Денковски: Р’кулот го убив поради заканите кон моите деца

Ги трпев заканите на Р’кулот се’ додека не почна да се заканува и по животите на моите деца, тогаш не можев повеќе, вака Тони Денковски ги објаснува причните поради кои на втори септемвруи годинава ги уби Јордан Јорданов – Р’кулот, Влатко Андреев и Владо Милошев во рибниот ресторан “Биг Фиш“ во Аеродром.

 |  Маја Савиќ  | 
ubistvo
убиство

ubistvoЧетириесет и седумгодишниот Денковски денеска во судот раскажа како Р’кулот три до четири месеци пред убиството му се заканувал за да му врати наводен долг од 11.000 евра за автомобил “голф 4“.
“Пред три четири години од него купив голф 4 од него му дадов 10.500 евра во кеш, а потоа му дадов туш кабина која вредеше 400 евра и му доплатив уште 500 евра. Но, потоа три четири месеци убиството ми се јави и ми рече ’гледам тука во тефтерот ми должиш 11.000 евра“, вели Денковски.

Потоа, Р’кулот и негови блиски луѓе, според зборовите на обвинетиот убиец, речиси секојдневно му се јавувале и му се заканувале да го исплати долгот.

“Почна да се заканува и на другите лица од моето семејство, на ќерка ми и на синот. Синот може да го прошетаме малку, па ако биде добар да ти го вратиме да ти раскаже како си поминал“, раскажа Денковски во судницата во Основиот суд 1 во Скопје.

Вели заканите кулминирале кога случајно се сретнале во “Биг фиш“, а велешанецот му рекол дека има половина час да ги донесе парите или “е готов“.

“Го видов како седи на маса се поздравив со него… Потоа ги видов како се растрчаа, се јавуваа на телефони, минувајќи покрај мојата маса на Јордан му реков да направиме муабет да ја средиме работата, а тој ми одговори дека имам половина час да ги донесам парите или готов сум“, рече Денковски во својот исказ.

Исплашен за својата и безбедноста на семејството Денковски заминал во неговата куќа во Припор, зел пушка и се вратил во ресторанот.

“Му реков Јордан дигни ја главата и испукав неколку куршуми во него“, вели Денковски. Тој тврди дека непланирал да ги убие другите кои седеле на масата, но го видел Андреев како се фаќа за појасот и мислејќи дека ќе извади оружје пукал и во него.

Утрото по убиството Денковски сам се пријави во полициска станица, откако ноќта ја минал на полињата покрај автопатот Скопје – Куманово.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top