Ознака: македонската

den na VMRO

Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 5   Охрид го слави Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, Општинската организација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, делегација на Општина Охрид како и претставници на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред бистите на македонските револуционери во градскиот парк. Во рамките на одбележувањето на денот кога точно пред 120 години во Солун беше основана Внатрешно Македонската Револуционерна Организација , општина Охрид организира и велосипедска трка која се одвиваше низ улиците на централното градско подрачје. Стартот го...

Continue reading

proslava

Денот на македонската револуционерна борба, Општина Охрид свечено го одбележа

Post Views: 0   Возвишено, гордо, достоинствено и исправено одбележуваме 120 години од судбинскиот момент кога беше одредена историјата на македонскиот народ, рече градоначалникот Никола Бакрачески во денешното обраќање по повод денот на македонската револуционерна борба. Тој се наврати назад во 1892год. Кога во Солун шестмина мажи, револуционери и пред се македонци ја поставиле структурата на организацијата и ги втемелиле идеите за создавање сопствена македонска држава. Иако низ годините се менуваа називите, две придавки секогаш беа стожерот на името на оваа организација. Тоа се...

Continue reading

deca

Охрид започна со чествувањето на големиот национален празник, 11ти Октомври

Post Views: 2 Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија. Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет. Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот....

Continue reading

specijaliteti

ФТУ промовира здрав начин на исхрана

Post Views: 8 Универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија, ги вкусија специјалитетите подготвени од кујната на факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Македонската национална кујна, без конкуренција со право може да се каже дека е извор на здравје и доколку се знае како да се подготви и сервира тоа е вистинско уживање за сите гурмани. Професор д-р Васко Цуцулески, истакнува дека конечно на трпезата вo факултетот сервиран е брендот на Македонија. „Точно е она што ние го подготвуваме, изворно од македонската национална кујна, преферираме,...

Continue reading

avstraljanec

Македонската песна е посебно ценета во дијаспората

Post Views: 10 Музиката ми е работа, студирав за кларинет и саксофон  во Сиднеј, настапувам во неколку групи и за се тоа сакам да дознаат моите сонародници од Македонија, раскажува за ТВМ младиот иселеник во Австралија Љупчо Стојчевски. Тој после 7 години доаѓа во Охрид и Битола, да каже како нашите во Австралија ја промовираат македонската култура и музика. „Целта наша е да се промовира македонската култура и музика надвор од македонскиот народ и сакаме Македонија да дознае за тоа. Тука сум до септември а вечерва ќе одам на фестивалот на песна во амфитеатар во Охрид, сакам да видам...

Continue reading

gruncevski

Државата нема пари за патувањето на математичарите на Светската Олимпијада во Колумбија

Post Views: 3 17 годишниот охридски, средношколец Никола Грунчевски е најмладиот член на македонската репрезентација на математичари. Грунчевски за една недела со репрезентацијата  треба да отпатува на светската Олимпијада во Колумбија, Латинска Америка. Трошоците за патувањето и визата се во висина од околу 2000 евра и треба да ги покрие неговото семејство.  Грунчевски  штотуку се врати од натпреварот на Балканската Олимпијада во Кипар и тоа со бронзена медалја каде што се натпреваруваше под боите на македонското знаме, но без финасиска поддршка од државата. Никола и неговото семејство...

Continue reading

alternativen turizam

Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец тргнуваат кон алтернативен туризам

Post Views: 15 Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец. На работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам,...

Continue reading

ucenici Grigor Prlicev

Основците од „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон

Post Views: 14 Младите ученици од основното училиште „Григор Прличев“ на достоен начин го одбележаа патронот на нивното училиште. Свечената приредба беше навистина свечена, а за тоа да биде така, се погрижија токму учениците од ова училиште и нивните ментори.   Центарот за култура кој исто така го носи името на охридскиот ловороносец, беше местото на кое се собраа родители, наставници, ученици за да му оддадат почит на големиот поет. „Колку и да зборуваме за делото и животниот пат изминат од нашиот патрон, никогаш нема да бидат доволни зборовите, туку треба само да ги продолжуваме...

Continue reading

дневникот

Актерката Билјана Танески за прв пат во улога на маж

Post Views: 1 Монодрамата „ Дневникот на лудиот“ е вечерашната премиера пред охридската публика во изведба на македонската актерка Билјана Танески. На театарските штици  кои живот значат актерката се враќа по подолга пауза во улога на лудиот. За  прв пат во македонската историја на театарот една жена ќе одигра машка улога.  За ликот на лудиот кој го толкува во вечерашната престава Танески вели не ме возбудува тоа што играм маж туку тоа што решив да го прествам Гогољ како нормална душа која дише и прави обични работи.„ Интересно e во сето тоа  што јас жена решив да се преставам во...

Continue reading

radiodifuzna taksa

Добивте 3-4 решенија за радиодифузна такса? Без паника, грешка е!

Post Views: 1 Деновиве охриѓани, но и сите граѓани во републикава, како гром од ведро небо ги погоди еден  несекојдневен проблем. Спротивно на законот за радиодифузна дејност, на нивните адреси наместо една сметка по домаќинство, ги дочекаа две, три или повеќе сметки за радиодифузна такса, буквално за сите членови во семејството. Едно охридско семејство со кое разговаравме ни кажа дека дури подготвуваат и претставка до Уставниот суд на Македонија. За среќа и на охриѓани, и на сите граѓани на државава, по увидената состојба, со соопштение се произнесе и корисникот на средствата од...

Continue reading

banka za podrshka i razvoj

Финансиска инјекција за малите и средни претпријатија

Post Views: 7 Македонската банка за подршка и развој  како лек за рецесијата,  нуди поволни кредитни линии. Овој пат пациенти се малите и средни претпријатија од областа на земјоделието. Од Стопанската комора пак посредуваат во објаснувањето на условите за користење на овие кредитни линии како и потребната документација за истите. Тие сметаат дека кредитните линии се поволни и дека треба максимално да бидат искористени, посебно во услови на рецесија од која сите се зафатени. „Па нормално кај малите и средни претпријатија е поизразен тој притисок од рецесијата што еве ја зафати и нашата...

Continue reading

Grozdanov

Цветан Грозданов-Цел живот посветен на наука и истражување

Post Views: 1 Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин. Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top