Post Views: 14
Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваа денеска. Се асфалтираше делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот.
По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“.
Инаку, согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. Изведувач на градежните зафати е АД „...
Post Views: 0
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.
Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните...
Post Views: 1
Македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк, Дуке Бојаџиев вечер со свој концерт пред фестивалската публика на годинешното „Охридско лето. Низ неговата интернационална кариера, Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов.
„Овој пат свирам со мојата стара постава со која настапувам овие години , Исмаил Лумановски на кларинет, тој доаѓа од Њу Јорк, Мартин Ѓаконовски Шпато од Келн и Костас Анастасијадис е од Солун. Тие ми се стар тим со кои работиме концерти веќе...
Post Views: 8
Поради изведување на градежни работи на ул. „Македонски Просветители“ (втора фаза) на потегот од крстосницата на оваа улица со улицата „Димитар Влахов“ до крстосницата со улица „Партизанска“ (позади ТЦ Амам) од ден 31.01.2022 година (понеделник) на горенаведениот потег се забранува запирање и паркирање на моторни возила.
Во период додека трае втората фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ – такси станицата лоцирана во џебот пред Пошта Охрид времено се дислоцира на почетокот од улицата „Партизанска“ од десната страна гледано во насока на движење.
Делот...
Post Views: 4
Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти амбасадата на Руската Федерацija Македонија, пренесувајќи го соопштението на руското министерство за надворешни работи.
„Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“, пишува...
Post Views: 2
Владата ѝ препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да се најде начин, спортските канали Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во нашата држава да можат да се емитуваат на македонски/албански јазик.
Ова го соопштија од Владата откако била разгледана и усвоена информацијата за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија преку јавни комуникациски мрежи.
Агенцијата треба да ја извести Владата во рок...
Post Views: 10
Кардиолози од „ЈЗУ Завод за Кардиоваскуларни заболувања- Охрид“ и универзитетеската Клиника за кардиологија од Скопје престојуваат на најголемиот конгрес од областа на интервентната кардиологија TCT 2018 кој секоја година се одржува во САД , а оваа година домаќин на настанот е градот Сан Диего во Калифорнија.
На овој годишен собир Кардиолошкиот Завод од Охрид го преставуваа Д-р Никола Бакрачески, Д-р Дејан Манчески и Д-р Благоја Стефаноски од Охрид, а Д-р Оливер Бушлетиќ ја преставуваше Клиниката за Кардиологија од Скопје. Нивното учество на конгресот беше заокружено...
Post Views: 12
Екоактивисти упатија порака „Не сечете ги дрвјата“, за сечата на дрворедот на булеварот Македонски Просветители. Се собраа пред општинската зграда за да го искажат незадоволството со мирен протест и со транспаренти за сечата на липите и костените поради реконструкција на улицата. Избран е погрешен начин за модернизација на улицата со кој проект треба да се исечат шеесеттина дрвја, стари по неколку децении, од двете страни на сообраќајницата, кажа Симон Карашов.
Го поздравуваме проектот, но начинот е погрешен. Апсолутно сме сигурни, ова не е прв пат вакво нешто да...
Post Views: 8
Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан ќе организира в сабота на плоштадот „Македонија“, движењето за социјална правда Ленка.
Причина за собирот, како што наведуваат од движењето, се осумте години кои месецов се навршуваат од започнувањето на војната во Авганистан.
Премиерот и Претседателот на Македонија го поддржаа Светскиот марш на мирот во чија Декларација се бара „откажување на владите од користење на војната како средство за решавање на конфликти“ и „неодложно повлекување на освојувачките трупи од окупираните територии“, потсетуваат од...
Post Views: 6
Настанот се случил утрово во 4 часот и 50 минути на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Според првичните наоди на истрагата, во поштенскиот камион имало меѓународна пратка на производи, кои требало да се достават до Охрид.
Утрово поштенските пратки за Охрид не стигнаа. Изгоре Камионот на „Македонски пошти“, додека се движел од Гостивар кон Кичево. Повредени нема. Државен истражен судија , заменик јавен обвинител и екипа СВР Гостивар, извршиле увид на местото на настанот. „Во моментров се работи на целосно расветлување на поединостите поврзани со случајот“, вели портпаролот...
Post Views: 6
Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“ согласно правосилно решение издадено од страна на Министерството за транспорт и врски бр.28 УП-208/2020 Е од 10.11.2020г.
Со реконструкцијата на улицата ќе биде отстранет стариот дрворед од липи и костени. За таа цел согласно член 34 од Законот за урбано зеленило од страна на Градоначалникот донесено е решение УП бр. 21-824 од 22.11.2021г. за отстранување на 49 липи и 13 костени кои се дрва со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и...
Post Views: 4
Семинар за влијанието на терминологијата што произлегува од процесот на преведување на правото на Европската Унија врз македонскиот јазик ќе се одржи денеска и утре во Скопје.
Семинарот насловен „Евроинтеграциите и македонскиот литературен јазик“ со воведно обраќање ќе го отвори вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.
Целта на семинарот е запознавање и обучување на целните групи со начините и правилата за утврдување на терминологија по стандардите и во духот на македонскиот јазик.
Исто така ќе стане збор и за подобрување на нивото на квалитет на...