Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид

Експерти за борба против дрога на тркалезна маса во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
police
police

Во Охрид започна дводневна тркалезна маса на која учествуваат  претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет.droga

Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал.

На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога.

Тема ќе бидат и казните во регионот, Европа и САД за одгледување, производство, дистрибуција, трговија, поседување и употреба на дроги.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top