Денес се одбележува Денот на лицата со Даунов синдром

Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година.

logo
Лого

Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година. Тој ден е прогласен од страна на Европската Даунов синдром асоцијација за време на нивниот европски конгрес во Палма де Мајорка (февруари 2005 година).

logoВо САД, Народното Даунов синдром општество обележува Даунов синдром Месец секој октомври како “ форум за отфрлање на стереотипите, обезбедување на точни информации и подигнување на свеста и потенцијалот на индивидуата, со Даунов синдром” , а во Јужна Африка, денот на Даунов синдром се одржува на секој 20-ти октомври.  Организациите како Специјална олимпијада од Хаваи обезбедува долгогодишна обука и спортување за лицата со интелектуална попреченост како Даунов синдром.

Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Од Центарот за Даунов синдром кај нас,  се вклучуваат во светската мапа на голема кампања по повод Светскиот ден на дауновиот синдром, која во сите земји е различна, но годинава заеднички чинител е носењето шарени чорапи.

Лицата со Даунов синдром може да бидат работоспособни, да имаат вработување, сами да се издржуваат, да живеат самостојно. Овие лица живеат во нашиот свет, да го смениме нивниот живот од раѓањето, па натаму, за да бидеме во ситуација која ќе бидат возрасни единки да бидат веќе изградени личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во општеството. Многу важно е да се потрудиме системски заеднички да понудиме поквалитетен живот на овие лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top