „чекор по чекор”. „Штом ќе биде во состојба, ќе се врати во својот болид. Ми се чини дека Фелипе покажа фантастичен напредок за само три дена”, изјави Доменикали. Лекарскиот тим во болницата...

Continue reading

women

Изберете вежби според типот на вашата конституција

Post Views: 7 Главната причина поради која треба да знаете во кој телесен тип припаѓате е да имате подобар увид во своето тело а со тоа да знаете што би требало да одземете или додадете за изградба на чиста мускулна маса која сите ја посакуваат. ЕндоморфЕндоморф е спротивен на ектоморф и треба да се сконцентрира на топење на масни наслаги со што би го убрзале метаболизмот а со тоа би ја одржувале телесната тежина на нормала. За време на тренингот би требало да вежба со умерени тежини но со мали паузи меѓу сериите. Треба да го смали внесот на калории така што би земал мали порции на...

Continue reading

Ikea со решение за времето проведено во седечка положба

Post Views: 0 Проблемите со времето поминато во седечка положба и тоа како влијае на здравјето, а Ikea е позната по својата иновативност и напредни решенија па така понуди интересен концепт кој барем делумно може да ги ублажи последиците. Компанијата се обиде да пронајде решение кое не го исклучува продолжението на работата, но овозможува да се “истегнете” или работата да ја продолжите во стоечка положба. Новата прилагодлива маса која е наречена Bekant-Ergonomi е идеална за сите оние кои се по цел ден во канцеларија. Имено, станува збор за маса која се прилагодува по висина, но тоа...

Continue reading

logo

Зајакнување на соработката меѓу локалната власт и полицијата

Post Views: 3 „Зајакнување на професионалните стандарди во полицијата преку подобрување на соработката со локалната власт и полицијата“ беше темата на тркалезната маса одржана вчера во хотелот „Милениум“ во Охрид. Поднесувањето на претставка е значајно за полицијата да може да дејствува на подобрување на квалитетот на својата работа и истовремено да ја зацврсти довербата на јавноста, рече во своето излагање д-р Анета Станчевска, помошник на министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Образложувајќи го системот за поднесување претставки, Станчевска нагласи дека поднесувањето...

Continue reading

police

Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид

Post Views: 6 Во Охрид започна дводневна тркалезна маса на која учествуваат  претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет. Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал. На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога. Тема ќе бидат и казните...

Continue reading

ubistvo

Денковски: Р’кулот го убив поради заканите кон моите деца

Post Views: 66 Четириесет и седумгодишниот Денковски денеска во судот раскажа како Р’кулот три до четири месеци пред убиството му се заканувал за да му врати наводен долг од 11.000 евра за автомобил “голф 4“.“Пред три четири години од него купив голф 4 од него му дадов 10.500 евра во кеш, а потоа му дадов туш кабина која вредеше 400 евра и му доплатив уште 500 евра. Но, потоа три четири месеци убиството ми се јави и ми рече ’гледам тука во тефтерот ми должиш 11.000 евра“, вели Денковски. Потоа, Р’кулот и негови блиски луѓе, според зборовите на обвинетиот убиец, речиси секојдневно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top