Викендов почнува летното сметање на времето

Во ноќта меѓу сабота и недела, овој викенд, сказалките на часовниците во два часот наутро на 29-ти март 2015 година, треба да ги поместиме  за еден час напред, односно да ги наместиме на три часот.

satce
сатче

Во ноќта меѓу сабота и недела, овој викенд, сказалките на часовниците во два часот наутро на 29-ти март 2015 година, треба да ги поместиме  за еден час напред, односно да ги наместиме на три часот.

vremeСо тоа започнува летното сметање на времето, кое ќе трае до 28-ми октомври. За разлика од зимскиот период, кога многу се радуваме затоа што “добиваме еден час повеќе,” транзицијата во летно сметање на времето никој не ја сака, затоа што спиењето наутро е за”еден час пократко”.

Летното сметање на времето или летно време е конвенција за поместување на часовниците со чие воведување, попладнето трае подолго и ќе има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата ќе бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред напролет, а да се враќаат еден час наназад наесен. Летно време во Европа ќе трае до последниот викенд во октомври.Овој систем е предложен во 1905 година од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година како вонвременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата за летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На Јужната хемисфера почетокот на летното време е обратен од Северната.Во Србија, летното сметање на времето беше воведено на 27 март 1983 година. Од 1995 година, поместувањето на часовници, врз основа на одлуките донесени од страна на Владата, се прави во последната недела од септември, а пред осум години Србија, донесе нов закон со кој летно сметање на времето се усогласи со Европската Унија. Како дел од СФРЈ,  во Македонија, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996 година е регулирано со Закон за сметање на времето.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top