Актерката Билјана Танески за прв пат во улога на маж

Монодрамата „Дневникот на лудиот“ е вечерашната премиера пред охридската публика во изведба на македонската актерка Билјана Танески.

 |  Валентина Неловска  | 
дневникот
дневникот

Монодрамата „ Дневникот на лудиот“ е вечерашната премиера пред охридската публика во изведба на македонската актерка Билјана Танески. На театарските штици  кои живот значат актерката се враќа по подолга пауза во улога на лудиот. За  прв пат во македонската историја на театарот една жена ќе одигра машка улога.  За ликот на лудиот кој го толкува во вечерашната престава Танески вели не ме возбудува тоа што играм маж туку тоа што решив да го прествам Гогољ како нормална душа која дише и прави обични работи.
таневски
„ Интересно e во сето тоа  што јас жена решив да се преставам во машка улога, но и во еден човечки процес и опасност, како човек може да дојде до граница на полудување кога е свесен дека вреди, постои, сака и дава, а од друга страна му доаѓаат само шлаканици“, објаснува актерката Танески.

Режисер, композиотр и сценограф  на монодрамата е Небојша Тодоровски. Желба на актерката Танески и режисерот Тодоровски била со овој театарски проект да почнат од Охрид, градот на културата. Охридската публика е интересна по тоа што ги препознава вистинските уметнички вредности на актерите и музичарите и не дава лесно аплауз, велат уметниците. Во текот на 2 и пол месеци колку што ја подготвувавме преставата вложивме огромен труд и работа. Николај Васиљевич Гогољ ми стана опсесија, вели Тодоровски. неговиот текст е актуелен во последните 150 години.
Животот на еден чиновник од тоа време и од денешницата не се разликува, нагласува режисерот на преставата.
„За сите гледачи вечерва  може да најавиме дека ќе биде интересна затоа што самиот човек може да се пронајде во текстот, во актуелната игра, музиката, сонот и секојдневието кое го живееме денес“.  

Актерката Билјана Танески по завршувањето на вечерашната престава најави и интерактивна комуникација со публиката. Преставата пред охридската публика ќе биде изведена и утревечер. Режисерот Тодоровски најави гостувања со монодрамата „Дневникот на лудиот“ и пред публиката во Куманово, Скопје и Битола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top