Ознака: март

satce

Викендов почнува летното сметање на времето

Post Views: 4 Во ноќта меѓу сабота и недела, овој викенд, сказалките на часовниците во два часот наутро на 29-ти март 2015 година, треба да ги поместиме  за еден час напред, односно да ги наместиме на три часот. Со тоа започнува летното сметање на времето, кое ќе трае до 28-ми октомври. За разлика од зимскиот период, кога многу се радуваме затоа што “добиваме еден час повеќе,” транзицијата во летно сметање на времето никој не ја сака, затоа што спиењето наутро е за”еден час пократко”. Летното сметање на времето или летно време е конвенција за поместување на часовниците со чие воведување,...

Continue reading

sonce

Сончево затемнување, рамноденица и супермесечина

Post Views: 2 Во петок на 20-ти март ќе се случи интересен астрономски настан – затемнување на Сонцето. Но тоа не е се. Од астрономските феномени истиот ден следува и супер месечината, како и пролетната рамноденица. За жал, од кај нас нема да се гледа целосно затемнување, а таа привилегија ќе ја имаат само жителите и посетителите на Фарските острови и на островите Свалбард на крајниот север на нашата планета. Цел остаток од тоталитетот ќе поминува низ Атлантскиот и Северниот Леден Океан. Малкуте места, каде што поминува тоталитетот на копно, не го прават ова затемнување толку интересно...

Continue reading

vreme

Во недела почнува летното сметање на времето

Post Views: 3 Летното сметање на времето годинава ќе започне во недела на 30 март во 2 часот изутрина, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно на 3 часот. Летното сметање на времето секогаш почнува во последниот викенд во март и трае се до последниот викенд во октомври, кога стрелките се поместуваат за еден час наназад, од 3 на 2 часот. Целта на летното сметање на времето е подобро да се ускладат часовите на дневна светлина и работното време и наставата во училиштата. Наместо раната утринска дневна светлина додека луѓето уште спијат, останува...

Continue reading

kandidati

Почнува кампањата за претседателските избори

Post Views: 0 Денеска започнува дваесетдневната кампања за претседателските избори закажани за 13 март. Четворицата кандидати за претседателската функција ќе ја бараат довербата на граѓаните. Во првиот круг силите ќе ги одмерат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Ѓорѓе Иванов кој ја има поддршката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илијаз Халими зад кој застана ДПА и Зоран Поповски номиниран од партијата „Гром”. Пендаровски кампањата ја почнува од Скопје, Иванов тргнува од Охрид, Халими ќе се претстави на промотивниот митинг во Чаир, а Поповски стартува од Лептокарија во општина Карпош. Претседателската...

Continue reading

logo

Денес се одбележува Денот на лицата со Даунов синдром

Post Views: 28 Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година. Тој ден е прогласен од страна на Европската Даунов синдром асоцијација за време на нивниот европски конгрес во Палма де Мајорка (февруари 2005 година). Во САД, Народното Даунов синдром општество обележува Даунов синдром Месец секој октомври како “ форум за отфрлање на стереотипите, обезбедување на точни информации и подигнување на свеста и потенцијалот на индивидуата, со Даунов синдром” , а во Јужна Африка, денот на Даунов синдром се одржува на секој 20-ти октомври.  Организациите како Специјална...

Continue reading

Нови пониски цени за уште 352 лека

Post Views: 4 Намалени се цените на лековите и на болничката и на аптекарската листа.Поевтинија уште 352 лека. По пониска цена има терапија  речиси за сите заболувања. Вкупната годишна заштеда за граѓаните и здравствените установи изнесува 3,2 милиони евра. Генеричките лекови во просек се намалени за 18 проценти, а оригиналните и иновативните за 6 отсто. Некои медикаменти се поевтини и за 5000 денари. – Најголемо намалување се јавува кај следните генерики: Ironotecan од 100 ml (лек за карцином) – со разлика во цена од 64,44 проценти (стара цена била 8.450 денари, а новата изнесува...

Continue reading

зграда

Се продолжува рокот за легализација на терасите

Post Views: 5 Со измените во Законот за постапување со бесправно изградени објекти пролонгиран е рокот за поднесување барања за утврдување правен статус на ваков вид бесправно изградени објекти. Се работи за градежни решенија што биле наменети за тераси или пак тераси пренаменети во станбен простор на објектите со основна намена домување во колективни станбени згради. Одредбите се однесуваат и на објекти на кои се завршени градежните и инсталациските работи и претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 3 март 2011 година. Имателите на ваков вид објекти може да достават...

Continue reading

spisoci

Изборниот процес со полна пареа

Post Views: 1 Државната изборна комисија денес треба да го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче по пат на ждребување и добиената листа веднаш ќе ја објави во Службен весник. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 24 март. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13 април, а евентуален втор круг закажан е за 27 април. Денес 17-ти март, истекува рокот во кој е предвидено политичките партии до ДИК да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за претседателските избори. По ова барање ДИК треба...

Continue reading

logo

Денес е Летник!!!

Post Views: 20 Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во...

Continue reading

doktor

На 1-ви март официјално започнува проектот „Рурален доктор“

Post Views: 3 На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“. Проектот е всушност отворање на пунктови со лекар и медицинска сестра кои ќе вршат обиколка и ќе вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом. Пет пунктови се веќе поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Вчера министерот за здравство, Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Крушево, каде што се информираше за состојбите и потребите на таа здравствена...

Continue reading

uvid

Проверете дали ве има во избирачкиот список

Post Views: 1 Од вчера во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија почна увидот во Единствениот избирачки список како и собирањето потписи за кандидат за претседател од група избирачи за претстојните претседателски избори. Увидот ќе трае 20 дена, односно граѓаните со право на глас до 7 март секој ден во периодот од 8.30 до 19.00 часот ќе имаат можност да проверат дали се наоѓаат на списокот и на кое избирачко место ќе гласаат, а ако има потреба може да побараат запишување, дополнување или бришење на податоците. Во Избирачкиот список предвиден за гласање...

Continue reading

britanska viza

Од март апликации за британски визи и во Скопје

Post Views: 3 Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција. Од 26 март ќе може да се аплицира во канцеларијата на компанијата која ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија. Канцеларијата ќе работи во период од 9 до 13 часот, од понеделник до среда, а апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин. За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top